Почитувани сограѓани, жители на Општина Чешиново-Облешево,

Јас, Горанчо Крстев, како личност што си ја сака својата општина, се кандидирам за градоначалник на Општина Чешиново-Облешево и верувам дека нашата општината има огромен потенцијал што чека да биде реализиран, а природните ресурси со кои располага општината, кои одамна се заборавени и незаштитени, конечно да добијат третман каков што заслужуваат и граѓаните да уживаат рамноправност во секоја област од општеството . Пред вас се наоѓа мојата изборна програма во која еден дел од проектите се мојата визија за поубава Општина Чешиново-Облешево, но поголем дел од мојата програма е одраз на реалните проблеми со кои се соочуваме сите ние во нашата општина. Нудиме програма со реални проекти кон чија реализација се стремиме со цел Општина Чешиново-Облешево да биде подобро место за живеење, општина без корупција, економски моќна, уредена и чиста, општина со која сите ние ќе се гордееме.

Како иден градоначалник на општината, посветено ќе работам на целосно решавање на клучните проблеми во општината, со цел да имаме економски силна општина во која нашите деца ќе имаат услови за квалитетно воспитување и образование, да имаме соодветна здравствена и социјална заштита за сите, да бидеме препознатливи по културните и спортските достигнувања, да бидеме општина во која ќе има место за секој, без никакви поделби. Заедно ќе градиме транспарентна и одговорна локална самоуправа, која ќе работи за луѓето, а не за нечии интереси. Во таа насока, ќе вложуваме во инфраструктура, образование, култура и екологија, со почит кон секој граѓанин и со визија за одржлива иднина.

Со почит и благодарност,

Горанчо Крстев

СОВЕТНИЧКА ЛИСТА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО - ОБЛЕШЕВО

  • 1. Виктор Нестов
  • 2. Даниел Гоцев
  • 3. Христина Горгиева
  • 4. Александар Герасимов
  • 5. Александра Спасова
  • 6. Игор Нисов
  • 7. Коце Николов
  • 8. Наталија Иванова
  • 9. Борче Анастасов
  • 10. Лепа Ефремова
  • 11. Билјана Јованова

Почитувани наши сограѓани, наши соседи, Ние сме кандидати за советници во Советот на Општина Чешиново-Облешево и како ваши сограѓани и соседи, добро ги познаваме потребите, но и проблемите коишто се клучни во секое едно населено место во општината. Веруваме дека нашата општина треба да биде пристојно место за живеење за сите. Ние не ветуваме чуда, ветуваме работа, чесност и транспарентност. Заедно со вас и со ваша поддршка ќе го кренеме гласот на граѓаните во Советот на Општината, ќе се залагаме за одлуки што ги штитат интересите на сите граѓани. Преку конструктивни предлози и иницијативи ќе дадеме свој придонес за поефикасно и функционално работење на општинските институции. Ќе бидеме ваш мост до локалната власт, ќе ги пренесуваме вашите идеи, предлози и барања и ќе се бориме да бидат слушнати, прифатени и преточени во конкретни дела. Вие, граѓаните, сте највредниот ресурс на секоја општина. Заедно можеме да изградиме подобра општина за сите.

ШТО НАПРАВИВМЕ НИЕ:

  • Нова градинка во село Спанчево
  • Асфалтирани улици во сите населени места
  • Поставување ЛЕД-улично осветлување во цела општина
  • Изградба на фекална канализација во село Бања
  • Изградба на крак од фекална канализација во село Спанчево
  • Изградба на крак од фекална канализација во село Соколарци
  • Обезбедени средства за комплет фекална канализација за село Уларци
  • Реновирано училиштето во село Кучишино и сменет покрив на училиштето во село Соколарци
  • Доградба на училница и комплет оградување на училишниот двор во село Спанчево
  • Изградба на парк во село Соколарци и реновирање на паркот во село Чешиново

А ШТО (НЕ) НАПРАВИЈА ТИЕ?!

