ЖИВОТНА СРЕДИНА И ЕКОЛОГИЈА
- Промена на фасадната конструкција на колективните згради со типски модел
Санација на фасадите на колективните станбени згради преку примена на унифициран, енергетски ефикасен типски модел на фасадна конструкција. Со ова ќе се овозможи поекономична реализација, подобар визуелен изглед и значително намалување на енергетските загуби. Мерката вклучува изработка на типска техничка документација и субвенционирање на изведбата за заедниците на станари.
Рок на реализација 2028-2029
Вредност 500.000 евра
Локација: Колективни домувања во Општина Крива Паланка
Инвеститор: донатори и Општина Крива Паланка
- Собирање и селектирање електричен отпад
Поставување пунктови за собирање електричен отпад на јавни површини и во образовните институции.
Рок на реализација 2025-2029
Вредност 400.000 денари
Локација: Обележани локации во градот
Инвеститор: Општина Крива Паланка и домашни компании
- Собирање, селектирање и рециклирање хартија
Општина Крива Паланка во соработка со ЈП „Комуналец“ Крива Паланка ја проширува дејноста за собирање и селектирање хартија. Ќе бидат поставени типизирани контејнери на повеќе локации низ општината. Ќе се пристапи кон рециклирање на хартијата од страна на овластена компанија во соработка со ЈП „Комуналец“ Крива Паланка
Рок на реализација 2026-2029
Вредност: 2.500.000 денари
Локација: различни локации
Инвеститор: ЈП „Комуналец“
- Пречистителна станица за град Крива Паланка
Изградба на главен колектор и изградба на прочистителна станица на Крива Река (по фази). Со реализација на овој проект значително ќе се подобри животната средина во општината.
Рок на реализација 2025-2029
Вредност: 10.000.000 евра
Локација: Општина Крива Паланка
Инвеститор: Општина Крива Паланка
- Дигитален систем за наводнување зелени површини
Со овој проект ќе добиеме значителна заштеда на вода, како и поквалитетни зелени
површини.
Рок на реализација 2027-2029
Вредност: 10.000 евра
Локација: Општина Крива Паланка
Инвеститор: Општина Крива Паланка
- Поставување решетки на речното корито на Крива Река и Дурачка Река
Поставување решетки за прифаќање крупен отпад што се движи по водата во речното корито,
што ќе придонесе за заштита на биодиверзитетот.
Рок на реализација 2026-2029
Вредност: 200.000 денари
Локација: Општина Крива Паланка
Инвеститор: Општина Крива Паланка
- Поставување подземни контејнери
Поставување подземни контејнери и набавка на возило за почиста, поуредена и поеколошка
општина. Оваа инвестиција ќе придонесе за подобрување на урбаната средина, заштита на
здравјето на граѓаните и ефикасно управување со отпадот на долг рок.
Рок на реализација 2027-2029
Вредност: 400.000 евра
Локација: Општина Крива Паланка
Инвеститор: Општина Крива Паланка и донатори
- Подигнување нови зелени површини
Подигнување нови зелени површини покрај магистралниот пат и во околните населби
Вредност: 1.000.000 денари
Локација: Општина Крива Паланка
Инвеститор: Општина Крива Паланка
- Промена на атмосферски решетки и сливници
Проектот предвидува замена на оштетени и дотраени атмосферски решетки и сливници на
повеќе локации низ урбаното подрачје на Крива Паланка. Активностите опфаќаат демонтажа
на постојните елементи, поставување нови решетки и сливници согласно со стандардите за
безбедност и проток, како и подобрување на одводната инфраструктура за поефикасно
справување со атмосферските води.
Рок на реализација 2027-2029
Вредност: 500.000 денари
Локација: Општина Крива Паланка
Инвеститор: Општина Крива Паланка
- Поставување фотоволтаичен парк со моќност до 1 MW
Проектот предвидува поставување фотоволтаичен парк со инсталирана моќност до 1 MW на
покривната конструкција од новоизградената катна гаража во Крива Паланка. Системот ќе се
состои од соларни панели, инвертери и потребна електроинфраструктура за поврзување со
електроенергетската мрежа. Проектот ќе се реализира согласно со важечките технички и
енергетски стандарди.
