Почитувани сограѓани, жители на Општина Босилово,

Јас сум Мариче Кармазичева, правник по професија, родена и израсната тука, во нашата Општина Босилово. Мојата животна и професионална мисија е градење на функционална, праведна и еднакво развиена општина, во која сите жители ќе имаат еднакви можности и услови за достоинствен живот.

Знам што значи да се сонува, а да се биде спречен од условите. Знам што значи да се работи чесно и вредно, а да се гледа како цели семејства си заминуваат. Знам и дека може поинаку, ако имаме волја, знаење и луѓе што ќе си стојат зад зборот.

Кандидирајќи се за градоначалничка, не ветувам чуда, но ветувам дека ќе бидам гласот на секое село, секоја жена, секое дете, секој земјоделец и работник; ќе бидам достапна, чесна и истрајна, со Вас, а не над Вас.

Заедно ќе изградиме модерна, развиена и инклузивна општина, каде што сите ќе имаат еднаква шанса.

Оваа програма не е само хартија. Таа е договор со секој од вас, дека ќе работиме отворено, одговорно и со јасна цел: Босилово да биде перспективна општина. Младите да останат тука. Да имаме инфраструктура, поддршка и животен стандард што ги заслужуваме.

Ве повикувам: на овие избори да избереме развој, човечност и визија. Да избереме нова енергија. Да избереме заедничка иднина.

Босилово може да биде модерна, ефикасна и отворена општина, само ако ја отвориме вратата кон новите можности.

Ваша,

Мариче Кармазичева

СОВЕТНИЧКА ЛИСТА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ОПШТИНА БОСИЛОВО

  • 1. Аце Дедејски
  • 2. Роберт Бонев
  • 3. Елена Гогова
  • 4. Александар Смиланов
  • 5. Андонов Божидар
  • 6. Кристина Златанова Ристова
  • 7. Трајчо Велев
  • 8. Васко Јарков
  • 9. Радка Терзиева
  • 10. Софија Ковачова
  • 11. Стојан Ѓоргиев
  • 12. Сара Шопова
  • 13. Џејљан Селимов
  • 14. Билјана Дрвошанова
  • 15. Наце Атанасов

Во името на советничката група на СДСМ Босилово, Ви се обраќаме со искрена порака. Нашата цел е јасна, да направиме промени што носат подобар живот за сите, да бидеме гласот на граѓаните, и да работиме за нивните потреби и интереси.

Ќе се залагаме за изградба на подобра инфраструктура, ставање посебен акцент на екологијата, поддршка на земјоделците, поголема грижа за младите и подобри услови за сите семејства во нашата општина.

Ветуваме дека општина Босилово ќе се гради со работа, одговорност, чесност и носење заеднички одлуки.

Заедно да изградиме општина што ќе биде дом на горди, задоволни и успешни граѓани.

ШТО НАПРАВИВМЕ НИЕ:

Во периодот од 2017 до 2021 година, кога локалната власт во Општина Босилово беше предводена од СДСМ, беа реализирани над 50 проекти од областа на инфраструктурата, образованието, културата и локалниот развој. Еве само дел од тие проекти:

  • Изградба на општинската Детска градинка во Босилово, „Среќни насмевки“
  • Асфалтиран патен правец Еднокуќево ‒ Муртино, Д = 500 м, вредност 1.890.000,00 денари
  • Целосна реконструкција на ПОУ „Кирил и Методиј“ во Радово
  • Реконструиран Дом на културата во населеното место Секирник
  • Изградба на локалниот пат Бориево – Колешино ‒ фаза 1, во должина од Д = 2 200 м, ширина на асфалт Л = 5 м и банкини 2 х 0,5 м, вредност 8.995.095,00 денари без ДДВ
  • Поставени 22 нови бандери за улично осветлување на потегот кај браната „Иловчанка“ во должина од Д = 600 м
  • Обезбедени 95 големи метални контејнери од фондовите на Европската Унија преку програмата за развој на УНДП, грант во износ од 26.000,00 евра
  • Современ клуб за згрижување и дневен престој на пензионери во Босилово, вредност 600.000,00 денари
  • Игралиште во населено место Робово
  • Игралиште во населено место Моноспитово
  • Асфалтирани над 11 000 метри улици во сите населени места
  • Водовод во населено место Дрвош (бунар и пумпна станица)

А ШТО (НЕ) НАПРАВИЈА ТИЕ?!

Граѓаните на Босилово се соочија со неисполнување на основните ветувања: инфраструктурна стагнација, нехигиенски услови и застој во унапредување на основни услуги. Мандатот на актуелниот градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ (2021–2025) не ги задоволи основните очекувања на општината – што е јасен сигнал за потреба од сериозен пристап кон отчетност и грижа за јавниот интерес.

Ветено – Нереализирано

  • Спортска сала во Босилово.
  • Решавање на проблемот со водоснабдување во сите населени места.
  • Дислокација на таканаречените „диви депонии“.
  • Канализациска мрежа во населеното место Босилово.
  • Решавање на проблемот со отворени одводни канали.
  • Босилово, како центар на општината, постепено, но сигурно ќе добие нов лик на урбана населба, со нови содржини, со уредени улици и тротоари.
  • Инвестиции во младите, во спортот и во образованието.