  • Реконструкција на патот Соколарци ‒ Чешиново и патот Спанчево ‒ Чешиново
  • Реконструкција на бањата во с. Баер
  • Градење нови спортски центар за различни спортови во Чифлик, Спанчево Теранци, Бање, Уларци, Кучичиново и Бурилчево
  • Реконструкција на спортската сала во Чешиново
  • Финализирање на канализацијата во Спанчево
  • Изградба на пречистителни станици во Бање и Соколарци
  • Изградба на Боров мост, м.в. Орман на Кочанска Река кај село Облешево, оштетен за време на поплавите
  • Реконструкција на мостот на влезот кај Теранци
  • Изградба на патна инфраструктура во Спанчево
  • Изградба на патна инфраструктура во Соколарци

МОЈАТА ВИЗИЈА

Зошто се кандидирате? Што е мотивот?

Мојата визија е Општина Чешиново-Облешево да биде посакувано место за живеење, општина на задоволни граѓани, општина без корупција, уредена и чиста. Мотивот е да градиме општина со целосно подобрување на инфраструктурата, социјална сигурност на граѓаните, поддршка на младите, развој на туризмот и грижа за секое населено место. Се кандидирам за градоначалник на Општина Чешиново-Облешево затоа што верувам дека можам да внесам нова енергија и вистинска грижа за секој граѓанин, каде што секој еден од вас ќе ја почувствува својата важност како жител на општината. Како градоначалник ќе се залагам за општина што ќе работи транспарентно и отчетно, ќе се грижи за поддршка на локални претприемачи, земјоделци, млади иноватори и за поголема застапеност на руралната жена во секој сегмент од општеството. За вас, пред сѐ, ќе бидам достапен како човек и пријател на кого ќе можете да се потпрете и да ја искажете која било емоција што ќе ве обземе. Да ја движиме заеднички општината напред, по патеката што ќе ја градиме.

Колку е важно да се има визија за општината, за нејзино подобро функционирање и за нејзин развој? Дали во тој контекст е потребно да се има и визија за општеството во целина?

Како кандидат за градоначалник, длабоко верувам дека визијата е темелот на секој вистински развој. Без јасна, остварлива и долгорочна визија, секое управување се сведува на реакција на проблемите наместо на нивно предвидување и решавање во коренот. За општината, визијата претставува насока – патоказ кон иднината што сакаме да ја изградиме заедно. Таа вклучува подобрување на јавните услуги, одржливо управување со ресурсите, развој на локалната економија, квалитетна инфраструктура, чиста животна средина, и над сè – подигнување на квалитетот на животот на сите граѓани. Нашата визија произлегува од потребите на обичниот човек – земјоделецот, работникот, младите што сакаат да останат во селата, старите што заслужуваат достоинствен живот. Веруваме во општина каде што секој има еднакви шанси, каде што трудот е вреднуван, а ресурсите се праведно распределени.

Што е тоа што сметате дека мора да се направи во следниот мандат и натаму? Нешто што ќе направи промена. Дали е доволно да се понудат само инфраструктурни проекти?

За да може една општина да функционира и да се развива успешно, неопходно е сите заеднички да придонесеме кон подобро општество. Успешна приказна се гради преку стабилно општество, а стабилно општество создава услови за напредок на секоја општина. Нашата општина ќе биде модерна, зелена и отворена за граѓаните, место во кое младите ќе сакаат да останат да живеат достоинствен живот, економијата ќе расте, а културата и традицијата ќе се негуваат со гордост.

Колку се важни младите за нашата општина?

Младите се најважниот ресурс што го имаме – не само за иднината, туку и за сегашноста на нашата општина. Без млади луѓе, селата умираат. Без млади, нема кој да продолжи со земјоделството, нема кој да ги одржува локалните бизниси, нема кој да го носи напредокот. Во општина каде што младите заминуваат, нема иднина. Но ако вложиме во нив, ако им дадеме шанса, доверба и поддршка – тие ќе ја изградат општината подобра од што можеме да замислиме.

Дали доброто планирање на просторот и мобилноста се клуч за забрзан развој, но и за поквалитетно живеење? Што сметате дека е неопходно да се преземе во следниот период?

Доброто планирање на просторот и мобилноста се клучни фактори за брз развој. Кога просторот се планира паметно и функционално, се создаваат услови за балансиран економски, социјален и еколошки развој. Планирањето и добро планирана мобилност не се само технички решенија, туку и социјални и економски алатки што директно влијаат врз тоа колку едно општество е развиено и колку неговите граѓани живеат квалитетно, односно кога постои добро планирана мобилност секој граѓанин без разлика на приход или локација има пристап до основните услуги и можности за развој.