Рок на реализација 2027-2029
Вредност: 100.000 евра
Локација: Општина Крива Паланка
Инвеститор: Општина Крива Паланка и донатори
СООБРАЌАЈ
Сообраќајната инфраструктура е основен услов за економски развој, безбедност и
поквалитетен живот. Нашата визија е Крива Паланка да стане урбанистички уреден и поврзан
град, со одржлив и достапен сообраќај – од центарот до најоддалеченото село. Со модерни,
безбедни и функционални решенија, ќе ги подобриме условите за движење на граѓаните,
стопанството и јавните служби.
- Обновување на хоризонтална и вертикална сигнализација
- Замена на старите и дотраени сообраќајни знаци во град Крива Паланка
- Обнова на хоризонталната сигнализација
- Заштита на најмладите учесници во сообраќајот и зголемена безбедност пред
основните и средни училишта.
- Поставување лежечки полицајци и хоризонтална сигнализација пред главните
влезови на училиштата.
Рок на реализација 2027-2028
Вредност: 1.000.000 денари
Локација: Општина Крива Паланка
Инвеститор: Општина Крива Паланка
- Воведување зонско паркирање во урбаниот дел на градот
Подобрување на уреденоста на јавниот простор и олеснување на секојдневното паркирање за
жителите и деловните субјекти.
- Воведување зонско паркирање со различна цена и време – зелена (бесплатна за
станари), сина и црвена зона
- Поставување паркомати и можност за плаќање преку мобилна апликација
- Обележување на паркинг-места за лица со попреченост и мајки со мали деца
- Создавање резервирани паркинг-зони кај Општината, здравствените установи и
пазарот.
Рок на реализација 2027-2029
Вредност: 700.000 денари
Локација: урбано подрачје на градот
Инвеститор: Општина Крива Паланка
- Насипување и тампонирање на земјени патишта
- Подобрена пристапност до руралните и земјоделски подрачја, како предуслов за
развој и останување на населението во селата.
- Идентификација на приоритетни рурални патишта што водат до ниви, пасишта и
оддалечени куќи
- Механичко тампонирање и насипување со тампон-материјал.
Рок на реализација 2027-2029
Вредност: 1.000.000 денари
Локација: рурални населени места
Инвеститор: Општина Крива Паланка
- Воспоставување меѓуопштинска соработка со Општина Ранковце
Проектот предвидува воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу Општина Крива
Паланка и Општина Ранковце за воведување организиран меѓуопштински линиски превоз на
патници. Целта е да се обезбеди редовна, достапна и ефикасна транспортна услуга за
граѓаните на двете општини, особено за ученици, работници, повозрасни лица. Активностите
вклучуваат усогласување на надлежности, определување на временскиот распоред, избор на
оператор и обезбедување соодветна автобуска инфраструктура. Проектот придонесува кон
подобра мобилност, економска поврзаност и зголемен квалитет на живот во пограничниот
регион.
Рок на реализација 2027-2029
Вредност: 50.000 евра
Локација: Општина Крива Паланка
Инвеститор: Општина Крива Паланка и Општина Ранковце
- Изработка на ДУП за дел од блок С-01 (Градски базен)
Со донесување на овој детален урбанистички план, Крива Паланка ќе добие нов затворен
базен и нови придружни содржини, кои покрај што ќе дадат нов, урбан лик на градот,
општината ќе инвестира во здравјето, спортот и благосостојбата на граѓаните, а со тоа и во
самиот квалитет на животот во градот. Со соодветна поддршка и планирање, овој простор ќе
стане важен центар за развој и напредок.
Рок на реализација 2027-2029
Вредност: 900.000 денари
Локација: Општина Крива Паланка
Инвеститор: Општина Крива Паланка
- Изработка на ДУП за дел од блок Ј-01 (кај клучката со експресниот пат)
Изработката и донесувањето на овој детален урбанистички план којшто ќе биде со намена за
изградба на деловни објекти е од голема важност за градот. Планирањето на површини за
деловни објекти е клучен елемент во секој модерен град. Донесувањето на овој план значи
стимулирање на локалната економија и вработеност, создавање зони за комерцијална
активност, подобрување на квалитетот преку лесна достапност на услуги, како и
растоварување на централното градско подрачје преку рамномерно распределување на
деловните функции.