МОЈАТА ВИЗИЈА

Зошто се кандидирам? Што е мотивот?

Имам јасна визија за една пофункционална, хумана и транспарентна општина. Моето искуство, мојата работа со заедницата и мојата посветеност ме натераа да преземам одговорност. Се кандидирам за да водам политики што ќе ја подобрат секојдневната реалност на луѓето, со мали конкретни, но важни чекори.

Колку е важно да се има визија за општината и за нејзиниот развој?

Да се има визија за општината значи да се знае каде се движиме и како да стигнеме таму. Без визија нема напредок, само импровизација. Но локалната визија не смее да биде изолирана, таа треба да се надоврзе на една поширока слика за праведно, хумано и одржливо општество. Само така, промената што ќе ја направиме тука, ќе биде дел од нешто поголемо.

Што мора да се направи во следниот мандат?

Инфраструктурата е важна, но не е доволна. Асфалтот не го решава чувството на неправда, ниту го запира иселувањето. Она што може да се направи во следниот мандат е да се вложи во луѓето, во образованието, социјалната заштита, младите, жените, постарите. Промената ќе дојде кога општината ќе стане партнер на граѓаните, а не само изведувач на проекти.

Колку се важни младите за нашата општина?

Младите не само што се иднината, тие се и сегашноста на нашата општина. Тие носат идеи, енергија и искреност што ни се неопходни. Општината што ги цени младите е општина што има иднина.

Како гледате на општата безбедност на граѓаните? Кои се проблемите и како може да се решаваат?

Безбедноста не значи само полиција и камери, туку чувство на сигурност во секојдневието. Граѓаните треба да се чувствуваат заштитени на улица, во училиште, дома. Проблемите се различни, од семејно насилство преку сообраќајна небезбедност, до лошо осветлени јавни простори.

Дали доброто планирање на просторот и мобилноста се клуч за забрзан развој, но и за поквалитетно живеење? Што сметате дека е неопходно да се преземе во следниот период?

Во рурална општина доброто просторно планирање и подобра мобилност се основа за рамномерен развој. Ако нема пристапен пат, ако нема превоз, тогаш нема ни еднакви можности. Во следниот период мора да се инвестира во подобрувањето на патната мрежа, безбеден и редовен јавен превоз, поврзаност меѓу селата и пристап до услуги, училишта, здравствените пунктови, пазари. Тоа не се луксузи, тоа е предуслов за останување на младите и за оживување на руралниот живот.

Особено во зимските месеци македонските градови се меѓу најзагадените во светот. Во многу места имаме проблем со диви депонии, а граѓаните имаат сериозни забелешки за јавната чистота дури и во најубавите места. Осудени ли сме сите ние да живееме во ѓубре и отровен воздух?

Не, не сме осудени, но ако не дејствуваме веднаш, ќе си ја уништиме иднината. Загадувањето и дивите депонии не се само еколошки, туку и здравствени и морални прашања. Во многу случаи виновна е немарноста, и на институциите и на поединците. Општината мора да покаже одлучност: систем за собирање и селекција на отпад, санкции за загадувачи, екоедукација, пошумување и поддршка за еколошко греење.

Довербата на граѓаните во системот е на многу ниско ниво, а општа перцепција на јавноста е дека корупцијата „цвета“ во нашата држава. Дали може да ја повратиме таа доверба? Дали подобрувањето на општинските услуги, зголемувањето на транспарентноста и отвореноста на општината кон граѓаните може да даде нова надеж?

Довербата не се враќа со зборови, туку со дела. Да, корупцијата е длабоко вкоренета, но токму за тоа општината мора да биде пример за транспарентност, отчетност и фер одлуки. Кога граѓаните ќе видат дека нивниот глас се слуша, дека има фер постапки, дека јавните пари одат таму каде што треба, тогаш почнува да се гради доверба.

Иселувањето е еден од најголемите проблеми, а следствено и наталитетот е во драстично опаѓање. Имаме ли иднина без луѓе? Како да ги задржиме луѓето во своите места да продолжат да живеат со перспектива за себе и своите деца?

Без луѓе нема иднина. Празните училишта, затворените продавници и напуштените домови ни го кажуваат тоа секој ден. Иселувањето и падот на наталитетот се резултат на недовербата, несигурноста и недостигот на перспектива. Затоа мора да понудиме услови што ќе ги задржат луѓето дома: стабилни работни места, квалитетно образование, добра здравствена грижа, поддршка за младите семејства, чиста животна средина и можност за достоинствен живот.

Зошто граѓаните да гласаат за вас? Што е тоа по што сте различни од другите за да ви ја дадат токму Вам довербата?

Граѓаните да гласаат за мене затоа што јас сум дел од заедницата, ги разбирам нивните проблеми и навистина ми е грижа. Не ветувам ветувања што не можам да ги исполнам туку ветувам работа, присуство и борба за секој човек. Различна сум затоа што мојот приод е искрен, транспарентен и базиран на конкретни решенија.

Заедно да ги менуваме состојбите!

