Почитувани сограѓани,
Како човек што го минал животот во нашата Општина Јегуновце – како родител, сосед, пријател и поранешен градоначалник – ги познавам и вашите грижи и нашите заеднички предизвици. Но уште повеќе, го гледам потенцијалот што го имаме и знам колку вреди оваа општина и луѓето што живеат во неа.

Во периодот од 2017 до 2021 година имав чест да ја водам општината како ваш градоначалник. Заедно реализиравме проекти што ја подобрија секојдневната слика на нашите села и заедници – подобра инфраструктура, инвестиции во училиштата, решавање на комунални проблеми, поддршка за локалното земјоделство.

Искуството од поразот во 2021 ме научи многу. Имаше работи што можеа да се направат подобро – и тоа го признавам отворено и со почит кон вашата критика. Затоа, во новиот мандат влегувам со појасна визија, со повеќе мудрост и со уште поголема посветеност. Овој пат нема простор за импровизации – секој проект, секоја одлука и секоја средба со вас ќе биде водена од одговорност и искрен интерес за доброто на сите нас.

Со почит и благодарност,

Дарко Блажевски

СОВЕТНИЧКА ЛИСТА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ОПШТИНА ЈЕГУНОВЦЕ

  • 1. Стефан Јанчевски
  • 2. Александра Трпковска
  • 3. Стојанчо Божиноски
  • 4. Александар Кочовски
  • 5. Коце Наумоски
  • 6. Билјана Ристовска,
  • 7. Душка Витановска
  • 8. Душка Витановска
  • 9. Каролина Максимовска-Јовановска
  • 10. Гоце Гавриловски
  • 11. Александра Симоска

Ние, вашите советници од СДСМ, сме тука за вас ‒ за вашите проблеми, идеи и барања. Она што ве мачи вас е и наша грижа. Во Советот ќе бидеме вашиот глас и со ваша поддршка заедно да обезбедиме чиста, уредна и безбедна општина. Не ветуваме невозможни чуда – ветуваме работа, чесност и транспарентност. Со вашата доверба ќе покажеме дека гласот на граѓаните мора да се слуша. Заеднички градиме подобра општина ‒ за сите нас!

ШТО НАПРАВИВМЕ НИЕ:

Во периодот од 2017 до 2021 ја водев нашата општина со целосна посветеност. Заедно реализиравме над 60 проекти – меѓу кои, позначајните се:

  • Изградена нова повеќенаменска спортска сала во ОУ „Александар Здравковски“ во Јегуновце.
  • Реконструирани и рехабилитирани регионални патишта како што се: Р2235 од Јегуновце до Пршовце во должина од 5км, Р2242 од Јегуновце – Шемшово до автопат Желино во должина од 14км, Р2974 низ населените места Жилче и Шемшово и Р2235 од Јегуновце до Радуша.
  • Асфалтиран локален пат во Вратница должина од 1500 метри.
  • Изградени се два нови локални пата со бехатон-плочки во должина од 1100 метри во населено место Беловиште и во должина од 1200 метри од влез на регионален пат кон основното училиште во Јажинце.
  • Реконструирани и асфалтирани улици во Јанчиште, реконструирана улица со асфалт во Раотинце.
  • Изградени се три улици со бехатон-плочки во Шемшово, една улица во Жилче, една во Подбрѓе и една улица во Беловиште.
  • Проширување со бехатон-плочки на дел од локалниот пат од влезот на Орашје и на дел од локалниот пат од влезот на Рогачево.
  • Реконструирана улица со асфалт од сретсело до излезот од Копанце во должина од 500м.
  • Реконструирана улица со бехатон-плочки во Копанце.
  • Поплочена улица со бехатон-плочки во Старо Село.
  • Изграден тротоар во Јегуновце по должина од 700 метри.
  • Партерно уредување и опремување на плоштад во Вратница.
  • Партерно уреден плоштад во Јегуновце со изградена автобуска постројка.
  • Изграден парк во Раотинце.
  • Изграден тротоар во Шемшово во должина од 1000 метри
  • Изградена фекална канализациска мрежа во должина од 3500 метри во Јанчиште.
  • Изграден колектор за поврзување на фекалната канализациска мрежа во населено место Жилче во должина од 1000 метри
  • Изградени три краци за фекална канализациска мрежа во должина од 500 метри во Шемшово.
  • Изграден крак од фекална канализациска мрежа во должина од 300 метри во Јажинце.
  • Променети цевки, оспособена и пуштена во употреба фекална канализациска мрежа во Сиричино.
  • Променети цевки од примарна и секундарна водоводна мрежа во должина од 1500 метри Копанце и Раотинце.
  • Изградено повеќенаменско спортско игралиште во населено место Копанце.
  • Реконструирани санитарните јазли, спортското игралиште и училишниот двор на ОУ „Александар Здравковски“ во Јегуновце.
  • Поставени фотоволтаични панели за производство на електрична енергија на покривот од основните училишта „Александар Здравковски“ во Јегуновце; „Шемшово“ во Шемшово и „Симче Настоски“ во Вратница.
  • Реконструкција на интернатот од ОУ „Симче Настоски“ во Вратница; изграден ограден потпорен ѕид, реконструирани училници и кабинети во училиштето во населено место Орашје; променети цевки, оспособена и пуштена во употреба фекална канализациска мрежа во Сиричино; со средства од општината се набавени два минибуса за превоз на ученици до основните училишта во општината.
  • Преку Агенцијата за привремено одземен имот на РСМ се добиени два патнички автомобила за потребите на општината.
  • Набавен е мултифункционален ровокопач за потребите на општината.