Рок на реализација 2027 − 2029
Вредност: 700,000 денари
Локација: Општина Крива Паланка
Инвеститор: Општина Крива Паланка
- Изработка на ДУП за дел од блок З-02 (Мизовски Ливади)
Изработката и донесувањето на овој детален урбанистички план, кој ќе биде со намена за
изградба на објекти за домување, ќе овозможи урбано ширење на градот кон југозапад и
создавање нова урбана населба, бидејќи постои потреба од населување на нова зона и
создавање услови за легална изградба на станбени објекти. Со донесување на овој план ќе се
добие нова организирана и инфраструктурно подготвена населба наместо хаотично и диво
изградена зона, зголемена вредност на земјиштето и безбедност на инвестициите, како и
подобра контрола врз урбаниот раст и одржлив развој.
Рок на реализација 2027 − 2029
Вредност: 900.000 денари
Локација: Општина Крива Паланка
Инвеститор: Општина Крива Паланка
- Изработка на планска документација за Калин Камен
Со донесување на оваа планска документација, општината ќе овозможи контролирана градба
на овој простор, без притоа да се наруши природата. Ќе се предвидат зони за изградба на
сместувачки капацитети, пешачки и велосипедски патеки, скијачка патека и жичарница,
обезбедување пристапна и еколошка инфраструктура, заштита на природните ресурси преку
јасно обележани зелени и заштитни зони. Донесувањето на оваа планска документација е
основа за паметно користење на просторот, задоволување на јавниот интерес и заштита на
природните богатства. Овој план е предуслов за економски и еколошки развој.
Рок на реализација 2027-2029
Вредност: 750.000 денари
Локација: Општина Крива Паланка
Инвеститор: Општина Крива Паланка
ОПШТИНА – СЕРВИС НА ГРАЃАНИТЕ
Онлајн креирање и плаќање на сите услуги што ги нуди општината, односно онлајн наплата за
решенија за данок на имот и комунална такса, извод од ДУП, елаборат за животна средина,
барање за поставување урбана опрема, комплетна и сл.
Рок на реализација: 2026 ‒ 2029
Вредност: 600.000 денари
Локација: Општина Крива Паланка
Инвеститор: Општина Крива Паланка
- Поставување паметни информативни табли преку ЈПП
Поставување паметни информативни табли на повеќе локации во градот (плоштад, парк, ул.
„Св. Јоаким Осоговски“). На овие табли би се презентирале сите новости и случувања во
градот, информации за сервиси што ги нуди општината и би нуделе бесплатен интернет.
Рок на реализација 2026 - 2027
Вредност: 800.000 денари
Локација: Општина Крива Паланка
Инвеститор: Општина Крива Паланка
- Реконструкција на фасадата на општинската зграда
Проектот предвидува реконструкција на фасадата на општинската зграда на Крива Паланка, со
цел подобрување на естетскиот изглед, енергетската ефикасност и заштитата на објектот.
Активностите опфаќаат санација на оштетените делови, поставување нова термофасада со
изолација, замена или обнова на фасадната столарија и изведба на декоративни елементи во
согласност со архитектонскиот стил на објектот. Со проектот се очекува намалување на
потрошувачката на енергија, подобрување на условите за работа во општинската
администрација и визуелно уредување на централното градско подрачје.
Рок на реализација 2027-2028
Вредност: 2.500.000 денари
Локација: Општина Крива Паланка
Инвеститор: Општина Крива Паланка
ОБРАЗОВАНИЕ, СПОРТ И МЛАДИ
- Доуредување на спортски комплекс
Спортски комплекс е место во кое се случуваат најголемите спортски збиднувања. Во
изминатите години беа реализирани неколку проекти во рамките на овој комплекс. Во
наредните години, со реализација на планираните проекти, спортскиот комплекс
дополнително ќе се модернизира и ќе може да ги подобри можностите за спорт и рекреација.
- обнова на тревна површина и поставување систем за наводнување
- изградба на помошни патеки
- поставување урбана опрема
- изградба на нови паркинг-места за потребите на спортскиот комплекс
- осветлување на спортскиот комплекс
- соблекувална со туш за рекреативни и врвни спортисти.
