Почитувани сограѓани,

Ви се обраќам со сета должна почит и уважување, во пресрет на локалните избори, 2025 година, во Дебрца. Моето име е Љупчо Паункоски од село Орвник. Зад мене стои четиригодишно искуство како советник во Дебрца, но и високо познавање на профилот на луѓе што живеат во оваа општина, како и типот на секојдневните проблеми со кои се соочуваме сите ние.

Роден сум, израснат и функционирам со моето семејство во моето родно место, а тука би сакал и да остарам. Верувам дека моите предиспозиции ќе придонесат за коректно и професионално извршување на позицијата градоначалник. Поседувам одлични менаџерски способности, а во постојаниот контакт со населението низ текот на годините сум ја докажал својата посветеност и лојалност.

Чест ми е што долги години сум член на СДСМ, партија и идеологија во која силно верувам и врз чии основи ги засновам и сопствените социјалдемократски вредности.

Мојата мисија за овој мандат е правично и неселективно распоредување на ресурсите на општината, ефективност и ефикасност, помалку партиски популизам, а многу повеќе конкретни мерки и проекти во корист на граѓаните.

Општина Дебрца е рурална општина во развој, територијално една од најголемите во државата, но воедно и една од најретко населените места по квадратен километар, што ја прави дополнително комплексна за работа. Токму затоа е потребен човек што микроскопски ја познава нејзината проблематика и човек што ќе се заложи за минимизирање на миграцијата на младите луѓе од село во град.

Мојата крајна цел е Општина Дебрца да остане доволно атрактивен избор за да биде дом на сите нејзини млади луѓе!

Со почит и благодарност,

Љупчо Паункоски

СОВЕТНИЧКА ЛИСТА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ОПШТИНА ДЕБАРЦА

  • 1. Даниел Тороманоски
  • 2. Горан Мајстороски
  • 3. Маринела Аризановиќ
  • 4. Благоја Петрески
  • 5. Јовче Десаноски
  • 6. Ирена Трифуноски
  • 7. Горан Угриноски
  • 8. Елена Анеска
  • 9. Силвана Тодороска

Заедно да ги менуваме состојбите!

Приоритети и мерки — Општина Дебрца

ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

  • Максимално искористување на одличната местоположба и инфраструктурата (ел. енергија, водовод, одведување отпадни води), близината на Охрид и аеродромот — во насока на индустриски развој.
  • Поддршка на иницијативи од приватниот сектор за развој на МСП капацитети и отворање нови работни места.
  • Основање локален економски совет.
  • Обезбедување поволни услови за инвеститори.
  • Програма за општокорисна работа за лица без работа во подолг период.

ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Особено внимание на гранките што се негуваат во подрачјето како извор на егзистенција за многу семејства. Поддршка за индивидуални земјоделци и здружено производство за целосно обработување на земјиштето.

  • Редовни обуки за земјоделци за нови текови и финансиски можности (држава и меѓународни фондови).
  • Помош за пласман на препознатливите локални производи.
  • Поддршка и субвенции за посета на земјоделски саеми во соседните држави.

ЗДРАВСТВО И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

Горна и Долна Дебрца се соочуваат со недостиг од амбуланти и основни услуги — граѓаните се принудени да патуваат во град.

  • Финансиска поддршка здравствениот дом во с. Белчишта да стане модерна установа што ќе ги опслужи жителите во овој дел од општината.
  • Еднократна парична помош за секое новороденче.
  • Обезбедување дрва за огрев за социјално загрозени семејства.
  • Еднократна парична помош за ризични групи (деца без родители, самохрани родители и сл.).
  • Надоместоци за штети од елементарни непогоди.
  • Олеснет пристап до јавни установи за лицата со попреченост.
  • Барање согласност за отворање детска градинка во с. Мешеишта (во веќе приспособен објект).

ТУРИЗАМ

  • Стратегија за развој на туризмот во Општина Дебрца 2025–2029.
  • Планински туризам: маркирани пешачки патеки и реставрирани планинарски домови.
  • Пристапни патишта до културно-историски локалитети.
  • Инфраструктурно уредени велосипедски патеки.
  • Ревитализација на етнографско наследство во функција на туризмот.
  • Промоција на придобивки од рурален туризам.
  • Програми и обуки за локалното население за промоција на културното наследство и руралниот туризам.