А ШТО (НЕ) НАПРАВИЈА ТИЕ?!

И покрај ветувањето од 2021 година дека ќе се изгради индустриска зона во Подбреѓе и ќе се асфалтира патот од Вратница до манастирот, денес, четири години подоцна, овие важни проекти сè уште не се реализирани. Наместо тоа, се презентираат како големи достигнувања, кои, всушност, започнале во претходниот мандат, со поддршка од Владата на СДСМ – уредување на коритото на реката Вардар, атмосферска канализација, асфалтирање улици во Јегуновце и изработка на фекален колектор Жилче - Шемшово.


Во општината останаа готови проекти за фекални канализации во Јанчиште - Подбреѓе, Ратае, Беловиште и Орашје, но тие не се реализирани. Наместо капитални и неопходни инвестиции што директно ги подобруваат условите за живот, сведочиме на инфраструктурни зафати финансирани со унгарски кредит, како што се улиците и патишта што не водат никаде и не носат вистинска корист за граѓаните.


Прашуваме – зошто средствата не беа насочени кон вистинските приоритети? Зошто канализациската мрежа, која е клучна за чиста и здрава животна средина, останува нефункционална? Време е за реални дела и одговорни решенија!

МОЈАТА ВИЗИЈА

Зошто повторно се кандидирате? Што е мотивот?

Се кандидирам повторно затоа што верувам во нашата општина и во нејзиниот потенцијал. Јегуновце заслужува да оди напред, а јас сум подготвен да ја продолжам работата со уште поголема енергија и одговорност. Мојот мотив произлегува од љубовта кон оваа заедница – тука сум израснал, тука живее моето семејство и токму тука ја гледам својата иднина.
Искуството од мандатот 2017–2021 и поразот во 2021 ми беа голема лекција. Имаше успеси, но и пропусти. Сега сум пореален, повнимателен и решен да работам подобро. Оваа кандидатура не е желба за позиција, туку за промена со резултати и одговорност.

Колку е важно да се има визија за општината? Дали треба визија и за општеството во целина?

Визијата е основа на секоја успешна општина. Без јасна насока, се губи време, ресурси и доверба. Мојата визија за Јегуновце е општина којашто е функционална, поврзана, модерна и чиста – место каде што младите ќе остануваат, а не да заминуваат.
Но локалната визија не може да биде изолирана од пошироката слика. Ако сакаме вистински развој, мора да градиме и визија за општество каде што владее ред, правда, грижа за човекот и за природата.

Што мора да се направи во следниот мандат? Дали е доволно само инфраструктура?

Инфраструктурата е важна, но не и доволна. Патиштата, водоводите, канализацијата – тоа се темели. Но она што недостига е содржина. Во следниот мандат мора да инвестираме повеќе во човечкиот капитал – образование, култура, поддршка за семејства и млади, локални манифестации, развој на туризмот. Треба да изградиме општина што живее, не само што функционира.

