Драги сограѓани, пријатели, соседи,

Гордо стојам пред вас со особена чест, одговорност и благодарност што ми ја давате довербата да бидам кандидат за градоначалник на нашата општина. Новаци е наш дом, нашата иднина и иднината на нашите деца. Верувам дека со работа, визија и искреност можеме да ја изградиме Општина Новаци како место каде што ќе има подобра инфраструктура, чиста животна средина, нови работни места и вистинска поддршка за младите и земјоделците.

Во периодот 2017 ‒ 2021 година додека ја извршував функцијата градоначалник на Општина Новаци, покажавме дека успехот за нашата општина е заедничкото дејствување, поддршката и соработката меѓу граѓаните, зашто јас бев градоначалник на сите граѓани на Општина Новаци без оглед на тоа дали на почеток бев ваш избор или не.

Мојата цел не е само да бидам градоначалник, туку да бидам ваш партнер и сојузник – човек што ќе ве слуша и ќе работи заедно со вас.

Заедно ќе изградиме општина со модерен изглед, општина што ќе биде пример за тоа како една мала општина може да биде голема во дела, во идеи и во успеси.

Ве повикувам на заедништво, на храброст и на визија. Новаци може и мора да биде многу повеќе! Јас гледам општина којашто не е само место за живеење, туку и место за развој, за младите да останат, за семејствата да просперираат, и за секој граѓанин да има достоинствен живот.

Почитувани сограѓани, иднината на Општина Новаци не е во рацете на еден човек. Ајде заедно да ги направиме промените и да изградиме општина на која ќе бидеме горди!

Ви благодарам!

Љубе Кузманоски

СОВЕТНИЧКА ЛИСТА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ОПШТИНА НОВАЦИ

  • 1. Македонка Соклевска
  • 2. Ропче Ангелковски
  • 3. Игор Петковски
  • 4. Јулијана Јованоска
  • 5. Менде Трајковски
  • 6. Елена Петковска
  • 7. Филип Стојановски
  • 8. Никола Митровски
  • 9. Флора Димовска

Ние, советничката група на СДСМ, се обраќаме директно до вас – граѓаните.

Веруваме дека нашата општина треба да биде пристојно место за живеење за сите граѓани. Ве уверуваме дека секој чекор ќе биде транспарентен, секоја одлука ќе биде заедничка, а секој граѓанин ќе има глас. Нашата општина може да биде светол пример за Македонија, општина што се развива со почит кон своите луѓе, со љубов кон својата земја и со поглед кон иднината.Заеднички за подобра Општина Новаци!

ШТО НАПРАВИВМЕ НИЕ:

Инвестиравме во локална патна инфраструктура, како и рехабилитација на неколку регионални патишта:

  • Изградени и реконструирани локални, регионални и полски патишта во вкупна должина од над 66 км
  • Изградени пешачки патеки и атмосферска канализација
  • Вложување во канализациска мрежа
  • Уредување на коритото на Порој во с. Гермијан
  • Реконструкција на доводен цевковод од 13 км во атарите на неколку села

Инвестиравме во предучилишното и основното образование:

  • Изградена нова детска градинка „Бамби“ со капацитет од 50 деца
  • Поставен котел на биомаса за енергетска ефикасност
  • Реконструирани санитарни јазли во неколку подрачни училишта
  • Обезбедени 25 инвертер клими и прочистувачи на воздух

Инвестиравме во изградба на нови паркови и игралишта:

  • Рекреативен парк и мултифункционално игралиште во Долно Агларци
  • Парк во Горно Агларци
  • Два детски парка во Новаци
  • Уредено капалиште на река Градешка
  • Поставена фонтана во Рибарци
  • Тениските игралишта во неколку села санирани и реконструирани во повеќенаменски терени со нова опрема

Набавивме нова опрема и 11 нови комунални возила за потребите на ЈКП Комунална и Општина Новаци, инвестиција вредна 27,5 милиони денари.

А ШТО (НЕ) НАПРАВИЈА ТИЕ?!