Рок на реализација: 2027 ‒ 2028
Вредност: 16.000.000 денари
Локација: Општина Крива Паланка
Инвеститор: Општина Крива Паланка
- Реконструкција и доопремување на училишните спортски сали
Реконструкцијата и доопремувањето на училишните спортски сали не е само градежен зафат,
туку инвестиција во здравјето, образованието и иднината на нашите млади. Со подобрувањето
на спортската инфраструктура, создаваме безбедни услови за физичка активност и
инвестираме во развој на талентираните спортисти. Со реконструкција и модернизација на
спортските сали, вложуваме во здравјето, едукацијата и иднината на нашите деца.
Рок на реализација 2027 - 2028
Вредност: 80.000 евра
Локација: Општина Крива Паланка
Инвеститор: Општина Крива Паланка, донации и меѓународни фондови
- Изградба на повеќенаменски игралишта и фитнес-зона
Изградбата на повеќенаменски игралишта ќе создаде безбеден, модерен и функционален
простор за сите генерации. Ваквите терени ќе ја поттикнат физичката активност и активвниот
начин на живот, создавајќи простор за дружење, спорт и рекреација за сите генерации.
Рок на реализација 2028-2029
Вредност: 100.000 евра
Локација: Општина Крива Паланка и СОУ „Ѓорче Петров“
Инвеститор: Општина Крива Паланка и меѓународни фондови
- Поддршка на спортските клубови
Со зголемување на поддршката на спортските клубови би дошло до унапредување на
програмата за активности на Општина Крива Паланка во областа на спортот, со цел
унапредување на сите индивидуални и колективни спортски клубови.
Рок на реализација: 2026 ‒ 2029
Вредност: 2.000.000 денари
Локација: Општина Крива Паланка
Инвеститор: Општина Крива Паланка
- Поддршка на спортски манифестации
Со ова ќе се обезбедиме поддршка на сите турнири, проекти, како и сите други организации и
манифестации на спортските клубови.
Рок на реализација 2025 - 2029
Вредност: 1.500.000 денари
Локација: Општина Крива Паланка
Инвеститор: Општина Крива Паланка
- Обележување на планинарска патека со изградба на летниковци
Природните убавини на нашата општина нудат одлични можности за развој на планинскиот
туризам и рекреацијата на отворено. Со обележување на планинарска патека и изградба на
летниковци, ќе создадеме безбедна, уредена и атрактивна рута за љубителите на природата,
планинарите и туристите.
Рок на реализација 2026-2027
Вредност: 600.000 денари
Локација: Општина Крива Паланка
Инвеститор: Општина Крива Паланка
- Поставување нови фитнес-зони на отворено во парковите и на јавните простори
Овие фитнес-зони ќе придонесат за подобрување на здравјето и физичката активност кај
граѓаните и ќе ја зголемат искористеноста на јавните простори создавајќи нови можности за
социјализација и групни активности. Ваквите зони се еколошки одржливи и бараат минимално
одржување, што ги прави одлична долгорочна инвестиција за локалната заедница.
Рок на реализација 2027-2028
Вредност: 5.000.000 денари
Локација: Општина Крива Паланка
Инвеститор: Општина Крива Паланка и меѓународни фондови и донации
- Изградба на картинг-центар
Со цел да се збогати спортската понуда во Општина Крива Паланка и да се создаде нова
туристичка и рекреативна атракција, ќе се реализира проект за изградба на современ картинг-
центар. Овој центар ќе биде првиот од ваков тип во регионот и ќе обезбеди можност за
професионален и рекреативен картинг, како и за организирање различни натпревари и
манифестации.
Рок на реализација 2025-2029
Вредност: 1.000.000 евра
Локација: Општина Крива Паланка
Инвеститор: Меѓународни фондови
- Мерки за поддршка на ученици, студенти и млади лица
- Еднократна парична помош за секое првоодделенче
- За секој запишан ученик во прва година во СОУ „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка по
2.000 денари месечна субвенција за период од девет месеци
- Субвенции за набавка на дигитални уреди за студенти до 29 години
- Субвенции за набавка на дигитални уреди за млади невработени лица до 29 години
- Стипендии за талентирани ученици и студенти
- Стипендии за талентирани спортисти
- Субвенциониран превоз на студенти
- Субвенции за набавка на велосипеди за млади лица до 29 години.