Колку се важни младите за нашата општина?

Младите се иднината, но и сегашноста на секоја заедница. Ако не им создадеме услови да останат –образование, работа, социјален живот, поддршка за сопствени бизниси – тогаш ќе продолжиме да гледаме како си заминуваат. Тоа не смееме да го дозволиме. Во мојата програма младите имаат посебно место – од практични мерки за вработување, до поддршка за младински иницијативи и спорт.

Како гледате на безбедноста?

Безбедноста е клучна за секојдневниот живот. Таа не се однесува само на полицијата, туку и на осветлени улици, сигурни патишта, функционални противпожарни системи, регулирање на сообраќајот. Мора да се воспостави ред, особено во соработка со институциите, училиштата и месните заедници. Ќе предложам и конкретни мерки за зголемување на безбедноста околу училиштата и во селата.

Планирање на просторот и мобилност – клуч за развој?

Апсолутно. Без добар урбан и рурален план ‒ нема развој. Затоа мора да се работи на функционално поврзување на населените места, одржлив јавен транспорт, безбедни пешачки и велосипедски патеки. Мора да размислуваме долгорочно, а не од избори до избори.

Како со загадувањето и јавната чистота? Осудени ли сме да живееме во ѓубре и отровен воздух?

Не сме осудени – ако работиме. Јавното чистење мора да стане приоритет, а не дополнителна обврска. Ќе воведеме системско чистење на јавни површини, ќе отстраниме диви депонии, ќе ги зајакнеме капацитетите на комуналните служби. Ќе продолжиме со проекти за обновлива енергија, како фотоволтаиците што ги поставивме во училиштата. Ќе воведеме и екоедукација од најрана возраст. Чистота не е само задача на општината, туку и вредност која се гради заеднички.

Може ли да ја вратиме довербата на граѓаните?

Да, но тоа бара време, труд и искреност. Ќе ја вратиме довербата ако општината биде отворена, отчетна и достапна. Секоја потрошена јавна пара треба да биде јавно објавена. Секоја одлука треба да биде објаснета. Граѓаните сакаат резултати, но уште повеќе сакаат да бидат вклучени. Ќе формирам граѓански совети и јавни трибини – да се слушне секој.

Иселувањето и наталитетот – имаме ли иднина без луѓе?

Без луѓе ‒ нема иднина. Ако не вложуваме во живот – во услови за младите, во поддршка за семејствата, во економија која задржува, тогаш нема кој да ги користи ниту патиштата ниту проектите. Затоа е неопходна целосна стратегија за останување – од домување, до работа, до социјални услуги.

Зошто граѓаните да гласаат за вас? Што ве разликува од другите?

Јас не ветувам невозможни работи – јас нудам работа, резултати и одговорност. Не доаѓам со празни зборови, туку со искуство од реализирани над 60 проекти. Знам што значи да се води општина, знам и што значи да се изгуби доверба. Затоа овој пат настапувам со повеќе зрелост и помалку политика. Мојот фокус се луѓето – не интересите, не функциите.

Заедно да ги менуваме состојбите!

Општина Јегуновце да биде транспарента, отчетна локална самоуправа водена од принципите на одговорно и чесно владеење, да биде слушан и почитуван гласот на граѓаните од општината. Да создадеме услови за економски развој со цел подобрување на благосостојбата и просперитет на животот на граѓаните. Општина Јегуновце да биде посебно катче за егзистенција на граѓаните од различни етнички, образовни, социјални, културни групи. Модерна општина, која ќе биде урбанизирана, инфраструктурно поврзана и со решени приоритетни комунални проекти и инвестиции. Предлог-програмата за работа за периодот 2025 – 2029 година е сублимат на досегашното искуство и е преточена од идеите и моменталните проблеми со кои се соочуваат жителите на сите населени места во Општина Јегуновце и е одраз на реалните потреби на граѓаните. Програмата се темели врз 4 главни столба, и тоа:

1. Функционален и безбеден јавен простор


Создавање уредени површини достапни за сите граѓани – пешачки патеки, паркови, игралишта и јавни содржини, кои ќе бидат осветлени, одржувани и безбедни. Целта е јавниот простор да стане место за социјализација, спорт и одмор, приспособен за деца, млади и повозрасни лица, со почитување на еколошките стандарди и одржлив развој.