Меки политики, активности и проекти по клучни целни групи

Деца и ученици

  • Меки политики: Поддршка за еднаков почеток и инклузивен развој на секое дете.
  • Признавање на дополнителните потреби на семејства со деца со попреченост.
  • Активности и проекти:
  • Бесплатни курсеви за дигитални вештини и странски јазици.
  • Еднократна парична помош за секое прваче (5.000 денари).
  • Парична награда за најдобрите ученици на генерација.
  • Награда за ученици што афирмираат општински училишта на државно ниво.
  • Помош за деца на самохрани родители.
  • Поддршка за деца со посебни потреби.
  • Бесплатна градинка за деца со посебни потреби.
  • Советувалиште и психосоцијална поддршка за родители.
  • Бесплатни екскурзии и активности за ранливи деца.
  • Промоција на инклузивно образование.

Жени и мајки

  • Меки политики: Зајакнување на улогата на жената во семејството, економијата и заедницата.
  • Посебна поддршка за самохрани мајки и мајки на деца со попреченост.
  • Активности и проекти:
  • Програми за женско претприемаштво и самовработување.
  • Советувалишта за психолошка и правна помош.
  • Програми за балансирање на работниот и семејниот живот.
  • Бесплатна едукација за родителски вештини.

Семејства со новороденчиња

  • Меки политики: Признавање на трошоците и обврските што ги носи родителството.
  • Активности и проекти:
  • Еднократна парична помош за новороденче (10.000 денари).
  • Бесплатни бебешки пакети и честитки од општината.
  • Советувалишта за нови родители.

Млади

  • Меки политики: Активно младинско учество во креирање локални политики.
  • Превенција на младинска невработеност и иселување.
  • Активности и проекти:
  • Формирање младински клуб и младински совет.
  • Обуки за дигитални вештини, претприемништво, зелени занимања.
  • Финансиска и логистичка поддршка за младински иницијативи.

Пензионери

  • Меки политики: Почитување и вклучување на лицата во трето доба во општествениот живот.
  • Активности и проекти:
  • Отворање дневен клуб за пензионери.
  • Бесплатни лекарски прегледи и домашна помош.
  • Меѓугенерациски активности со ученици и млади.

По клучни области

Образование и предучилишно воспитание

  • Бесплатна инклузивна градинка за деца со посебни потреби.
  • Еднократна помош за првачиња и ранливи категории.
  • Опремување на училиштата со пристап за деца со попреченост.
  • Еко-програми и ученичка пракса со локални институции.

Култура

  • Финансиска и логистичка поддршка на манифестации.
  • Поттикнување локални уметници и културни здруженија.
  • Интерактивни културни настани за деца, млади и пензионери.

Спорт

  • Реконструкција и адаптација на спортски терени.
  • Организирање општински спортски настани за сите возрасти.
  • Поддршка за локални спортски клубови и натпревари.

Транспорт и достапност

  • Бесплатен превоз за ученици, стари лица и лица со попреченост.
  • Безбедни патеки до училишта и јавни установи.
  • Подобрување на пристапноста до јавни објекти.

Животна средина

  • Пошумување долж реката Струмица во соработка со училиштата.
  • Селектирање отпад и чистење диви депонии.
  • Поддршка на граѓански еко-иницијативи.
  • Развивање на зелени зони достапни за сите граѓани.

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

Воведување напредна технологија за прочистување на водата за пиење од браната Иловица

Опис на проектот

Проектот предвидува воведување на современа технологија за прочистување и подобрување на квалитетот на водата за пиење што се користи од браната Иловица. Ќе се инсталираат системи за филтрација, UV-дезинфекција, автоматско хлорирање и дигитална контрола на параметрите на водата, со цел таа да ги задоволи сите стандарди за здравствена безбедност. Планирана е и изградба или модернизација на постојна станица за третман на вода, како и систем за мониторинг и брза интервенција во случај на загадување.

Влијание на проектот:

  • Значително подобрување на здравствената безбедност на водата што ја користат жителите.
  • Намалување на ризиците од болести поврзани со водата.
  • Зголемување на довербата кај граѓаните во јавниот водоводен систем.
  • Заштита на околината преку контролиран третман на водата и отпадните материи.
  • Подготовка за евентуални климатски предизвици (намалени води, загадување).

Целна група

Сите жители на Општина Босилово и околните населени места што се водоснабдуваат од систем поврзан со браната Иловица.

Рок на реализација

12 месеци

Буџет

Вкупно: 280.000 евра

Изградба на спортска сала во Општина Босилово

Опис на проектот

Проектот предвидува изградба на модерна спортска сала со капацитет за повеќе видови спортови (кошарка, ракомет, одбојка, мал фудбал) и простор за рекреативни активности. Салата ќе биде опремена со современа спортска опрема, светилки со енергетска ефикасност и обезбедена пристапност за лица со попреченост. Ова ќе овозможи развој на спортски активности за сите возрасни категории и поддршка на локалните спортски клубови.

Влијание на проектот:

  • Поттикнување на спортскиот живот и здравиот начин на живот кај младите и возрасните.
  • Намалување на младинската пасивност и спречување на негативни појави преку организирани спортски активности.

Целна група

  • Ученици и млади од сите населени места во Општина Босилово.
  • Локални спортски клубови и здруженија.
  • Возрасни и пензионери што сакаат да се рекреираат.