Особено во зимските месеци македонските градови се меѓу најзагадените во светот. Во многу места имаме проблем со диви депонии, а граѓаните имаат сериозни забелешки за јавната чистота дури и во најурбаните места. Осудени ли сме сите ние да живееме во ѓубре и отровен воздух?

Во поглед на загадувањето, потребно е преземање конкретни мерки преку инспекциска контрола и санкционирање на загадувачите Изработка на патна инфраструктура за велосипеди, тротинети и електрични возила на две тркала. Одржување неделни предавања на одредени теми во училиштата и градинките во кои граѓанскиот сектор или јавна институција ќе обработува една проблематика што ќе биде презентирана во секое училиште и градинка одделно, а дополнително и ќе се работи на развивање ЗЕЛЕНА УМЕТНОСТ (користење рециклирани материјали за уметнички дела) Воспоставување зелени патроли со цел за константно и континуирано одржување чисти зони.

Довербата на граѓаните во системот е на многу ниско ниво, а општата перцепција на јавноста е дека корупцијата цвета во нашата држава. Дали може да ја повратиме таа доверба? Дали подобрувањето на општинските услуги, зголемувањето на транспарентноста и отвореноста на општината кон граѓаните може да даде нова надеж?

Враќањето на довербата на граѓаните во системот е долг и континуиран процес што бара конкретни промени, а не само ветувања. Довербата се враќа со дела, а не со зборови. Со воведување независни механизми за контрола на работењето на органите на локалната самоуправа и отчетност на избраните функционери, односно секој функционер ќе одговара за своите одлуки и конечно би се почитувал најсилниот фактор за враќање на довербата - рамноправноста пред законот. Нефункционирање на системот се состои најмногу од селективната правда, селективно спроведување и почитување на законите и постоењето на нееднаков третман на сите фактори во општеството. Селективноста најчесто е според политичката припадност, потоа националната припадност, носителите на функции во општеството се третираат во надредена положба во однос на обичните граѓани. Кога граѓаните добиваат соодветна и навремена услуга, имаат доверба во институциите.

Иселувањето е еден од најголемите проблеми, а следствено и наталитетот е во драстично опаѓање. Имаме ли иднина без луѓе? Како да ги задржиме луѓето во своите места да продолжат да живеат со перспектива за себе и за своите деца?

Несигурноста на младите за својата иднина во државата е главната причина. Тие се сведоци како помалку квалитетни кадри завршуваат на високи функции и сето тоа изгледа демотивирачко за нив. За да го спречиме иселувањето и да ги мотивираме младите да останат во родниот крај, пред сѐ, треба да им се гарантира социјалната сигурност, функционалното здравство, квалитетното образование и интересни содржина за младите. Општината да понуди парцели на продажба за индивидуално и колективно домување наменети за млади брачни парови, со што општината ќе биде препознатлива како посакувано место за живеење.

Зошто граѓаните да гласаат за вас? Што е тоа по што сте различни од другите за да ви ја дадат токму вам довербата?

Ги повикувам граѓаните на Општина Чешиново-Облешево да гласаат за мене како кандидат за градоначалник затоа што јас и мојот тим нудиме јасна визија, а не само ветувања, нудиме конкретни мерки со кои ќе го подобриме секојдневието на секој еден од вас, ќе го вратиме достоинството на институциите, ќе се бориме против корупција и ќе обезбедиме отчетност за секоја одлука и нашата најголема заложба е секој граѓанин да биде со еднакви права пред законот и во секоја институција - БЕЗ ПРИВИЛЕГИРАНИ И НЕДОПИРЛИВИ!

Заедно да ги менуваме состојбите!

  • Млади:

Младите треба да добијат можност за дополнителна едукација преку бесплатни курсеви и дигитална поддршка, како и вклучување во спортски турнири, летни кампови и културни настани. Општината може да поттикне и младинско земјоделство со обуки за современо производство и практики во локални компании.

  • Жени:

Жените во општината може да се зајакнат економски преку работилници за ракотворби, органска храна и традиционални производи со пласман на локални пазари. Нивната улога во заедницата може да се унапреди преку женски форум, а здравствената заштита преку едукативни кампањи и мобилни амбуланти.

  • Пензионери:

Пензионерите можат да се вклучат во клубови за дружење и рекреација, со активности, како што се шах, читање и културни собири. Здравјето ќе се поддржи со бесплатни лекарски прегледи, а нивното искуство може да се искористи за зачувување на локалната традиција и пренос на знаење на помладите.