Од ТОП 10 ветени проекти – нереализирани

  • Секундарна гасификациска мрежа во с. Новаци.
  • Систем за наводнување од акумулацијата „Суводол“.
  • Изградба на мини акумулации и обезбедување вода за наводнување на земјоделските површини.
  • Изградба на бунари и артерски бунари.
  • Канализациски мрежи за селата Долно Агларци, Горно Агларци, Далбеговци, Гермијан, Бач и Рибарци.
  • Субвенционирање од страна на општината за подигнување насади и засејување на специфични земјоделски култури.
  • Субвенционирање за купување опрема за наводнување со цел постигнување повисоки и поквалитетни приноси на земјоделското производство.

Главни проблеми со кои се соочуваат жителите на општината

  • Проблеми со безбедноста во сообраќајот и пешаците во с. Новаци.
  • Проблем со водоснабдувањето во с. Арматуш и с. Мегленци.
  • Проблем со водоснабдувањето во целиот мариовски крај.
  • Проблем со канализацискиот систем во с. Новаци.
  • Проблем со аерозагадувањето од РЕК Битола.
  • Проблем со камионите за транспорт на јаглен од новиот рудник кај с. Живојно.
  • Немањето канализациски мрежи во поголемите села.
  • Проблем со загадувањето на поројот во с. Гермијан.
  • Јавната чистота во сите населени места е на најниско можно ниво.

МОЈАТА ВИЗИЈА

Зошто се кандидирам? Што е мотивот?

Се кандидирам затоа што имам визија и јасен план за Општина Новаци. Општината заслужува одговорно и чесно раководење што ќе работи на реални проекти што директно ќе го подобрат животот на сите нас.

Колку е важно да се има визија за општината и за нејзиниот развој?

Мојата визија не ја прават празни зборови, туку јасен план за Општина Новаци во која сите граѓани ќе имаат еднакви можности. Планот ќе се базира врз неколку клучни столба околу кои би гравитирале сите стратегии, политики и проекти.

Што мора да се направи во следниот мандат?

Верувам дека Општина Новаци може да биде пример за добро управување и успешна општина. Општина Новаци има цел да обезбеди одржлив развој користејќи ги расположливите природни ресурси и човечки потенцијали, кои преку конкретни и ефикасни проекти ќе бидат насочени кон создавање просперитетна иднина на целокупното население и заедницата.

Колку се важни младите за нашата општина?

Мој приоритет ќе биде градење ефикасен систем во кој ќе бидат интегрирани младите лица од нашата општина преку создавање услови и директна вклученост со цел максимално искористување на нивниот креативен и иновациски потенцијал.

Како гледате на општата безбедност на граѓаните? Кои се проблемите и како може да се решаваат?

Безбедноста на граѓаните значи мир и заштита на граѓаните. Потребна е подобра координација меѓу институциите, а општината мора да биде партнер со нив.

Дали доброто планирање на просторот и мобилноста се клуч за забрзан развој, но и за поквалитетно живеење? Што сметате дека е неопходно да се преземе во следниот период?

Со доброто планирање на просторот се обезбедува рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот, услови на хумано живеење и работа на граѓаните. Мобилноста има и друга димензија што овозможува поврзаност на селата со централното подрачје на општината и сеопфатен рамномерен социоекономски развој и здравствена заштита.

Особено во зимските месеци македонските градови се меѓу најзагадените во светот. Во многу места имаме проблем со диви депонии, а граѓаните имаат сериозни забелешки за јавната чистота дури и во најурбаните места. Осудени ли сме сите ние да живееме во ѓубре и отровен воздух?

Проблемот со дивите депонии е комплексен бидејќи тие секојдневно се појавуваат и покрај постојните законски регулативи и процедури. Но зависи од сите нас, од нашата заедничка самосвест за правилно управување, користење и депонирање на комуналниот отпад, како и користење енергија од обновливи извори. До решение за чиста и здрава животна средина се стигнува само со системско управување со отпадот, грижа за јавната чистота и инвестирање во праведна, зелена и енергетска ефикасност.

