Почитувани сограѓани, Јас сум Далибор Трајковски, командир на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане. Го прифатив предизвикот да се кандидирам за градоначалник на нашата општина бидејќи како жител на Старо Нагоричане, родител и пожарникар, ги познавам предизвиците со кои се соочуваме и затоа што верувам дека нашата општина има огромен потенцијал што треба да го искористиме. Сакам да изградиме локална самоуправа што ќе биде блиска до луѓето, транспарентна и секогаш подготвена да одговори на потребите на граѓаните.

Моите приоритети се: да ја подобрам локалната инфраструктура; да ја модернизирам патната мрежа; да ги унапредам условите за младите и да отворам нови работни места; да ги развијам спортот, културата и образованието; да ја заштитам животната средина; да ја промовирам нашата богата културна традиција; да се грижам за постарите лица и ранливите категории.

Верувам дека со заеднички сили можеме да изградиме посилна и поубава општина за сите нас. Како човек од народот, секогаш сум бил со граѓаните во најтешките моменти и во секојдневните предизвици. Ветувам дека истата посветеност и енергија ќе ја вложам како градоначалник. Ве повикувам да ми ја дадете вашата доверба, вашата поддршка и вашиот глас и заедно да изградиме посилно, побезбедно и поубаво Старо Нагоричане.

Со почит и благодарност,

Далибор Трајковски

СОВЕТНИЧКА ЛИСТА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ОПШТИНА СТАРО НАГОРИЧАНЕ

  • 1. Иван Марковиќ
  • 2. Сашка Крстевска Павловска
  • 3. Никола Новевски
  • 4. Верица Милошевска
  • 5. Драган Симоновиќ
  • 6. Христина Стефановска
  • 7. Јована Трајковска
  • 8. Саша Атанасовски
  • 9. Мери Димитриевска

Почитувани граѓани на Општина Старо Нагоричане, ние, кандидатите за советници од редовите на СДСМ, излегуваме пред вас со јасна визија, модерна, развиена и праведна општина. Заедно со нашиот кандидат за градоначалник Далибор Трајковски, ќе бидеме вашиот сигурен глас во Советот и ќе работиме за интересите на сите, без разлика на партиска или етничка припадност. Со заеднички сили, со чесност и посветеност, ќе ја направиме општината место на кое сите ќе бидеме горди. Глас за СДСМ е глас за иднината на Старо Нагоричане.

ШТО НАПРАВИВМЕ НИЕ:

Во периодот од 2017 до 2025 година е:

  • Набавено патничко моторно возило за потребите на општинската администрација
  • Целосно финансиско раздолжување и опремување со механизација на ЈКП - КОЗЈАК
  • Се донесе Одлука за зголемување на износ за секое новороденче во Општина Старо Нагоричане на 30.000,00 денари, како и редовно ослободување од плаќање надоместок за потрошена вода во рок од 2 години за секое семејство во општината во кое има новороденче
  • Редовна исплата на социјална помош
  • Исплата на еднократен паричен надоместок на секој студент во Општина Старо Нагоричане
  • Асфалтирање на 22 км улици во општината
  • Помош на лица со посебни потреби и одбележување на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби на 3 декември
  • Помош за секој ученик запишан во прво одделение во учебна 2024/2025 година во висина од 3.000,00 денари
  • Со средства од буџетот на Општина Старо Нагоричане е дадена
  • Финансиска поддршка за активностите на фудбалскиот клуб „Козјак“ Старо Нагоричане, со цел привлекување повеќе млади лица
  • Финансиска поддршка за организирање на манифестацијата ,,Бајловски средби” во соработка со Здружението „Козјачија во срцето“ во с. Бајловце
  • Со средства од буџетот на Општина Старо Нагоричане е финансиран јавниот линиски превоз на линијата Кумново ‒ Дејлов Преслап во висина од 50.000,00 денари на месечно ниво

А ШТО (НЕ) НАПРАВИЈА ТИЕ?!