- Еднократна парична помош по 3 000 денари за матурантите во СОУ „Ѓорче Петров“ во
Крива Паланка
Формирањето сензорна соба во СОУ „Ѓорче Петров“ за подобрување на квалитетот на
живот на децата со специфични потреби, ќе им овозможи соодветна поддршка во нивниот
развој и ќе создаде инклузивна средина во која тие ќе можат да го достигнат својот
потенцијал. Оваа иницијатива е значаен чекор кон создавање поинклузивно општество што ги
поддржува сите свои граѓани.
Рок на реализација 2027-2028
Вредност: 600.000 денари
Локација: Општина Крива Паланка
Инвеститор: Општина Крива Паланка
Обезбедување бесплатен оброк за сите ученици од прво до петто одделение. Со тоа,
околу 600 ученици ќе добиваат по еден здрав оброк на ден со специјално мени подготвено од
нутриционист.
Рок на реализација 2027-2029
Вредност: 50.000.000 денари
Локација: Општина Крива Паланка
Инвеститор: Општина Крива Паланка
Проектот предвидува изработка на техничка документација за доградба на 10 нови
кабинети во соработка со СОУ „Ѓорче Петров“, со цел овозможување услови за едносменско
работење. Доградбата ќе обезбеди дополнителни простории за настава и други активности, со
што ќе се подобри капацитетот и квалитетот на образовниот процес. Техничката
документација ќе ги вклучи сите потребни архитектонски, конструктивни и инсталациски
решенија, усогласени со законските и безбедносните стандарди. Оваа иницијатива е значаен
чекор кон модернизација на училиштето и подобрување на условите за учениците и
наставниот кадар.
Рок на реализација 2028-2029
Вредност: 6.000.000 денари
Инвеститор: СОУ „Ѓорче Петров“, Општина Крива Паланка, Влада на РСМ
Проектот предвидува адаптација на тоалетна просторија за ученици со посебни
образовни потреби во општински образовни објекти. Активностите вклучуваат
приспособување на просторот според принципите на пристапност и безбедност, поставување
соодветни санитарни уреди, рачки за поддршка, безбеден пристап и сл. Целта е да се
обезбедат услови за еднаков пристап и користење на санитарните простории од сите ученици,
со што се промовира инклузијата и подобрувањето на квалитетот на образованието.
Рок на реализација 2028-2029
Вредност: 200.000 денари
Инвеститор: ООУ „Св. Јоаким Крчовски“, ООУ „Илинден“ и СОУ „Ѓорче Петров“
Проектот предвидува проектирање и изградба на велосипедска планинска патека во
Општина Крива Паланка, со цел промоција на активниот туризам и развој на рекреативни
содржини. Патеката ќе биде уредена според стандардите за безбедност и еколошка
одржливост, приспособена кон природниот терен. Со оваа инвестиција се овозможува развој
на велосипедски спортови, подобрување на инфраструктурата за туристи и локалното
население, како и заштита на природните вредности во регионот.
Култура
- Реконструкција на зградата на Старо радио
Обезбедување простор за млади што целат кон заедничка соработка при извршување на
своите училишни и вонучилишни активности.
Рок на реализација 2028 ‒ 2029
Вредност: 2.000.000 денари
Локација: Крива Паланка
Инвеститор: Општина Крива Паланка
- Реконструкција на НУ Центар за култура Крива Паланка
Подобрени услови и најсовремена опрема ќе го претворат просторот во вистински
центар за културни настани, уметност и заеднички моменти. Ќе се овозможат поквалитетни
филмски проекции, театарски претстави, камерни концерти, изложби, промоции и дебати.
Дополнително, ќе биде воведен енергетски ефикасен систем за греење и ладење,
обезбедувајќи одржливост и удобност за сите посетители.