Довербата на граѓаните во системот е на многу ниско ниво, а општата перцепција на јавноста е дека корупцијата цвета во нашата држава. Дали може да ја повратиме таа доверба? Дали подобрувањето на општинските услуги, зголемувањето на транспарентноста и отвореноста на општината кон граѓаните може да даде нова надеж?

Свесни за состојбите, за разочараноста на граѓаните и за политичката апатија што владее во општеството, храбро ја преземаме одговорноста да бидеме политички медиум преку кој граѓаните ќе можат да го направат посакуваниот целосен рестарт на системот. Општината ќе биде место каде што граѓаните ќе се чувствуваат свои на своето и ќе биде слушнат нивниот глас.

Иселувањето е еден од најголемите проблеми, а следствено и наталитетот е во драстично опаѓање. Имаме ли иднина без луѓе? Како да ги задржиме луѓето во своите места да продолжат да живеат со перспектива за себе и за своите деца?

Иселувањето го зема својот данок, а последиците се видливи – се намалува работоспособното население, опаѓа економијата и се празнат нашите села. Мораме најитно да преземеме мерки и политики како на централно, така и на локално ниво, со кои ќе создадеме поволни услови за поквалитетно образование, конкурентни плати, фер услови за работа, подобри социоекономски мерки.

Зошто граѓаните да гласаат за вас? Што е тоа по што сте различни од другите за да ви ја дадат токму вам довербата?

Она што ме прави поразличен од другите е мојата верба дека со работа, визија и искреност можеме да ја изградиме Општина Новаци во едно пристојно место за живеење со просперитетна иднина за сите наши сограѓани. Мојата цел не е само да бидам градоначалник, туку партнер со граѓаните што ќе ги слуша и работи за нивните интереси.

Заедно да ги менуваме состојбите!

Програма и Приоритети

  • Функционален и безбеден јавен простор
  • Изградба на нови и реконструкција на постојни спортски и детски игралишта
  • Обележување на пешачки премини со сигнализација
  • Поставување на забавувачи на брзината на главниот пат што поминува низ с. Новаци
  • Поставување забавувачи со видлива сигнализација пред училиштата и детската градинка
  • Поставување на столпчиња на пешачки патеки покрај главен пат
  • Нови сообраќајни решенија за паркирање и регулирање на сообраќајот
  • Чиста и здрава животна средина
  • Против изградба на регионална депонија во Новаци – референдумско изјаснување
  • Изградба на фекални канализациски системи со пречистителни станици во повеќе села
  • Изградба на атмосферска канализација во сите населени места
  • Редовно чистење на дивите депонии
  • Поставување сензори за аерозагадување
  • Подигнување зелени појаси околу населените места
  • Субвенции за соларни системи за топла вода
  • Засадување мини зелени површини за сенка и рекреација
  • Субвенции за садници – дрвја
  • Награди за најубав двор, најчист двор и најмногу собран отпад
  • Сезонско чистење и одржување на каналската мрежа
  • Поставување соларни панели на училишта, градинки и институции
  • Општина по мерка на граѓаните
  • Креирање програми и стратегии во дослух со граѓаните
  • Отчетна и транспарентна општина – нулта корупција
  • Ефикасна и услужна администрација
  • Телефонска линија за брзи интервенции
  • Е-катастар – шалтер
  • Отворени денови со градоначалникот и советниците
  • Форуми на заедницата за креирање на буџетот
  • Младите во фокусот – нова парадигма
  • Субвенции за полагање возачки испит до 26 години
  • Формирање хаб за млади
  • Грантови за младински проекти
  • Бесплатни обуки за дигитални вештини и маркетинг
  • Локален младински совет во Советот на Општината
  • Финансиска помош за деца без родителска грижа
  • Финансиска помош за првачиња
  • Здрав и квалитетен оброк за секој ученик
  • Ученички униформи за сите ученици
  • Таблети за ученици од 4 одделение
  • Награди за ученици на генерацијата
  • Бесплатен оброк, превоз и прибор за ученици со попреченост
  • Бесплатни часови за ранливи категории
  • Дигитализација на Младинскиот културен центар
  • Изградба на отворен базен и бесплатни часови по пливање
  • Програми за вработување и практиканство
  • Поддршка за културни и научни проекти
  • Финансиска помош за млади лица со попреченост
  • Организирање велосипедска тура