Во периодот од 2009 до 2017 година локалната власт покрај многубројните ветувања во нивните изборни програми, можеме да заклучиме дека не направија речиси ништо. Ова тврдење се темели врз основа на преголемата задолженост на локалната самоуправа, т.е општината, која изнесуваше неколку стотици илјади евра задолжување на ЈКП „Козјак“, исто така од неколку стотици илјади евра каде што вработените со месеци не земаа плата и немаа здравствено осигурување. Функционалноста на локалната админстрација беше на многу ниско ниво, проектите што ги ветуваа дека ќе го променат изгледот на општината, за жал, останаа само на хартија.


Огромни сметки пристигнуваа за репрезентација со над 30.000,00 евра од еден мандат. Недомаќинското работење од страна на нашите опоненти доведе до тоа да не се реализира ниту еден капитален проект. Сè што ветуваа во програмите ‒ не беше остварено. Во изминатите неколку години се покажа и докажа дека додека локалната власт е со граѓаните и го слуша нивниот глас, го спроведува тоа со дела.

МОЈАТА ВИЗИЈА

Зошто се кандидирате? Што е мотивот?

Се кандидирам за градоначалник затоа што верувам дека нашата општина има потенцијал и можности за поголем развој со нова енергија, визија и подобар живот за сите граѓани. Мојот мотив е да изградиме општина во која секој жител ќе има подобри услови за живот.

Колку е важно да се има визија за општината, за нејзино подобро функционирање и за нејзин развој. Дали во тој контекст е потребно да се има и визија за општеството во целина?

Секако, мојата визија за општината е да изградиме средина што ќе функционира ефикасно, и секогаш во служба на граѓаните. Со јасна локална визија преку конкретни проекти во инфраструктурата, образованието, спортот и негувањето на традицијата и културното богатство со кое располагаме.

-Што е тоа што сметате дека мора да се направи во следниот мандат и натаму? Нешто што ќе направи промена. Дали е доволно да се понудат само инфраструктурни проекти?

Секако, подобра инфраструктура за подобар живот преку ‒ асфалтирање и одржување на локалните патишта, решавање и подобрување на водоснабдувањето во селата, улично осветлување и уредени и модернизирани јавни простори, развивање локален туризам и подобри услови во сите училишта за учениците.

Колку се важни младите во нашата општина?

Младите се иднината не само во нашата општина туку и на нашата држава. Ако им дадеме квалитетни услови за образование, работа и развој, тие ќе останат и тука ќе ја градат својата иднина. Тие се носители на нова енергија, креативност и иновации кои можат да ја променат заедницата.

Како гледате на општата безбедност на граѓаните? Кои се проблемите и како може да се решаваат?

Безбедноста на граѓаните е заедничка обврска на општината, институциите(соработка со локалната полиција) и локалните жители. Со подобрување на осветлувањето, побезбедни патишта, уредување јавни простори и превенција преку месните заедници, општината ќе биде место каде што луѓето ќе се чувствуваат сигурно и безбедно.

Дали доброто планирање на просторот и мобилноста се клуч за забрзан развој, но и за поквалитетно живеење? Што сметате дека е неопходно да се преземе во следниот период?

Доброто планирање на просторот и мобилноста е клуч за развој и поквалитетно живеење. Во следниот период е неопходно да изградиме јасен план, подобра инфраструктура и безбедна мобилност за сите граѓани во општината.

Особено во зимските месеци македонските градови се меѓу најзагадените во светот. Во многу места имаме проблем со диви депонии, а граѓаните имаат сериозни забелешки за јавната чистота дури и во најурбаните места. Осудени ли сме сите ние да живееме во ѓубре и отровен воздух?

Секако, не сме. Со одговорна општинска власт и редовно собирање на отпадот, можеме да изградиме здрава и чиста средина за нас и нашите деца.