Рок на реализација

24 месеци

Буџет

Вкупно: 450.000 евра

Изградба на канализациски систем во село Босилово

Опис на проектот

Изградбата на канализациски систем во село Босилово претставува капитален проект со кој ќе се реши долгогодишниот проблем со отпадните води. Во моментов, селото нема целосна и функционална канализациска мрежа, што доведува до чести појави на загадување на почвата и водите, како и зголемен ризик по здравјето на жителите. Проектот предвидува изградба на примарна и секундарна канализациска мрежа со современи материјали и стандарди, која ќе обезбеди ефикасно и безбедно собирање и одведување на отпадните води. Со реализацијата на овој проект ќе се подобрат хигиенските услови, ќе се заштитат природните ресурси и ќе се унапреди квалитетот на живот во селото. Дополнително, изградбата на канализациски систем ќе овозможи и иден урбанистички и економски развој, придонесувајќи кон подобар и почист амбиент за сите жители на Босилово.

Современа канализација за почисто, поздраво и развиено Босилово.

Влијание на проектот:

  • Значително подобрување на јавното здравје преку намалување на ризикот од заразни болести и загадување.
  • Заштита на подземните води и животната средина од загадување со отпадни води.

Целна група

Сите жители на село Босилово, локални бизниси, јавни установи и институции во населеното место.

Рок на реализација

18 месеци од стартот на проектот

Буџет

Вкупна проекција: 350.000 евра

Урбан и модерен општински пазар во Босилово

Опис на проектот

Општина Босилово ќе изгради урбан и современо уреден општински пазар, кој ќе биде централно место за продажба на земјоделски производи, локални артикли и занаетчиски производи. Со тоа се создава модерен простор што ќе обезбеди подобри услови за граѓаните и трговците, ќе го поттикне локалниот економски развој и ќе придонесе за уреден јавен амбиент.

Влијание на проектот:

Со урбаниот и модерен општински пазар во Босилово ќе го поддржиме локалниот земјоделец, ќе создадеме уреден простор за купувачите и ќе го зајакнеме економскиот развој на нашата општина.

Целна група

  • Земјоделци и производители
  • Жители на Општина Босилово
  • Мали бизниси и занаетчии
  • Жени и млади од рурални средини
  • Посетители и туристи

Рок на реализација

15-18 месеци од почетокот на проектот до пуштање во употреба

Буџет

Околу 24.000.000 денари или околу 390.000 евра

ПРОЕКТИ

„Блиску до граѓаните“ - поставување банкомат во рурална средина

Опис на проектот

Проектот има цел поставување на најмалку еден банкомат (ATM) на локација во Општина Босилово каде што во моментов нема функционален пристап до банкарски услуги. Жителите, особено пензионерите, примателите на социјална помош, студенти и земјоделци, често се приморани да патуваат до друго населено место или град за да извршат подигање пари, што претставува дополнителен трошок и временска загуба. Со овој проект ќе се подобри финансиската достапност, сигурност и мобилност на жителите, особено во руралните населби.

Влијание на проектот:

  • Полесен пристап до пари, без патување до Струмица
  • Поддршка за локалната економија
  • Заштеда на време и намален стрес
  • Помош за постари и ранливи граѓани
  • Поголема доверба во локалната власт

Целна група

  • Пензионери
  • Социјално ранливи категории
  • Земјоделци и мали трговци
  • Ученици и студенти
  • Целото население во руралните населби без банкомат

Рок на реализација

од 3 до 6 месеци

Буџет

Проценети општински трошоци: 100.000–200.000 денари (еднократни)

„Работа за родителите, сигурност за децата“ (Поддршка и работно ангажирање на родители на деца со попреченост и самохрани родители во Општина Босилово)

Опис на проектот

Проектот има цел да овозможи директна поддршка и вклучување на пазарот на труд за една од најранливите групи, родителите што имаат деца со попреченост и самохрани родители. Преку обуки, стимулации за вработување и можности за флексибилно работно време, проектот ќе придонесе за економска стабилност на овие семејства, подобрување на животниот стандард и порамноправно учество во заедницата.

Влијание на проектот:

  • Поголема вработеност кај самохрани родители и родители на деца со попреченост.
  • Подобрување на животниот стандард на семејствата.
  • Намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост.
  • Поддршка за психолошката стабилност и достоинството на родителите.
  • Поголема сигурност и грижа за децата преку стабилно семејно опкружување.
  • Јакнење на социјалната правда и еднаквите можности во општината.
  • Поттикнување на локални бизниси и сервиси преку нова работна сила.

Целна група

  • Родители (или старатели) на деца со попреченост
  • Самохрани мајки и татковци
  • Невработени лица од овие категории во Општина Босилово

Рок на реализација

Пилот-фаза: 6 месеци
Целосна примена: 12 месеци

Буџет

  • Обуки и советување: 200.000 ден.
  • Поддршка за вработување и самовработување: 600.000 – 1.000.000 ден.
  • Месечни надоместоци (по критериуми): 300.000 ден.
  • Вкупно: 1.100.000 – 1.500.000 ден.