  • Образование

Во образованието општината може да вложи во подобрување на условите во училиштата и поддршка за дигитална настава. Учениците и возрасните можат да се вклучат во бесплатни курсеви по странски јазици, информатика и современо земјоделство, со цел подигање на знаењето и зголемување на можностите за идно вработување.

  • Спорт

Во спортот е потребно реновирање на игралиштата. Општината може да организира локални турнири, пешачки тури и велосипедски активности што ќе ја поттикнат физичката активност и дружењето меѓу жителите.

  • Животна средина

Животната средина може да се унапреди преку акција „Зелено Чешиново-Облешево“ со садење дрвја и уредување паркови. Важно е воведување селекција на отпад во училиштата и институциите, како и едукација за рециклирање. Земјоделците можат да добијат поддршка за примена на еколошки практики и намалена употреба на пестициди, со што ќе се зачува локалната природа.

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

Изградба на крак од канализација со прочистителна станица во село Соколарци

Опис на проектот

Овој капитален проект претставува клучен чекор кон подобрување на квалитетот на животот и заштитата на животната средина во селото Соколарци. Со изградбата на нов крак од канализацискиот систем и современа прочистителна станица, конечно ќе се реши долгогодишниот проблем со фекалните и отпадните води, кои досега се одведуваа на несоодветен начин или остануваа без третман. Проектот опфаќа изградба на крак од канализација што ќе ги поврзе домаќинствата што досега не беа вклучени во мрежата, поставување модерна, еколошки одржлива прочистителна станица за третман на отпадни води, поврзување на системот со постојната канализациска мрежа, со цел ефикасно управување и одржување и воспоставување контролни мерни точки за следење на квалитетот на отпадните води. Овој проект е дел од нашата визија за одржливо село со достоинствени услови за живот. Тој ја покажува нашата посветеност на решавање на основните, но суштински потреби на жителите – со грижа за човекот и за природата.

Влијание на проектот:

Подобрување на хигиенските услови и јавното здравје во селото. Намалување на ризикот од загадување на почвата и подземните води. Унапредување на еколошките стандарди во согласност со европските практики. Создавање услови за натамошен рурален развој и задржување на населението.

Целна група: Жителите на селото Соколарци

Изградба на систем за техничка вода во село Чешиново, Облешево, Чифлик и Уларци

Опис на проектот

Овој капитален проект претставува суштинска инвестиција во рационално и одржливо управување со водните ресурси во четири села од општината: Чешиново, Облешево, Чифлик и Уларци. Со изградбата на посебен систем за техничка вода, ќе се овозможи раздвојување на техничката од пивката вода, со што ќе се намали притисокот врз водоводната мрежа и ќе се обезбеди постојано и стабилно снабдување за сите граѓани. Во овие села жителите се соочуваат со недостиг на вода за пиење, особено во летните месеци кога расте потрошувачката поради земјоделски активности и одржување на домаќинствата. Поради користење на водата за технички намени – наводнување, перење, чистење – се намалува достапноста на вода за пиење. Затоа, воведувањето паралелен систем за техничка вода е клучен чекор за решавање на овој проблем.

Влијание на проектот:

Зголемена достапност на вода за пиење за сите домаќинства. Подобри услови за земјоделските активности, особено за мали земјоделци. Намалени трошоци за водоснабдување и одржување на мрежата. Придонес кон еколошка одржливост и рационално користење на природните ресурси.

Целна група: Жителите на село Чешиново, Облешево, Чифлик и Уларци

Изградба на повеќенаменско игралиште во село Спанчево

Опис на проектот

Овој капитален проект има цел да обезбеди современ, безбеден и функционален простор за спорт, рекреација и дружење преку изградба на повеќенаменско игралиште во село Спанчево. Со овој зафат, на жителите – особено на децата и младите – ќе им се понуди долго очекуван простор за квалитетно и активно поминување на слободното време. Игралиштето ќе овозможи:

- организирање спортски активности, како што се фудбал, кошарка, одбојка и ракомет;

- одржување на училишни и локални спортски натпревари;

- безбедно место за физичка активност и рекреација за сите возрасни групи;

- создавање социјален и заеднички простор што ќе ја зајакне врската меѓу мештаните.