Довербата на граѓаните во системот е на многу ниско ниво, а општата перцепција на јавноста е дека корупцијата цвета во нашата држава. Дали може да ја повратиме таа доверба? Дали подобрувањето на општинските услуги, зголемувањето на транспарентноста и отвореноста на општината кон граѓаните може да даде нова надеж?

Да секако, ако општината биде транспарентна, отворена и ефикасна, граѓаните ќе почувствуваат дека институциите конечно работат во служба на нив.

Иселувањето е еден од најголемите проблеми, а следствено и наталитетот е во драстично опаѓање. Имаме ли иднина без луѓе? Како да ги задржиме луѓето во своите места да продолжат да живеат со перспектива за себе и за своите деца?

Проблемот со иселувањето е еден од најтешките со кој се соочуваме со годините наназад, каде младите својата иднина ја бараат надвор од државата. За да ги задржиме мора да создадеме услови за достоинствен живот како што се: работа и подобрување на животниот стандард, инфраструктура, образование и перспектива за младите семејства.

Зошто граѓаните да гласаат за вас? Што е тоа по што сте различни од другите за да ви ја дадат токму вам довербата?

Граѓаните треба да гласаат за мене затоа што нудам чесно, одговорно и транспарентно управување, а не празни ветувања. Јас ја познавам реалноста во нашата општина, секојденвно сум меѓу луѓето, како приватно, така и професионално и знам со какви проблеми се соочуваат. Тука приоритет ќе биде интересот на граѓаните. Мојата врата секогаш ќе биде отворена за граѓаните, ќе ги слушам идеите и критиките и ќе носиме заеднички одлуки што ќе бидат од интерес за сите во нашата општина.

Заедно да ги менуваме состојбите!

Верувам дека нашата општина има огромен потенцијал и многубројни можности за развој. Но за да го постигнеме тоа, потребна е нова енергија, современа визија и искрена посветеност за подобар живот за сите граѓани. Време е да изградиме општина во која секој жител ќе има квалитетни услови за живот, работа и образование. Време е да создадеме заедница на која ќе бидеме горди – место со развиена инфраструктура, одговорна и транспарентна власт, вистинска грижа за луѓето и средина каде младите ќе ја гледаат својата иднина. Нашата визија се темели врз јасни и остварливи цели што ќе се реализираат преку конкретни проекти во инфраструктурата, образованието, спортот, културата и зачувувањето на богатата традиција на општината. Инфраструктурата е основата за подобар живот и исто така двигател на развојот. Затоа ќе вложуваме во асфалтирање и редовно одржување на локалните патишта, ќе ги решаваме проблемите со водоснабдувањето во селата, ќе поставиме современо и економично улично осветлување и ќе создадеме уредени јавни простори што ќе им служат на сите граѓани. Образованието и младите се нашиот најголем капитал и иднина. Доколку обезбедиме квалитетни услови за учење, работа и личен развој, младите ќе останат овде и ќе го градат својот живот. Затоа ќе се подобрат условите во училиштата и наставната опрема, ќе се поддржат младите претприемачи и иновативните идеи, ќе се развиваат културни и спортски програми што поттикнуваат креативност и здрав живот, а општината ќе биде отворена и достапна преку дигитални услуги и редовни средби со младите.