„Чиста општина без диви депонии“

Опис на проектот

Проектот има цел системско решавање на проблемот со дивите депонии низ Општина Босилово преку нивно отстранување, санација, поставување соодветни контејнери, засилена инспекциска контрола и кампања за подигнување на јавната свест. Проектот ќе вклучи локални жители, институции и училишта во активности за зачувување на животната средина и воведување одржливо управување со отпад.

Влијание на проектот:

  • Почиста и поздрава животна средина.
  • Намалување на загадувањето на почвата, воздухот и водата.
  • Подобро јавно здравје и безбедност за граѓаните.
  • Зголемена еколошка свест кај населението.
  • Подобрување на сликата и угледот на општината.
  • Поттик за развој на екотуризам и локални иницијативи.
  • Поголема доверба во локалната самоуправа преку конкретни решенија.

Целна група

  • Сите жители на Општина Босилово
  • Земјоделци и жители во рурални населби
  • Ученици и млади
  • Јавни институции и локални комунални претпријатија

Рок на реализација

12 месеци (во три фази: мапирање, чистење, едукација и одржливост)

Буџет

  • Чистење и транспорт на отпад: 800.000 денари
  • Нови контејнери и опрема: 500.000 денари
  • Кампања и едукации: 200.000 денари
  • Инспекциска поддршка и сигнализација: 100.000 денари
  • Вкупно: околу 1.600.000 денари

„Поблиску до земјоделците: Отворање теренска канцеларија на МЗШВ во Општина Босилово“

Опис на проектот

Проектот предвидува отворање на локална теренска канцеларија на МЗШВ во рамките на Општина Босилово, со цел да се обезбеди директна, брза и ефикасна поддршка за земјоделците од општината и околните населени места. Во моментов, земјоделците се принудени да патуваат до Струмица или други градови за да добијат информации, да поднесат документи или ги остварат своите права и обврски. Со оваа канцеларија ќе се децентрализираат услугите, ќе се зголеми довербата меѓу земјоделците и институциите, и ќе се подобри пристапот до информации, мерки за поддршка и административни постапки.

Влијание на проектот:

  • Брз и директен пристап до информации, субвенции и услуги за земјоделците.
  • Намалување на административниот товар и потребата од патување до други градови.
  • Поголема ефикасност и навременост во поднесување документи.
  • Зголемена доверба во институциите и поддршка за малиот земјоделец.
  • Поттикнување на земјоделското производство и локалниот развој.
  • Подобра поврзаност меѓу земјоделците и државните политики.
  • Оживување на селата преку стабилна и достапна институционална поддршка.

Целна група

  • Земјоделци (растителна и сточна производство)
  • Здруженија и задруги
  • Жени и млади земјоделци
  • Агропреработувачи
  • Потенцијални апликанти за ИПАРД, национални субвенции и проекти

Рок на реализација

од 3 до 4 месеци

Буџет

  • Адаптација на простор / опремување: 150.000 – 300.000 ден.
  • Периферна опрема и интернет: 50.000 ден.
  • Годишни оперативни трошоци: 100.000 ден.
  • Финансирање: Општински буџет + соработка со МЗШВ

„Енергетска независност и ефикасност за Босилово ‒ соларна иднина за јавните институции и улиците“

Опис на проектот

Проектот предвидува инсталирање фотоволтаични системи (соларни панели) на покривите на јавните институции (училишта, детски градинки, општински објекти, домови на културата) и замена или поставување ново LED-улично осветлување со соларни светилки низ населените места. Преку овој проект, општината ќе ги намали трошоците за електрична енергија, ќе придонесе за заштита на животната средина и ќе создаде основа за долгорочна енергетска одржливост, особено важна за рурална општина како Босилово со голем број расфрлани населени места.

Влијание на проектот:

  • Намалување на сметките за струја на општинските институции.
  • Долгорочна заштеда на буџетски средства.
  • Помала зависност од нестабилниот енергетски пазар.
  • Заштита на животната средина преку користење обновлива енергија.
  • Подобра и постојана улична осветленост, особено во селата.
  • Поттик за зелени технологии и енергетска едукација кај граѓаните.
  • Пример за одговорна и визионерска локална самоуправа.

Целна група

  • Јавните институции во Општина Босилово
  • Сите жители на руралните населени места
  • Ученици, наставници, вработени во јавниот сектор
  • Младите како идни носители на одржливи практики

Рок на реализација

Фаза 1: Пилот (6 месеци)
Фаза 2: Проширување (наредни 12 месеци)

Буџет

  • Соларен систем за институција: 600.000 – 900.000 ден. по објект
  • Една соларна улична светилка: 25.000 – 40.000 ден.
  • Вкупен проект: 8 – 12 милиони денари (во две фази)

„Општински кризен фонд ‒ итна поддршка за најзагрозените“

Опис на проектот

Проектот предвидува формирање специјален општински буџетски фонд за итна финансиска интервенција во случаи на неочекувани социјални, здравствени и природни кризи, со цел навремена и директна помош на жителите на Општина Босилово. Фондот ќе се користи за поддршка на семејства и поединци што се соочуваат со поплави, пожари, тешки болести, извршни постапки, загуба на дом или приходи, како и други животни ситуации каде што постои реална опасност по егзистенцијата.