Влијание на проектот:

Поттикнување здрава и активна животна навика кај младите. Зголемена вклученост на децата во спортот и тимската работа. Зајакнување на заедничкиот дух и социјалната интеракција во селото. Подобрување на животниот стандард и атрактивноста на селото за младите семејства.

Целна група: Жителите на цела Општина Чешиново – Облешево

Реконструкција на улици во сите села од општината

Опис на проектот

Овој капитален проект има цел значително подобрување на локалната патна инфраструктура преку целосна реконструкција на улиците во сите села од општината. Со години жителите се соочуваат со оштетени, неасфалтирани или делумно санирани улици што го отежнуваат секојдневното движење. Проектот ќе опфати планирана и темелна санација на оштетените улици, целосна реконструкција и асфалтирање улици што досега не биле уредени, поставување нова подлога, рабници, атмосферска канализација каде што е потребно и подобрување на приодите до домаќинства и јавни објекти, особено во селата каде што улиците не се пристапни во зимски или дождливи услови.

Влијание на проектот:

Зголемена безбедност на сообраќајот за сите учесници, особено за децата и постарите. Подобра поврзаност меѓу селата и централните делови на општината. Поддршка за земјоделците со подобар пристап до ниви, откупни пунктови и пазари. Уредена и пристојна околина за живот, со што се зголемува квалитетот на секојдневието.

Целна група: Жителите на цела Општина Чешиново – Облешево

ПРОЕКТИ

Изградба на крак за канализација во село Спанчево

Опис на проектот

Овој капитален проект има цел трајно решавање на дел од еден од најгорливите проблеми со кои се соочуваат жителите на село Спанчево – недостигот на целосна канализациона мрежа. Со изградбата на нов крак од канализација, ќе се овозможи приклучување на домаќинствата што досега беа надвор од системот, со што значително ќе се подобрат хигиенските услови и квалитетот на живот во селото. Проектот опфаќа:

- изградба на канализациска линија (крак) што ќе ги опфати непокриените делови од селото.

- приклучоци до индивидуалните домаќинства.

- воспоставување систем за контрола и одржување на протокот и функционалноста.

- интеграција со постојната канализациона мрежа

Влијание на проектот:

Подобрување на јавната хигиена и јавното здравје. Спречување на загадување на почвата и подземните води. Унапредување на животната средина и условите за домување. Создавање предуслови за натамошен развој и урбанизација на селото.

Целна група: Жителите на село Спанчево

Изградба на пешачка патека во село Спанчево (од влезот на селото до старата чешма)

Опис на проектот

Овој капитален проект има цел да ја зголеми безбедноста, пристапноста и уреденоста на јавното пространство во село Спанчево, преку изградба на пешачка патека од влезот на селото до старата чешма – локација што има културно и историско значење за жителите. Оваа делница, иако често користена, во моментот не нуди основни услови за безбедно пешачење, особено за постарите лица, учениците и жителите што секојдневно се движат до и од чешмата или централниот дел на селото. Проектот опфаќа:

- изградба на уредена пешачка патека со соодветна ширина и подлога (бетон, бехатон или друг материјал отпорен на временски услови).

- поставување улично осветлување за безбедност во вечерните часови.

- заштита на патеката со нивелирани рабници и ознаки, каде што е потребно.

Влијание на проектот:

Безбедно движење за пешаците на една од најфреквентните рурални делници во селото. Подобрување на јавниот простор и естетскиот изглед на селото. Поттикнување на пешачењето и здравиот начин на живот кај сите возрасни групи.

Целна група: Жителите на село Спанчево

Изградба на пешачка патека во село Соколарци (од паркот на штркот до црквата)

Опис на проектот

Овој капитален проект има цел да го уреди и поврзе едно од најзначајните и најпосетувани места во село Соколарци – паркот на штркот и црквата, преку изградба на урбана пешачка патека што ќе биде безбедна, функционална и естетски пријатна за жителите и посетителите. Станува збор за делница што секојдневно ја користат деца, возрасни и постари лица, особено за време на верски празници и локални собири. Моменталниот пристап е небезбеден и неуреден, особено во вечерни часови или за време на лоши временски услови.

Влијание на проектот:

Создавање безбедна и пристапна пешачка врска меѓу два важни јавни простора. Поттикнување движење, дружење и рекреација за жителите. Подобрување на вкупниот изглед и функционалност на јавниот простор.