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

Пречистителна станица за фекални отпадни води во с. Новаци

Опис на проектот

Село Новаци како најголемо населено место во општината е единствено населено место со целосна изградба на фекална канализација. Проблем е нефункционалноста на мрежата и немањето пречистителна станица. Отпадните фекални води се влеваат во спореден канал што се влева во Црна Река. Поради недоволниот капацитет на каналот како реципиент и нередовното чистење од вегетација, се создаваат проблеми во канализацискиот систем и се појавува миризба и излевање на фекалиите од шахтите. Со директно излевање на фекалиите во реката, таа се загадува. Пречистителната станица таргетира околу 1 200 жители. Потребно е изготвување проектна документација и обезбедување финансиски средства преку МЖСПП и буџетот на Општина Новаци.

Влијание на проектот:

Со овој проект долгорочно ќе се реши проблемот со фекалната канализација во с. Новаци со која ќе бидат опфатени околу 1 200 жители и ќе се заштити Црна Река од загадување.

Целна група

Жителите на с. Новаци

Рок на реализација

2026 ‒ 2028 година

Хидросистем за наводнување на земјоделските површини

Опис на проектот

Станува збор за мал ефикасен и еколошки систем за наводнување на површина од 400 хектари. Средства ќе се обезбедат преку грант од ИПА со вредност од околу 1,5 милиони евра. Предвидено е да се користи водата од акумулацијата Суводол. Има постоен цевковод што ќе се рехабилитира со дополнителна изградба на примарни и секундарни цевководи до секој индивидуален земјоделец. Ќе бидат опфатени неколку населени места покрај текот на Црна Река.

Влијание на проектот:

Со овој проект ќе се опфатат неколку поголеми населени места и земјоделски површини покрај текот на Црна Река. Примарно ќе се наводнува површина од 400 хектари. Проектот ќе придонесе за зголемени приноси на засадените земјоделски култури и за полесен пристап на земјоделците до вода за наводнување.

Целна група

Земјоделци од неколку населени места

Рок на реализација

2026 ‒ 2028 година

Буџет

1,5 милиони евра

Топлификација на с. Новаци – изградба на примарна и секундарна дистрибутивна мрежа

Опис на проектот

Станува збор за веќе започнат проект за изградба на систем за топлификација на Битола, Новаци и Могила. Изграден е централен топловод во Битола и се работи на примарна и секундарна дистрибутивна мрежа. Проектот е финансиран преку кредит од германската KFW банка во вредност од 40 милиони евра со дополнителна инвестиција од АД ЕСМ во вредност од 7 милиони евра. Првенствено на дистрибутивната мрежа ќе се поврзат институции, а потоа и индивидуалните куќи. За овој проект за изградба на секундарна топловодна мрежа за с. Новаци е изработена проектна документација преку УСАИД во вредност од 36.000 долари за дел од примарна мрежа.

Влијание на проектот:

Влијанието од овој проект ќе биде огромно, првенствено за заштита на животната средина, намалување на загадувањето со што ќе се замени традиционалниот начин на загревање на домовите.

Целна група

Сите жители од с. Новаци

Рок на реализација

2026 ‒ 2029 година

ПРОЕКТИ

Изградба на локален пат до с. Будимирци во должина од 1,5 км

Опис на проектот

Проектот опфаќа изградба и асфалтирање на локален пат од клучката с. Старавина до с. Будимирци во должина од 1,5 км. Овој пат со децении е проблем за жителите од ова населено место што се наоѓа во мариовскиот крај. Локалниот пат е земјен и со многу оштетувања и е тешко пристапен за лесни возила. Изработена е проектна документација.

Влијание на проектот:

Проектот ќе влијае врз подобрување на патната инфраструктура во ова населено место, враќање на локалното население, привлекување туристи и посетители.