Рок на реализација 2026 ‒ 2027
Вредност: 10.000.000
Локација: Крива Паланка
Инвеститор: меѓународни фондови
- Партерно уредување на просторот кај Градски музеј
Просторот околу Градскиот музеј заслужува да биде уреден со вкус, со почит кон
културното наследство и со визија за модерен, отворен градски простор. Со ова партерно
уредување, музејот ќе добие достоинствена рамка што ќе ја зголеми неговата видливост и
привлечност, а граѓаните ќе добијат ново омилено место за прошетки, одмор и инспирација.
Рок на реализација 2028 ‒ 2029
Вредност: 3.000.000 денари
Локација: Крива Паланка
Инвеститор: меѓународни фондови
- Развој и поддршка на локалните културни манифестации
- Поддршка и унапредување на веќе постојните настани (Кривопаланечко културно лето)
- Организирање годишен Фестивал на традиција и култура, каде што ќе се
претставуваат локални уметници, занаетчии и фолклорни друштва.
- Поддршка на локални млади уметници и културните работници
- Финансиска поддршка за уметници преку доделување грантови за независни
културни проекти во различни области – музика, филм, литература, фотографија.
- Промоција на локалните културно-историски споменици и археолошки локалитети
- Создавање туристичка културна рута, која ќе ги поврзе историските знаменитости со
локалните уметнички атракции.
- Поддршка на локалните културните друштва.
Рок на реализација 2026 ‒ 2029
Вредност: 35.000.000 денари
Локација: Крива Паланка
Инвеститор: Општина Крива Паланка
Социјална заштита
Социјалната заштита и поддршката на семејствата со ниски примања се клучни приоритети на
Општина Крива Паланка. Преку низа мерки и иницијативи, ќе се обезбеди финансиска и
логистичка помош за ранливите категории граѓани, со цел подобрување на нивниот животен
стандард и создавање еднакви можности за сите.
- Ослободување од комунални трошоци за млади при прво домување
Со цел да ги поддржиме младите во обезбедување на нивниот прв дом, општината ќе воведе
ослободување од комунални трошоци при изградба или купување на првото домување. Оваа
мерка ќе ја намали финансиската тежина врз младите семејства и ќе ги поттикне да останат и
да создаваат во нашата општина.
Рок на реализација 2027 ‒ 2029
Вредност: 1.000.000 денари
- Финансиска поддршка за пензионери со ниски примања
Мерката предвидува обезбедување еднократна финансиска помош за пензионери со
ниски пензии, како поддршка за надминување на социјално-економските предизвици со кои
се соочуваат. Целта на мерката е ублажување на последиците од зголемените трошоци за
живот, поттикнување социјална сигурност и поддршка на достоинствено стареење. Оваа мерка
претставува дел од сеопфатната локална социјална политика насочена кон ранливите
категории население.
Рок на реализација 2028 ‒ 2029
Вредност: 4.000.000 денари
- Финансиски надоместок во висина од 15 000 денари за новороденче, запишано со адреса на живеење на територијата на Општина Крива Паланка
Оваа мерка предвидува еднократен финансиски надоместок за секое новороденче чие
живеалиште (постои адреса на живеење) е регистрирано на територијата на Општина Крива
Паланка. Целта е да се поддржат младите семејства и да се стимулира наталитетот во
општината преку директна финансиска помош во првите месеци по раѓањето на детето.
Рок на реализација 2025 ‒ 2029
Вредност: 6.000.000 денари
- Еднократна парична помош за различни категории
- Еднократна парична помош на лица со попреченост, тешка и длабока попреченост.
- Финансиска поддршка за летување на деца од социјално загрозени семејства во лоша
финансиска состојба.
- Помош на лица што претрпеле елементарна непогода.
Рок на реализација 2025-2029
Вредност: 2.500.000 ден
- Обезбедување помош и нега на стари лица
Проектот опфаќа помош и нега во домот на стари лица, со него обезбедуваме помош
во вршење на основни и инструментални активности од секојдневниот живот до 80 часа
месечно, за лица со намален функционален капацитет што не можат сами да се грижат за себе.
Услугата опфаќа околу 100 стари лица. Проектот ќе го реализира Општина Крива Паланка во
соработка со Министерството за труд и социјална политика.