Целна група: Жителите на село Соколарци

Изградба на парк во близина на црквата во село Уларци

Опис на проектот

Овој капитален проект има цел да создаде уреден, зелен и функционален јавен простор во село Уларци, преку изградба на нов парк во близина на црквата – место што е духовен и културен центар на селото. Проектот ќе обезбеди простор за одмор, дружење, рекреација и организирање на локални настани, достапен за сите генерации. Паркот ќе биде не само убава околина за посетителите на црквата, туку и средишна точка за заедницата, каде што семејствата ќе можат да поминуваат време во природа, децата да играат, а постарите да се одморат и социјализираат.

Влијание на проектот:

Зголемување на квалитетот на животот и јавниот простор во селото. Поттикнување дружење, социјална интеракција и меѓугенерациско поврзување. Подобрување на естетскиот изглед на околината околу црквата. Обезбедување простор за одмор и рекреација за сите жители.

Целна група: Жителите на село Уларци

Прочистување и бетонирање на селскиот канал во село Жиганци

Опис на проектот

Овој капитален проект има цел долгорочно решавање на еден од клучните инфраструктурни и еколошки проблеми во село Жиганци – нефункционалниот и запуштен селски канал. Со прочистување и бетонирање на каналот, ќе се подобри одводнувањето, ќе се спречат поплави и ќе се заштити животната средина и земјоделското земјиште околу каналот. Во моментов каналот претставува потенцијална опасност, особено за време на обилни дождови, кога водата не може слободно да се одвлече и често доаѓа до излевање, уништување имоти и поплавување на обработливи површини.

Влијание на проектот:

Спречување поплави и оштетувања на домаќинства и земјоделски површини. Подобрување на еколошките услови, спречување на натамошно загадување. Подолг век на траење на каналот и пониски трошоци за одржување. Зголемена безбедност и уреденост во селото.

Целна група: Жителите на село Жиганци

Изградба на пешачка патека во село Бурилчево (од раскрсница во село Кучичино до сред село)

Опис на проектот

Овој капитален проект има цел подобрување на безбедноста, пристапноста и уреденоста на јавниот простор преку изградба на пешачка патека во село Бурилчево, на делницата од раскрсницата кај село Кучичино до центарот на селото. Оваа траса претставува фреквентна рута што секојдневно ја користат жителите, учениците и земјоделците при движење кон централниот дел од селото, продавниците, училиштето и околните ниви. Проектот предвидува изградба на уредена и осветлена пешачка патека со соодветна ширина и квалитетна подлога, озеленување и хортикултурно уредување на просторот покрај патеката и обезбедување безбедносни елементи како рабници, огради (каде што е потребно) и патна сигнализација.

Влијание на проектот:

Зголемена безбедност за пешаците на една од најфреквентните рурални траси. Подобрување на пристапот до центарот на селото и јавните услуги. Поттикнување на пешачењето и здравиот начин на живот. Зголемена атрактивност и уреденост на селото, како дел од пошироката визија за развој на руралната средина.

Целна група: Жителите на село Бурилчево

Изградба на парк кај селскиот дом во село Теранци

Опис на проектот

Овој капитален проект има цел создавање модерен, функционален и зелен јавен простор преку изградба на парк кај селскиот дом во село Теранци. Овој простор, кој досега беше неуреден и недоволно искористен, ќе се трансформира во централна точка за дружење, одмор и социјален живот на мештаните. Проектот предвидува уредување на зелена површина со садење дрвја, тревник и декоративни растенија, поставување клупи, патеки, канти за отпадоци и улично осветлување и поставување урбана опрема и елементи што ќе го одразат локалниот идентитет.

Влијание на проектот:

Создавање простор за одмор, релаксација и дружење на жителите; Збогатување на јавниот и културниот живот во селото; Подобрување на естетскиот изглед и функционалноста на околината околу селскиот дом;

Целна група: Жителите на село Теранци

Изградба на бањолошки центар во село Бања

Опис на проектот

Изградбата на бањолошки центар во село Бања претставува стратегиски капитален проект што ќе ја претвори природната дарба на селото – термалната и лековита вода – во вистинска развојна можност за локалната заедница. Овој центар ќе биде место за здравствена рехабилитација, рекреација и туризам, со што село Бања ќе стане препознатлива дестинација не само на локално туку и на регионално и национално ниво. Селото Бања веќе е познато по своите термални извори, кои традиционално се користеле за лекување и опуштање, но досега тие не беа инфраструктурно и функционално искористени. Со изградбата на современ бањолошки центар, ќе се отвори можност за нови работни места, развој на мали бизниси, агротуризам и подобрување на локалната економија.