Целна група

Жителите од с. Будимирци, туристи и посетители

Рок на реализација

2026 ‒ 2027 година

Изградба на водоводен систем за с. Мегленци и с. Арматуш

Опис на проектот

Проектот предвидува изградба на нов систем за снабдување со вода за пиење за две населени места, кои моментално се снабдуваат со вода за пиење од локален водовод што не гарантира чиста и питка вода. Проектот предвидува реконструкција на постојните резервоари и нови пумпни станици што ќе обезбедат поголема количина на испумпана вода, нова водоводна мрежа со приклучоци до секое домаќинство.

Влијание на проектот:

Проектот ќе придонесе за подобрување на квалитетот на водата за пиење, поголеми количини пивка вода, како и редовно снабдување со вода за пиење без прекини во летниот период.

Целна група

Жителите од с. Мегленци и с. Арматуш

Рок на реализација

2026 ‒ 2028 година

Изградба на секундарна водоводна мрежа во с. Живојно и примарна водоводна мрежа до с. Брод, с. Добровени и с. Скочивир

Опис на проектот

Проектот предвидува изградба на секундарна водоводна мрежа во с. Живојно од примарниот цевковод. Паралелно со овој проект ќе се изгради и примарна водоводна мрежа до с. Брод, с. Добровени и с. Скочивир, како продолжителни примарни краци од главниот цевковод. Овој проект е втора фаза од изградбата на овој систем.

Влијание на проектот:

Ќе се изврши целосна замена на постојната мрежа со нова и сите граѓани ќе имаат редовно чиста и во доволни количества пивка вода.

Целна група

Жителите од с. Живојно, с. Брод, с. Добровени, с. Скочивир

Рок на реализација

2026 ‒ 2028 година

Изградба на пешачка патека со осветлување до камениот мост во с. Зовиќ

Опис на проектот

Изработена е проектна документација што предвидува изградба на пешачка патека со бехатон-плочки и осветлување во должина од околу 450 м, која ќе се протега од центарот на с. Зовиќ до Камениот мост. Патеката ќе биде збогатена со урбана опрема и туристички инфотабли и патокази.

Влијание на проектот:

Со реализација на овој проект директно ќе се влијае на развојот и унапредување на локалниот туризам во с. Зовиќ.

Целна група

Жителите на с. Зовиќ, жителите од неколку населени места од мариовскиот крај, туристи и посетители

Рок на реализација

2026 ‒ 2027 година

Изградба на отворен базен во с. Новаци

Опис на проектот

Се предвидува изградба на отворен базен со комплекс на рекреативно-забавни реквизити, топогани, шанкови, соблекувални и бањи со сите други инфраструктурни објекти, како и кафуле во рамките на базенот. Локацијата е утврдена во близина на Спортскиот центар во Новаци. Во соработка со пливачки клуб ќе се организираат и часови по пливање и нуркање.

Влијание на проектот:

Проектот директно ќе влијае врз развојот и унапредувањето на благосостојбата и животот на младите во с. Новаци и од другите населени места, но и врз економската моќ на општината.

Целна група

Жителите од с. Новаци и од околните населени места од цела општина, млади, туристи и посетители од други општини и населени места

Рок на реализација

2026 ‒ 2028 година

Буџет

Проектот ќе се финансира преку Агенцијата за млади и спорт и буџетски средства

Проект-субвенции за зголемување на енергетската ефикасност

Опис на проектот

Со цел зголемување на енергетската ефикасност, ќе се обезбедат субвенции за набавка на високоефикасни инвертер клима-уреди, сончеви колектори, термоизолациски фасади, ПВЦ-прозорци и печки на пелети.

Влијание на проектот:

Проектот директно ќе влијае врз зголемувањето на енергетската ефикасност и зголемената употреба на енергија од обновливи извори, што ќе придонесе за намалување на загадувањето и заштита на животната средина. Исто така ќе се стимулираат жителите за примена на обновливи и еколошки извори на енергија, како и ефикасно користење на енергијата, заштеда на енергија итн.