Влијание на проектот:

  • Брза помош за семејства во криза.
  • Намалување последици од итни ситуации.
  • Поддршка за ранливи категории.
  • Јакнење на заедништвото.

Целна група

  • Семејства погодени од природни непогоди (поплави, земјотреси, пожари)
  • Граѓани со сериозни и итни здравствени состојби
  • Лица што се соочуваат со извршители, загуба на дом, или долгови
  • Самохрани родители, лица со попреченост, стари и болни лица без приходи
  • Секој жител што ќе се најде во неочекувана и документирана криза

Рок на реализација

Фондот може да се воспостави веднаш по усвојување на буџетот, со годишно ажурирање и евентуално проширување во зависност од потребите.

Буџет

  • Почетен фонд: 1.000.000 денари
  • Можност за зголемување преку:
    1. Општински ребаланс
    2. Донации од компании
    3. Соработка со хуманитарни фондации
    4. ЕУ/ИПА-грантови за социјална кохезија

„Здрава храна – здрава иднина: Поддршка и пласман на органско производство во Општина Босилово“

Опис на проектот

Проектот има за цел да обезбеди финансиска, стручна и пазарна поддршка за локални земјоделци што произведуваат или планираат да преминат на органско производство. Општина Босилово, како рурална средина со плодна земја и традиција во земјоделство, има потенцијал да развие локален бренд на органски производи, што ќе придонесе за економски раст, заштита на животната средина и подобрување на јавното здравје. Проектот вклучува и активности за едукација, сертификација, маркетинг и локален пласман преку зелени пазари, училишта, ресторани и онлајн платформи.

Влијание на проектот:

  • Здрава храна за граѓаните – достапност на квалитетни и безбедни производи, особено за децата и семејствата.
  • Поддршка за земјоделците – финансиски и едукативни мерки за премин кон органско производство, намалени трошоци и сигурен пласман.
  • Јакнење на локалната економија – нови работни места, зголемена конкурентност и отворени пазари за органски производи.
  • Еколошка заштита – намалено загадување на земјиштето и водите, зачувување на природните ресурси за идните генерации.
  • Подигнување на свеста – едукација на населението за важноста на здравата исхрана и локално произведена храна.

Целна група

  • Земјоделци од Општина Босилово (со мали и средни имоти)
  • Жени и млади во рурални средини
  • Постојни и нови производители на храна и преработки
  • Потрошувачи – граѓани, училишта, јавни институции

Рок на реализација

12 месеци (со можност за продолжување како постојана програма)

Буџет

  • Обуки и предавачи: 200.000 ден.
  • Сертификација и техничка помош: 400.000 ден.
  • Микро-грантови за производители: 600.000 ден.
  • Маркетинг, платформи, локални пазари: 300.000 ден.
  • Вкупно: околу 1.500.000 денари
  • Финансирање: општински буџет + аплицирање во ИПАРД, ФИТР, UNDP, УСАИД

„Праведна компензација - поддршка за наставниците што патуваат

Опис на проектот

Проектот предвидува исплата на паричен надоместок за патни трошоци на наставниците кои патуваат од други места до училишта на територијата на Општина Босилово. Мерката има цел да ги покрие реалните трошоци за патување (гориво или јавен превоз), со што ќе се намалат трошоците за наставниот кадар, ќе се задржи квалитетен кадар во руралните училишта и ќе се стимулира континуирано работење. Проектот опфаќа основни училишта и подрачни паралелки во општината, каде што често има недостиг на наставници, особено во стручни предмети.

Влијание на проектот:

  • Почит и мотивација за наставниците – праведната компензација ќе им покаже на наставниците дека трудот, времето и трошоците им се признаени и ценети.
  • Подобрен квалитет на наставата – мотивиран наставен кадар значи посветеност, континуитет и повисок квалитет на едукацијата за децата.
  • Помала флуктуација на кадар – ќе се намали одливот на наставници од руралните училишта, што значи постабилен и стручен наставен тим.
  • Социјална правда – еднаков третман за сите наставници, без оглед на местото на живеење.
  • Поттик за млади наставници – дополнителната поддршка може да ги охрабри младите професори да прифатат работа и во пооддалечените училишта.

Целна група

Наставници во основните училишта на територија на Општина Босилово, кои:

  • живеат во друга населба или општина
  • немаат обезбеден службен превоз
  • користат сопствено или јавно превозно средство

Рок на реализација

Проектот е предвиден како постојана општинска мерка, која ќе се спроведува на месечно ниво, во текот на целата учебна година. Се обновува годишно со пријава од училиштата и потврда од стручната служба.

Буџет

  • Надоместок: според реални километражи (на пр. 10–25 ден./км, во согласност со одлука на Советот)
  • Вкупен буџет годишно (пример): 15 наставници x 20 км x 20 дена x 12 месеци = ~2.160.000 ден.
  • Буџетот може да варира според реалната бројка и релации.
  • Извор на финансирање: Општински буџет – Програма за образование + можност за кофинансирање од Министерството за образование.