Влијание на проектот:

Развој на здравствен и рурален туризам. Отворање нови работни места и можности за младите. Зголемена посетеност во селото. Зачувување и промоција на традицијата и природните ресурси на село Бања.

Целна група: Жителите на цела општина и околината

Реконструкција на патот до селските гробишта и оризните полиња во село Новоселани

Опис на проектот

Овој капитален проект има цел да обезбеди подобра поврзаност, пристапност и безбедност преку целосна реконструкција на патот што води до селските гробишта и оризните полиња во село Новоселани. Сегашната состојба на патот е лоша: оштетена подлога, нерамнини, кал и честа непроодност при врнежи. Ова го отежнува пристапот до гробиштата и го попречува секојдневниот пристап на земјоделците до оризните полиња, кои се главен извор на егзистенција за многу домаќинства.

Влијание на проектот:

Пристап до гробиштата во сите сезони и временски услови. Олеснета дневна мобилност на земјоделците и транспорт на земјоделски производи. Подобрување на локалната инфраструктура и животните услови во селото. Зголемена безбедност и одржливост на земјоделското производство.

Целна група: Жителите на село Новоселани

Ставање во функција на фекална канализација во село Чифлик

Опис на проектот

Овој капитален проект има цел целосно ставање во функција на фекалната канализација во село Чифлик, со што ќе се обезбеди современ и ефикасен систем за одвод на отпадни води. Ова е клучен чекор кон подобрување на животната средина, здравјето на граѓаните и условите за живеење во селото. Во моментот, дел од канализацискиот систем е нефункционален, што создава ризик од загадување на почвата и подземните води, како и непријатни мириси што влијаат врз квалитетот на животот. Ставањето во функција на канализацискиот систем ќе овозможи правилно собирање и преработка на отпадните води, што ќе придонесе за одржување на хигиената и заштита на природните ресурси.

Влијание на проектот:

Значително подобрување на хигиенските услови и јавното здравје. Заштита на животната средина, почвата и водните ресурси. Создавање услови за натамошен развој и модернизација на селото.

Целна група: Жителите на село Чифлик.

МЕСНИ ПРОЕКТИ

Месна заедница Чешиново

    • Изградба на систем за техничка вода во село Чешиново.
    • Реконструкција на улици во село Чешиново.

Месна заедница Облешево

    • Изградба на систем за техничка вода во село Облешево
    • Реконструкција на улици во село Облешево
    • Реконструкција на парк во село Облешево

Месна заедница Соколарци

    • Изградба на пешачка патека во село Соколарци (од паркот на штркот до црквата)
    • Изградба на крак од канализација со прочистителна станица во село Соколарци
    • Реконструкција на улици во село Соколарци

Месна заедница Спанчево

    • Изградба на повеќенаменско игралиште во село Спанчево
    • Изградба на крак за канализација во село Спанчево
    • Реконструкција на улици во село Спанчево
    • Изградба на пешачка патека во село Спанчево (од влезот на селото до старата чешма)

Месна заедница Бурилчево

    • Изградба на пешачка патека во село Бурилчево (од раскрсница во село Кучичино до сретсело)
    • Реконструкција на улици во село Бурилчево
    • Изградба на канализација во село Бурилчево

Месна заедница Кучичино

    • Изградба на пешачка патека во село Бурилчево (од раскрсница во село Кучичино до сред село)
    • Реконструкција на улици во село Кучичино

Месна заедница Бања

    • Изградба на бањолошки центар во село Бања
    • Реконструкција на улици во село Бања

Месна заедница Теранци

    • Изградба на парк кај селскиот дом во село Теранци
    • Реконструкција на улици во село Теранци
    • Изградба на канализација во село Теранци

Месна заедница Чифлик

    • Ставање во функција на фекална канализација во село Чифлик
    • Реконструкција на улици во село Чифлик
    • Решавање на проблемот со чиста вода за пиење во село Чифлик

Месна заедница Новоселани

    • Реконструкција на патот до селските гробишта и оризните полиња во село Новоселани

Месна заедница Жиганци

    • Прочистување и бетонирање на селскиот канал во село Жиганци
    • Реконструкција на улици во село Жиганци