Целна група

Жителите од Општина Новаци

Рок на реализација

2026 ‒ 2030 (секоја година повици)

Поставување фотоволтаичен системи на сите училишни објекти, општинската зграда и детската градинка

Опис на проектот

Со цел подобрување на енергетската ефикасност, со овој проект е предвидено поставување фотоволтаични системи на сите училишни објекти, општинската зграда и детската градинка, со цел намалување на сметките за електрична енергија, заштита на животната средина, како и заштеда на средства. Заштедените средства ќе се инвестираат во подобри образовни услови и поквалитетен образовен процес.

Влијание на проектот:

Ќе влијае врз зголемување на енергетската ефикасност и енергетска независност, заштеда на средства, намалување на загадувањето и заштита на животната средина.

Целна група

Учениците од централното основно училиште, учениците од подрачните училишта, децата од градинката, администрацијата и останати.

Рок на реализација

2026 ‒ 2028 година

МЕСНИ ПРОЕКТИ

МЗ с. Новаци

  • Изградба на пречистителна станица за фекални отпадни води
  • Изградба на секундарна топловодна мрежа
  • Систем за наводнување на земјоделски површини
  • Реконструкција на тротоари во должина од 4 км
  • Изградба на обиколен пат до РЕК „Битола“
  • Изградба и реконструкција на локални улици
  • Асфалтирање на локален пат до манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“
  • Изградба на колска вага
  • Подигнување зелен појас околу Новаци
  • Партерно уредување на простор со поставување урбана опрема
  • Поставување фотоволтаици на општинска зграда, детска градинка и централно училиште во Новаци
  • Изградба на атмосферска канализација
  • Поставување туристичка инфосмарт табла со сите туристички дестинации во Општина Новаци
  • Отворање е-катастар
  • Отворање експозитура на банка
  • Молерско-занаетчиски работи и партерно уредување на цркви и манастири

МЗ с. Долно Агларци

  • Изградба на паркинг-простор пред локалната црква
  • Изградба на канализациски систем со пречистителна станица
  • Изградба на локален пат до манастирот „Св. Константин и Елена“
  • Изградба на натстрешница кај манастирот „Св. Константин и Елена“
  • Подигнување зелен појас околу селото
  • Реконструкција на локален пат и улици
  • Изградба на тротоари
  • Тампонирање на полски патишта
  • Изградба на пешачка и велосипедска патека од Долно Агларци до Горно Агларци
  • Партерно уредување на простор со поставување урбана опрема

МЗ с. Горно Агларци

  • Изградба на паркинг-простор пред локалната црква
  • Изградба на канализациски систем со пречистителна станица
  • Изградба на атмосферска канализација
  • Изградба на мегапарк и негово пошумување
  • Подигнување зелен појас околу селото
  • Реконструкција на локална улици во должина од 1 км
  • Изградба на пешачка патека
  • Тампонирање на полски патишта
  • Изградба на пешачка и велосипедска патека од Долно Агларци до Горно Агларци
  • Партерно уредување на простор со поставување урбана опрема
  • Фотоволтаичен систем на подрачно училиште
  • Молерско-занаетчиски работи и партерно уредување на цркви и манастири

МЗ с. Арматуш

  • Изградба на детски парк со реквизити
  • Изградба на локален водовод
  • Изградба на атмосферска канализација
  • Изградба на пешачка патека
  • Изградба и реконструкција на локални улици
  • Тампонирање на полски патишта
  • Изградба на нови бетонски и реконструкција на постојни водопоила

МЗ с. Живојно

  • Изградба на детски парк со реквизити
  • Изградба на секундарна водоводна мрежа
  • Изградба на атмосферска канализација
  • Изградба на пешачка патека
  • Изградба на нови и реконструкција на постојни локални улици и нивно проширување
  • Тампонирање на полски патишта
  • Изградба на нови бетонски и реконструкција на постојни водопоила
  • Асфалтирање на локален пат до манастир
  • Партерно уредување на простор со поставување урбана опрема
  • Изградба на бунари и артерски бунари
  • Молерско-занаетчиски работи и партерно уредување на цркви и манастири