Безбедноста и мобилноста се предуслов за мирен и достоинствен живот. Со нови сообраќајни решенија и соодветна сигнализација ќе го подобриме сообраќајот, ќе ја зголемиме превенцијата и едукацијата за учесниците во сообраќајот и ќе овозможиме урбанистичко планирање што гарантира сигурно движење на сите, без разлика дали се пешаци, велосипедисти или возачи. Животната средина е наследство што мора да го зачуваме за идните генерации. Ќе се обезбеди редовно собирање на отпадот и уредување на јавните површини, ќе се засадуваат нови дрвореди и ќе се создаваат зелени површини, ќе се спроведуваат кампањи за еколошка едукација и ќе се поттикнува користењето на обновливи извори на енергија. Нашата цел е здрава и чиста животна средина што ќе обезбеди квалитетен живот за сите жители. Социјалната сигурност е темел на секоја заедница. Најголемиот предизвик со кој се соочуваме е иселувањето, бидејќи младите се принудени да ја бараат својата иднина надвор од општината или државата. Тоа мора да се промени. Затоа ќе создадеме услови за достоинствен живот преку нови можности за работа, економски развој и подобрување на животниот стандард. Ќе вложуваме во инфраструктура, образование и здравство, ќе поддржуваме млади семејства и ќе ја поттикнуваме локалната економија за да изградиме општина во која луѓето ќе останат и ќе ја градат својата иднина.

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

Канализациска мрежа во с. Младо Нагоричане

Опис на проектот

Изградбата на канализациска мрежа во с. Младо Нагоричане претставува капитален проект со кој директно ќе се подобри квалитетот на живот на жителите и ќе се заштити животната средина. Целта е трајно решавање на проблемот со отпадните води во селото, со што ќе се создадат современи услови за живеење, здрава средина и почиста подземна и површинска вода. Клучни елементи за проектот се:

- Изградба на примарна и секундарна канализациска мрежа што ќе ги опфати домаќинствата и јавните објекти во селото

- Поставување на потребната инфраструктура за приклучок на секое домаќинство

- Поврзување на системот со соодветен колектор и пречистителна станица за отпадни води

- Обезбедување долгорочно и одржливо решение за управување со отпадни води. Овој проект е стратегиски значаен за селото, бидејќи решава децениски проблем, носи директна корист за сите жители и создава услови за модерна, чиста и здрава општина

Влијание на проектот:

Со изградбата на канализациската мрежа ќе се подобри јавното здравје, ќе се заштити животната средина и ќе се создадат услови за достоинствен живот.

Целна група: Проектот е наменет за жителите на Младо Нагоричане.

Рок на реализација: 2029 година

Буџет

1.200 000 евра

Канализациска мрежа во с. Старо Нагоричане

Опис на проектот

Изградбата на канализациска мрежа во с. Старо Нагоричане е капитален и стратегиски проект со кој трајно ќе се реши едно од најтешките прашања на жителите ‒ управување со отпадните води. Во оваа населено место речиси сите домаќинствата користат септички јами, што претставува, пред сѐ, здравствен ризик и ја загадува животната средина. Со реализација на овој проект ќе се обезбеди трајно решение што ќе значи повисок квалитет на живот и заштита на животната средина. Главни цели на проектот се:

- Изградба на примарна канализациска линија со доволен капацитет за покривање на повеќето домаќинства

- Изградба на секундарна мрежа што ќе овозможи приклучок за секое домаќинство, институција и јавен објект

- Поставување на потребната инфраструктура за одведување на отпадните води со колектор или пречистителна станица

- Обезбедување долгорочно и одржливо решение за управување со отпадните води

Влијание на проектот:

Целна група: Проектот е наменет за жителите на Старо Нагоричане.

Рок на реализација: 2029 година

Буџет

1 100 000 евра

Изградба на современ противпожарен дом во Старо Нагоричане

Опис на проектот

Изградбата на противпожарен дом претставува значаен инфраструктурен проект што има цел да ја зголеми безбедноста на жителите и да овозможи побрза и поефикасна заштита од пожари и други елементарни непогоди. Со овој проект ќе изградиме функционален и современ противпожарен дом со административен дел, опремување со неопходна техничка инфраструктура за ефикасно одржување на опрема, гаражи за противпожарни возила, магацин за опрема и простории за дежурства и работа. Ќе се набават нови противпожарни возила за потребите на единицата, што значи брзо дејствување и многу побрз пристап на почетен пожар, како и нејзино доопремување со нови противпожарни униформи. Изградбата на современ противпожарен дом е инвестиција за безбедноста на граѓаните, подобра подготвеност на службите за побрза интервенција при пожари, како и за заштита на имотот, зачувување на животната средина и природните ресурси.