КОМУНАЛНА СФЕРА И ЕКОЛОГИЈА

  • Ново водоснабдување за Белчишта и Лешани (истражување и наоѓање бунар со поголема издашност).
  • Систем за одведување отпадни води за Лешани, Велмеј, Ботун и Требеништа.
  • Подобрување на водоснабдувањето во Годивје, Врбјани и Лактиње.
  • Партерно уредување на главните улици во поголемите населени места.
  • Јакнење на ЈП за комунални дејности со финансиска помош од општината.
  • Поставување хоризонтална и вертикална сигнализација.
  • Фотоволтаици на постојните потопни пумпи.
  • Промоција и мотивација за обновливи извори на енергија.
  • Унапредување на јавниот превоз.
  • Расчистување на сите диви депонии.
  • Воведување систем за селекција на отпад.

УРБАНИЗАМ

Поради закон од 2012 г. урбанистичките акти за селата се вон сила — ќе изработиме урбанистички планови за населените места во Дебрца за воспоставување ред во селските средини.

БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА

  • Ставање во служба на полициската станица во с. Мешеишта.

УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ

  • Транспарентност, отчетност и одговорност како принципи на работа.
  • Е-општина — сите услуги достапни по електронски пат.
  • Во функција старата општинска зграда во с. Мешеишта за доближување услуги до долниот дел од општината.
  • Јавност во работата на Советот преку онлајн седници.
  • Стручна и ефикасна администрација и нејзина реорганизација.

СПОРТ И СПОРТСКИ РАЗВОЈ

  • Организирање и збогатување на спортско-рекреативниот живот.
  • Поддршка за постојните фудбалски клубови.
  • Поддршка за развој на повеќе спортски дисциплини.
  • Финансиска поддршка на училишни спортски манифестации.
  • Финансиска поддршка на талентирани спортисти поединци.
  • Реновирање на спортски игралишта и објекти.

ОБРАЗОВАНИЕ

  • Тековно одржување на постојната училишна мрежа.
  • Инвестирање во нова опрема и материјали за наставата.
  • Материјално-финансиска помош на училиштата од домашни и странски инвестиции.
  • Стипендии за талентирани ученици.
  • Модернизација на системот за греење во двете централни училишта.

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

Изградба на канализациска мрежа во село Требеништа

Влијание на проектот:

Подобрување на животот на населението

Целна група:

Сите жители

Рок на реализација:

2027 година

Буџет

35.000.000 денари

Реконструкција на главната улица во с. Мешеишта

Опис на проектот

Со изградба на тротоари, нов асфалт, улично осветлување и поставување сигнализација.

Влијание на проектот:

Подобро движење на населението и околните места.

Целна група:

Сите граѓани

Рок на реализација:

2028 година

Реконструкција на Домот за култура во село Оровник

Опис на проектот

Целосна реконструкција на ентериерот и екстериерот на домот на културата. Со тоа, жителите на с. Оровник ќе добијат современ простор за реализација на културните активности.

Влијание на проектот:

Подобрување на културата и спортските активности.

Целна група:

Сите жители на с. Оровник

Рок на реализација:

2028 година

ПРОЕКТИ

Партерно уредување на сретселото во с. Горенци

Опис на проектот

Со проектот е планирано проширување на постојниот простор, поставување бехатон-плочки, клупи за седење, како и осветлување со штедливи лед светилки.

Целна група:

Сите жители

Рок на реализација:

2026 година

Подобрување на водоводниот систем во село Лешани

Опис на проектот

Реконструкција на целиот систем, правење бунари со пумпна станица за дополнување на капацитетот на вода.

Влијание на проектот:

Подобрување на целиот систем

Целна група:

Сите жители

Рок на реализација:

2026 година

Реконструкција на селскиот полигон во село Велмеј

Опис на проектот

Поставување нов асфалт, трибини и осветлување.

Влијание на проектот:

Овозможување на нов и современ простор за реализација на спортските активности на жителите на Велмеј.

Целна група:

Сите жители

Рок на реализација:

2027 година

Реконструкција на спортското игралиште за мал фудбал во село Ботун

Опис на проектот

Поставување нова подлога, нова опрема и ново осветлување.

Влијание на проектот:

Спортска и културна активност

Целна група:

Сите жители

Рок на реализација:

2027 година

Уредување на речното корито во село Злести

Опис на проектот

Уредување на речното корито со партерни содржини и изградба на мост за полесно движење на населението.

Целна група:

Сите жители

Рок на реализација:

2028 година

МЕСНИ ПРОЕКТИ

Горна Дебарца

  • Уредување на пристапните улици до сите села
  • Уредување на сите селски игралишта
  • Подобрување и организација за подигање на отпадот
  • Активност на терен, служби во општината
  • Помош на сите стари и изнемоштени лица

Белчишта

  • Уредување на речното корито