МЗ с. Бач

  • Изградба на детски парк со реквизити
  • Изградба на секундарна водоводна мрежа
  • Изградба на атмосферска канализација
  • Изградба на пешачка патека
  • Изградба на нови и реконструкција на постојни локални улици
  • Тампонирање на полски патишта
  • Изградба на нови бетонски и реконструкција на постојни водопоила
  • Реконструкција и чистење резервоари од локален водовод
  • Партерно уредување на простор со поставување урбана опрема
  • Изградба на бунар
  • Фотоволтаичен систем на подрачно училиште
  • Молерско-занаетчиски работи и партерно уредување на цркви и манастири

МЗ с. Брод

  • Изградба и асфалтирање на локален пат до с. Брод ‒ 1,5 км
  • Реконструкција на локален водовод
  • Изградба на атмосферска канализација
  • Изградба на пешачка патека
  • Изградба на нови и реконструкција на постојни локални улици
  • Тампонирање на полски патишта
  • Изградба на нови бетонски и реконструкција на постојни водопоила
  • Поставување на туристички инфосмарт табли
  • Партерно уредување на простор
  • Заштита и обновување со партерно уредување на сите споменици на културата и обележја
  • Молерско-занаетчиски работи и партерно уредување на цркви и манастири

МЗ с. Гермијан

  • Чистење на Порој - двапати во годината во пролет и есен
  • Изградба на индустриска зона 2
  • Изградба на фекална канализација со пречистителна станица
  • Партерно уредување на јавен простор
  • Фотоволтаичен систем на подрачно училиште
  • Изградба и одржување на полски патишта
  • Изградба на пешачки патеки
  • Изградба и асфалтирање на локални патишта и улици
  • Изградба на бунари и артерски бунари
  • Изградба на атмосферска канализација
  • Изградба на водопоила
  • Молерско-занаетчиски работи и партерно уредување на цркви и манастири

МЗ с. Билјаник

  • Асфалтирање на локален пат до црквата „Св. Талалеј“
  • Партерно уредување на дворот на црквата „Св. Талалеј“

МЗ с. Далбеговци

  • Изградба и реконструкција на локални патишта и улици
  • Изградба и санација на полски патишта
  • Изградба на пешачки патеки
  • Изградба на атмосферска канализација
  • Изградба на мегапарк со рекреативно-забавни содржини, клупи и маси со партерно уредување
  • Партерно уредување на јавен простор
  • Пошумување со зелен појас околу селото и поголемите јавни површини
  • Изградба на детски парк
  • Изградба на соблекувални во рамките на фудбалскиот стадион
  • Изградба на фотоволтаичен систем на подрачно училиште
  • Молерско-занаетчиски работи и партерно уредување цркви и манастири

МЗ с. Добромири

  • Изградба на пешачка патека
  • Изградба на атмосферска канализација
  • Изградба и реконструкција на локални улици
  • Изградба на парк со партерно уредување
  • Изградба на втора фаза од канализацискиот систем со пречистителна станица
  • Изградба на соблекувални и бањи во рамките на фудбалскиот стадион
  • Изградба на фотоволтаичен систем на подрачно училиште
  • Изградба на нови и тампонирање на постојни полски патишта
  • Молерско-занаетчиски работи и партерно уредување цркви и манастири

МЗ с. Маково

  • Изградба на нови и реконструкција на постојни локални улици и патишта
  • Изградба на пешачка патека
  • Изградба на атмосферска канализација
  • Партерно уредување на јавен простор
  • Реконструкција на амбуланта
  • Реконструкција на објект на месна заедница
  • Изградба на бунар за техничка вода
  • Изградба на водопоила и собирници за вода
  • Изградба на хидрант за потребите на противпожарната служба за интервенција во мариовскиот крај
  • Молерско-занаетчиски работи и партерно уредување на цркви и манастири

МЗ с. Рибарци

  • Оградување на локалната црква со партерно уредување со осветлување
  • Молерско-занаетчиски работи во локалната црква
  • Реконструкција на објект на месната заедница
  • Изградба на нови локални улици
  • Изградба и санација на полски патишта
  • Изградба на пешачка патека
  • Партерно уредување на јавен простор
  • Молерско-занаетчиски работи и партерно уредување на цркви и манастири