Рок на реализација 2025 ‒ 2027
Вредност: 29.000.000 денари
Инвеститори: Општина Крива Паланка и Министерство за социјална политика, демографија и млади
- Субвенционирање пензионери при купување огревно дрво
Обезбедување финансиска поддршка за пензионерите при набавка на огревно дрво за
грејната сезона, со цел подобрување на нивните животни услови и справување со енергетската
сиромаштија. Субвенцијата ќе се доделува врз основа на јавен повик, со јасни критериуми на
транспарентен начин, со посебен фокус на грижа за пензионерите.
Рок на реализација 2026 ‒ 2028
Вредност: 10.000.000 денари
- Организација на еднодневни екскурзии за пензионери
Општината ќе обезбеди еднодневни екскурзии за пензионери, со цел да им се
овозможи излез од секојдневието, дружење, рекреација и посета на културните и природно
значајни дестинации. Екскурзиите ќе вклучат организиран превоз, водич и програми според
нивните потреби.
Рок на реализација 2026 ‒ 2028
Вредност: 300.000 денари
ТУРИЗАМ
Туризмот ќе биде приоритетна гранка за развој, со фокус на искористување на природните
убавини, културното наследство и планинскиот потенцијал на Крива Паланка. Преку
инвестирање во туристичка инфраструктура, обележување патеки, урбанизација на туристички
зони, особено на локалитетот Калин Камен, преку развој на зимски и активен туризам.
Туризмот ќе го трансформираме во одржлива гранка што генерира приходи, нови работни
места и препознатливост на општината како атрактивна дестинација.
Отворање на туристичкото биро што ќе претставува информативен и сервисен центар
за туристите во Крива Паланка. Неговата улога е да обезбеди комплетни и ажурирани
информации за туристичките атракции, сместувачки капацитети, културни настани и локални
услуги. Бирото ќе служи како промотивен пункт за развој на туризмот, поддршка на локалните
водичи и оператори, како и организација на туристички активности и патувања. Со ова биро ќе
се зголеми видливоста на општината како туристичка дестинација и ќе се олесни пристапот до
информации за посетителите, што ќе придонесе за зголемување на поддршка на локалната
економија и создавање нови работни места во секторот за туризам.
Рок на реализација 2027 ‒ 2028
Вредност: 2.000.000 денари
- Урбанизација на Калин Камен со мини ски-патека и ски-лифт
Проектот предвидува урбанизација на туристичката зона Калин Камен со изградба на
мини ски-патека и ски-лифт, со цел развој на зимскиот туризам и рекреативни активности. Со
уредување на теренот, поставување ски-инфраструктура и поврзување со пристапни патеки, ќе
се овозможи пристапна и безбедна скијачка зона за локалното население и посетителите. Овој
проект има цел да го збогати туристичкото портфолио на општината, да поттикне зимски
спортови и да ја промовира природната убавина на Калин Камен како атрактивна дестинација
за рекреација.
Рок на реализација 2028 ‒ 2029
Вредност: 400.000 евра
- Изградба на мини пречистителна станица во Калин Камен
Проектот предвидува изградба на мини пречистителна станица за отпадни води во
Калин Камен со цел заштита на животната средина и одржлив развој на туристичката зона.
Пречистителната станица ќе овозможи ефикасно третирање на отпадните води од
сместувачките капацитети, угостителските објекти и другите поврзани инфраструктури, со што
ќе се спречи загадување на почвата и водните ресурси. Оваа пречистителна станица ќе биде
креирана според современи технолошки стандарди, со ниска енергетска потрошувачка и
лесно одржување, обезбедувајќи одржливо управување со водните ресурси во Калин Камен.
Рок на реализација 2028 ‒ 2029
Вредност: 300.000 евра
- Проектирање и изградба на велосипедска планинска патека
Проектот предвидува проектирање и изградба на велосипедска планинска патека во
Општина Крива Паланка, со цел промоција на активниот туризам и развој на рекреативни
содржини. Патеката ќе биде уредена според стандардите за безбедност и еколошка
одржливост, приспособена кон природниот терен. Со оваа инвестиција се овозможува развој
на велосипедски спортови, подобрување на инфраструктурата за туристи и локалното
население, како и заштита на природните вредности во регионот.
Рок на реализација 2028 ‒ 2029
Вредност: 10.000.000 денари.