„Зелено Босилово ‒ развој на рурален, еко- и агротуризам“

Опис на проектот

Проектот има цел да го развие потенцијалот на Општина Босилово како атрактивна рурална дестинација преку промоција и поддршка на екотуризмот и агротуризмот. Акцентот е ставен на зачувување на природните убавини, традиционалниот начин на живеење, локалната култура и земјоделството како основа за туризмот. Ќе се развијат инфраструктурни и маркетинг-активности што ќе ги привлечат посетителите од градовите и странство, со што ќе се создадат нови работни места, ќе се зголеми приходот на локалното население и ќе се стимулира одржлив развој.

Влијание на проектот:

  • Нови економски можности – поттик за мали бизниси, семејни вили, локални производи и занаетчии, со директен економски бенефит за жителите.
  • Спречување на иселувањето – со отворање на нови работни места и зголемен приход во руралните средини, особено за младите.
  • Промоција на Босилово како зелена дестинација – изградба на имиџ на општина со чиста природа, автентична храна и гостопримство.
  • Зачувување на животната средина – еколошки туризам значи грижа за природата, намалено загадување и одржливо користење на ресурсите.
  • Поврзување на селата – заеднички туристички патеки, манифестации и настани што ја зајакнуваат меѓусебната соработка.

Овој проект е чекор напред кон зелена, просперитетна и препознатлива општина што знае да го зачува своето и да го претвори во можност.

Целна група

  • Локални земјоделци и занаетчии
  • Туристи од земјата и странство заинтересирани за природа, култура и традиција
  • Млади и жени во руралните средини што сакаат да се вклучат во туризмот
  • Општинска администрација и локални туристички организации

Рок на реализација

12 – 24 месеци

Буџет

  • Стратегиско планирање и обуки: 300.000 ден.
  • Инфраструктура (патеки, табли): 600.000 ден.
  • Маркетинг и промоција: 400.000 ден.
  • Поддршка на агросместување: 700.000 ден.
  • Вкупно: 2.000.000 ден.

„Безбедно училиште ‒ безбедни деца“ (Хоризонтална и вертикална сигнализација пред основните училишта во Општина Босилово)

Опис на проектот

Овој проект има цел да ја зголеми безбедноста на учениците преку поставување соодветна хоризонтална (исцртана) и вертикална (знаци) сообраќајна сигнализација во зоните околу сите основни училишта во општината. Во руралните средини недостигот на јасна сообраќајна сигнализација и брзината со која возачите се движат во близина на училиштата претставуваат реална закана за безбедноста на децата. Поставувањето соодветни ознаки ќе овозможи јасно означени пешачки премини, ограничувања на брзина, предупредувања за возачите и физички мерки за намалување на брзината.

Влијание на проектот:

  • Заштита на децата – јасна сигнализација и забавено сообраќајно движење во близина на училиштата значи намален ризик од несреќи.
  • Мир на родителите – родителите ќе бидат посигурни дека нивните деца се безбедни при доаѓање и заминување од училиште.
  • Подигнување на сообраќајната култура – возачите ќе бидат предупредени и повнимателни, особено во критични часови.
  • Соработка со полицијата и училиштата – заеднички мерки за едукација и дополнителен надзор во сообраќајно најризичните точки.
  • Видливо вложување во иднината – мал, но многу значаен чекор што покажува грижа за учениците и нивната безбедност.

Овој проект е пример за тоа како малите инвестиции во безбедноста можат да спасат животи и да создадат средина во која децата растат сигурно и спокојно.

Целна група

  • Ученици од сите училишта во општината
  • Наставници, родители, возачи и локални жители
  • Возачи на училиштен и јавен превоз

Рок на реализација

2 – 3 месеци

Буџет

  • Хоризонтална сигнализација: 120.000 – 180.000 ден.
  • Вертикални знаци: 100.000 – 150.000 ден.
  • Светлосни соларни сигнализатори (опциски): 200.000 ден.
  • Вкупен буџет: 400.000 – 500.000 ден.
  • Финансирање: Општински буџет + апликација до Биро за регионален развој или Светска банка преку МТСП или МОН.

МЕСНИ ПРОЕКТИ

Босилово

  • Решавање на проблемот со депонијата
  • Изградба на тротоари по должина на магистралниот пат М4
  • Уредување на водотеците
  • Асфалтирање улици во селото
  • Поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација пред училиштето
  • Реконструкција на бетонските канали
  • Реконструкција на двете бетонски вади на атмосферски води и продолжување (бетонирање) на другиот дел до спој со река Струмица
  • Редовно одржување на каналската мрежа
  • Редовно одржување најавните површини
  • Уредување на полските патишта

Робово

  • Изградба на нов тротоар покрај регионален пат спој А4 Банско (од влез до излез од двете страни)
  • Оградување и уредување на постојната депонијата
  • Асфалтирање на улица
  • Оградување на повеќенаменското игралиште и уредување на просторот околу него
  • Реконструкција на Дом на култура и преадаптација на просторија во пензионерски клуб
  • Решавање на проблемот со атмосферските води
  • Редовно одржување на јавните површини
  • Уредување на полските патишта

Еднокуќево

  • Изградба и асфалтирање улици
  • Изградба на нов мост на река Струмица со што се овозможува комуникација на граѓаните од Босилово – Еднокуќево ‒ Муртино
  • Уредување на турските гробишта
  • Решавање на проблемот со залежаната вода на центарот на селото
  • Изградба на ограден ѕид околу џамијата со бетон и мрежа
  • Уредување на полските патишта