Влијание на проектот:

Со изградбата на современ противпожарен дом ќе се зголеми безбедноста на сите жители на општината, ќе се заштитат домовите, земјоделските површини и природните ресурси.

Целна група: Сите жители на Општина Старо Нагоричане и пожарникари

Рок на реализација: 2029 година

Буџет

400 000 евра.

ПРОЕКТИ

Изградба на асфалтен пат с. Драгоманце ‒ с. Добрача

Опис на проектот

Проектот предвидува изградба на нов асфалтен пат што ќе го поврзе с. Драгоманце и с. Добрача во должина од 2 200 м. Со изградба на патот ќе се обезбеди подобра и побезбедна сообраќајна врска, ќе се зголеми безбедноста и ќе се олесни пристапот до образование, здравство и јавни услуги. Проектот ќе го намали времето за патување, а во иднина со дополнителен проект ќе се поврзе со патот што води до с. Бајловце.

Влијание на проектот:

Поврзување на две села што се од огромно значење за локалното население, намалување на времето за патување и трошоците за транспорт.

Целна група: Жители на село Драгоманце и Добрача

Рок на реализација: Септември 2026 година

Буџет

20 000 000 денари

Изградба на асфалтен пат во маала Аџинци во с. Младо Нагоричане

Опис на проектот

Проектот предвидува изградба на пат во маалото Аџинци во с. Младо Нагоричане во должина од 650 метри, кој се поврзува од локалниот пат Смилчинци ‒ Слатино до маала Аџинци. Новиот пат ќе овозможи побезбеден и полесен пристап до домаќинствата, јавните услуги и околните населени места, како и олеснет транспорт на сите видови дејност.

Влијание на проектот:

Подобар пристап до магистралниот пат Куманово ‒ Крива Паланка и намалување на трошоците и времето за патување.

Целна група: Жители на маала Аџинци и на село Младо Нагоричане

Рок на реализација: Септември 2026 година

Буџет

5 700 000 денари

Доизградба на втор дел на асфалтниот пат во с. Стрновац до црквата „Св. Никола“ во селото

Опис на проектот

Проектот предвидува финализирање на вториот дел од асфалтниот пат што ќе ги поврзе двете маала во селото Долен Стрновец до маала Горен Стрновац, кој води до црквата „Св. Никола“ во село Стрновац. Со оваа инвестиција ќе се обезбеди целосна и безбедна сообраќајна линија до верскиот објект, кој е од големо духовно и културно значење за жителите и посетителите.

Влијание на проектот:

Поврзување на пат меѓу две маала со подобрување на инфраструктурата и полесен пристап на верниците и посетителите до црквата „Св. Никола“.

Целна група: Жители на село Стрновац, верници и туристи

Рок на реализација: Декември 2026 година

Буџет

5 000 000 денари

Изградба на асфалтен пат во с. Младо Нагоричане (Од Ветеринарна станица под мост до ООУ „Христијан К

Опис на проектот

Со овој проект се предвидува изградба на асфалтен пат што ќе го поврзе делот од Ветеринарна станица под мостот до ООУ „Христијан Карпош“ во с. Младо Нагоричане. Со оваа инфраструктурна инвестиција ќе се обезбеди побезбеден и полесен пристап до училиштето и изградбата на патот ќе биде од исклучително значење, со што повеќе нема да се преминува преку магистралниот пат Куманово ‒ Крива Паланка.

Влијание на проектот:

Зголемена безбедност на децата, учениците и сите жителите од околните маали што гравитираат до центарот на селото до Маала Ѓорговци и с. Младо Нагоричане.

Целна група: Сите жители на с. Младо Нагоричане и пошироко

Рок на реализација: Септември 2026 година

Буџет

6 500 000 денари

МЕСНИ ПРОЕКТИ