МЗ с. Градешница

  • Изградба на локален пат до манастирот „Св. Илија“ – втора фаза
  • Изградба на локални улици со бехатон-плочки
  • Изградба на атмосферска канализација
  • Дислокација на локална мини депонија, оградување и редовно чистење
  • Изградба на пешачки патеки
  • Партерно уредување со осветлување на локална црква
  • Изградба на парк со рекреативно-забавни реквизити и партерно уредување
  • Изградба на сместувачки капацитети и реконструкција на објекти во сопственост на општината
  • Реконструкција на резервоарите за вода и подобрување на водоснабдувањето
  • Изградба на видиковци со партерно уредување
  • Поставување урбана опрема
  • Молерско-занаетчиски работи и партерно уредување на цркви и манастири

МЗ с. Зовиќ

  • Изградба на пешачка патека со осветлување од центарот до камениот мост
  • Партерно уредување на јавен простор
  • Изградба на туристичко-информативни смарт-табли
  • Изградба на патокази и табли со агенди за сите туристички дестинации и културно историски споменици
  • Реконструкција на водоводна мрежа
  • Изградба и реконструкција на локални улици
  • Изградба на сместувачки капацитети и адаптација на општински објекти
  • Изградба на рекреативен парк
  • Изградба на бунар за вода со хидрант за потребите на противпожарната служба и за локалното население
  • Изградба на водопоила
  • Изградба на видиковци со партерно уредување
  • Поставување урбана опрема
  • Молерско-занаетчиски работи и партерно уредување на цркви и манастири

МЗ с. Старавина

  • Реконструкција на водоводната мрежа и подобрување на водоснабдувањето
  • Партерно уредување на јавен простор
  • Изградба на туристичко-информативни смарт-табли
  • Изградба на патокази и табли со агенди за сите туристички дестинации и културно-историски споменици
  • Изградба на водопоила
  • Реконструкција на резервоарите за вода
  • Изградба и реконструкција на локални улици
  • Изградба на бунар за вода со хидрант за потребите на противпожарната служба и за локалното население
  • Молерско-занаетчиски работи и партерно уредување на цркви и манастири

МЗ с. Будимирци

  • Изградба на локален пат од крстосница Старавина до Будимирци во должина од 1,5 км
  • Партерно уредување на јавен простор
  • Реконструкција на резервоарите за вода и водоводната мрежа
  • Изградба и реконструкција на локални улици
  • Изградба на бунар за вода со хидрант за потребите на противпожарната служба и за локалното население
  • Тампонирање на локални патишта
  • Поставување урбана опрема
  • Молерско-занаетчиски работи и партерно уредување на цркви и манастири

МЗ с. Рапеш

  • Асфалтирање на локални улици
  • Партерно уредување на јавен простор и урбана опрема
  • Реконструкција на резервоарите за вода и водоводната мрежа
  • Изградба и реконструкција на локални улици
  • Изградба на бунар за вода со хидрант за потребите на противпожарната служба и за локалното население
  • Изградба на видиковци со партерно уредување
  • Тампонирање на локални и полски патишта
  • Изградба на водопоила и собирници за вода
  • Молерско-занаетчиски работи и партерно уредување на цркви и манастири

МЗ с. Долно Орехово/Паралово

  • Асфалтирање на локални улици
  • Партерно уредување на јавен простор и урбана опрема
  • Реконструкција на резервоарите за вода и водоводната мрежа
  • Изградба на нови и тампонирање на постојни полски патишта
  • Изградба на бунар за вода со хидрант за потребите на противпожарната служба и за локалното население
  • Изградба на водопоила и собирници за вода
  • Молерско-занаетчиски работи и партерно уредување на цркви и манастири
  • Асфалтирање на локален пат до манастир Св. Ѓорѓија и гроб на војводата Сугарев

МЗ с. Гнеотино

  • Асфалтирање на локални улици
  • Партерно уредување на јавен простор и урбана опрема
  • Изградба на нови и тампонирање на постојни полски патишта
  • Изградба на бунар за вода со хидрант за потребите на противпожарната служба и за локалното население
  • Изградба на водопоила и собирници за вода
  • Молерско-занаетчиски работи и партерно уредување на цркви и манастири