Сарај

  • Изградба на систем за водоснабдување
  • Изградба и асфалтирање на улици
  • Оградување и хортикултурно уредување на паркот
  • Одредување место за привремено прифатилиште за отпад
  • Проширување на селските гробишта
  • Реконструкција на училишната зграда
  • Уредување на полските патишта
  • Уредување на водотеците

Старо Балдовци

  • Оградување и хортикултурно уредување на училишното игралиште
  • Изградба и асфалтирање улица
  • Реконструкција на локалниот пат Петралинци ‒ Старо Балдовци
  • Изградба на современа чешма за обезбедување на вода од подземна бушотина исправна за пиење и уредување на просторот со клупи и павер-елементи
  • Уредување на полски патишта
  • Уредување на водотеците
  • Решавање на проблем со диви депонии

Петралинци

  • Изградба и асфалтирање на улица
  • Уредување на училишниот двор
  • Реконструкција на објектот до продавницата и преадаптирање на просторија во пензионерски дом или центар за активно стареење
  • Бетонирање на каналот кон „Гама дизајн“
  • Изработка на техничка документација за канализација
  • Уредување на полските патишта
  • Решавање на проблемот со дивите депонии

Дрвош

  • Изградба на повеќенаменско игралиште со оградување
  • Довршување на започнатиот проект за водоснабдување
  • Решавање на проблем со диви депонии
  • Реконструкција на локални улици - двата крака
  • Уредување на полските патишта
  • Уредување на водотеците

Гечерлија

  • Довршување на започнатиот проект за водоснабдување
  • Изградба на тротоари од двете страни на селото од почеток до крај на селото
  • Уредување на просторот пред училиштето
  • Изградба и асфалтирање на улици
  • Реконструкција на патен правец Гечерлија ‒ Петралинци
  • Поставување ново сферно огледало
  • Одржување на јавна чистота
  • Решавање на проблемот со диви депонии
  • Поставување патна сигнализација – одбележување на училиштето
  • Одржување на каналската мрежа и пороите
  • Уредување на јавен простор
  • Реконструкција на објект (селски дом) и негова преадаптација во дневен центар за стари лица

Иловица

  • Изнаоѓање алтернативно решение за питка вода со подземни бушотини
  • Изградба и асфалтирање улици
  • Тампонирање и расчистување на локален пат Иловица ‒ Дрвош
  • Чистење на речното корито на река Иловица
  • Поставување цевки од Црквата до самопослугата
  • Осветлување на турски гробишта
  • Реконструкција и доградба на Дом на култура во Иловица
  • Уредување на полските патишта
  • Уредување на водотеците
  • Уредување најавни површини

Радово

  • Изградба на градинка
  • Внатрешно реновирање на училиштето
  • Оградување на училишниот двор и хортикултурно уредување
  • Изградба и асфалтирање улици
  • Изградба на тротоари по должина на локалниот пат
  • Реконструкција на локален пат Турново ‒ Радово
  • Уредување на полски патишта
  • Поставување хоризонтална и вертикална сигнализација пред училиштето
  • Одржување на јавната чистота
  • Уредување на јавни простори
  • Уредување на водотеците

Бориево

  • Реконструкција на Домот на култура и преадаптација на просторија во пензионерски дом или дневен центар за стари лица
  • Дислокација на постојната депонија и изнаоѓање нова локација
  • Решавање на проблемот со атмосферските води
  • Изградба и реконструкција на улици
  • Довршување на патен правец Бориево - Турново со препумување со агрегат
  • Уредување на полски патишта
  • Уредување на водотеците
  • Одржување на јавна чистота

Секирник

  • Уредување на депонијата и нејзино оградување
  • Изградба на нов мост кон м.в. Могила
  • Хортикултурно уредување и одржување на паркот
  • Канализација
  • Изградба на тротоари од двете страни, покрај магистралниот пат А4
  • Ставање во функција на големото спортско игралиште преку јавно приватно партнерство
  • Одржување на јавна чистота
  • Уредување на полските патишта
  • Уредување на водотеците

Турново

  • Изградба и асфалтирање на улици
  • Уредување на просторот пред Домот на култура
  • Уредување на полските патишта
  • Уредување на водотеците
  • Решавање на проблемот со диви депонии

Штука

  • Обнова на двата постојни зафати од Штучка Река, голем и мал зафат
  • Алтернативни бушотини за надополнување на постојните бушотини
  • Изградба на игралиште за мал фудбал над постојното игралиште
  • Изградба и асфалтирање на локални улици
  • Проширување и тампонирање на патот до манастирот
  • Оградување на постојната депонија и оградување
  • Проширување и тампонирање на патот до манастирот
  • Уредување на полските патишта
  • Уредување на водотеците
  • Изградба на тротоари во должина на локалниот пат

Моноспитово

  • Изградба и асфалтирање на локални улици
  • Прочистување и одржување на одводните канали
  • Уредување на „Младинскиот парк“
  • Изградба на училишна сала
  • Дислокација на постојна депонија на соодветно место
  • Уредување на полските патишта
  • Уредување на водотеците