2. Чиста и здрава животна средина


Сведоци сме на лошо управување со отпадот и недостиг на систем за третман на отпад, илегални депонии, кои предизвикуваат загадување на воздухот и на почвата. Недостиг од вложувања во системите за снабдување со вода за пиење, како и системите за собирање и третман на отпадни води. Наша цел е чистење на дивите депонии, едукација на граѓаните и селектирање отпад, воведување комунална полиција.

3. Општини по мерка на граѓаните


Транспарентна, одговорна и отчетна општина, сервис на граѓаните (ефикасно менаџирање на јавните претпријатија и зголемување на капацитетот на услуги што го испорачуваат, зголемување на ефикасноста на општинската администрација и услугите што ги испорачува, дигитализација на услугите и работењето).


4. Младите во фокусот - Нова парадигма за здрав и одржлив развој


Во програмата имаме: Воведување „Гаранција за млади“ – пристап до работа, обука или практика; Креирање Фонд за млади иновации и иницијативи; Организирање летни програми за практика, волонтирање и локален активизам; Дигитална платформа „е-млади“ за информирање и поврзување со локални можности.

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

Дигитална трансформација на Општина Јегуновце

Опис на проектот

Создавање модерна, отворена и иновативна Oпштина Јегуновце, која преку дигитални алатки и услуги ќе го подобри квалитетот на животот на граѓаните. Со стандардизација би се обезбедило сите граѓани на општината да имаат пристап до исти дигитални алатки и услуги.

Активното учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки преку дигитални алатки, јавни консултации и онлајн дебати е клучен фактор за постигнување на отвореноста на општината кон граѓаните. Со користењето на платформата „м-Заедница“ (https://mzaednica.mk/), но и со натамошно проширување на ваквите можности, се зголемува ефикасноста на администрацијата и се обезбедува транспарентност и отчетност во секојдневното работење.

Едно од прашањата за кое граѓаните постојано бараат јавно достапни информации секако е трошењето на народните пари, односно буџетот на општината, за што ќе предложиме развој на посебна дигитална платформа, која ќе овозможи зголемување на довербата, но и намалување на корупцијата.

Влијание на проектот:

Со овој проект се добива модерна, транспарентна и дигитална општина што ги вклучува сите граѓани – со отчетна администрација и отворен буџет се овозможува рамноправен пристап на сите граѓани до општински услуги, отворен буџет и дигитална вклученост – за поголема доверба и помалку корупција.

Целна група: Сите жители на Општина Јегуновце

Рок на реализација: До 2027 година

Општина Јегуновце без отпад

Опис на проектот

Екологијата во нашата општина е на многу ниско ниво, во речиси секое населено место постои неорганизирана дива депонија, која се шири и создава непријатна миризба, загадување и ризик од зарази.
Реките и водите се загадуваат со отпад и фекалии без грижа за нивното зачувување.

Влијание на проектот:

Сведоци сме дека и денес граѓаните на Општина Јегуновце сѐ уште не уживаат во основните потреби на 21 век, немаат здрава вода за пиење, фекална канализација и чиста животна средина. За унапредување на животната средина е потребно изградба на водоводни и канализациски мрежи, како и чистење на дивите депонии на територијата на Општина Јегуновце.
Општина Јегуновце се наоѓа во втората заштитна зона на изворот Рашче, а екологијата во општината е на многу ниско ниво. Во секое место има дива депонија од која се шири непријатна миризба и претставува потенцијално место за ширење заразни болести.
- Приоритет ќе бидат чистење на дивите депонии во општината, уредување со зеленило на нивно место, обезбедување канти за секое домаќинство и контејнери на собирните места.
- Oдржување на сите зелени површини покрај патиштата и парковите во општината од страна на Јавното комунално претпријатие.

Целна група: Сите граѓани

Рок на реализација: 2029 година

Општинска канализациска мрежа

Опис на проектот

Изградба на канализациска мрежа во населените места каде што нема фекална канализациска мрежа.
Изградба на канализациска мрежа во населените места:
Јанчиште - Подбреѓе
Ратае
Орашје
Беловиште

Влијание на проектот:

Изградбата на канализација значи поздрава средина, чиста вода и почва, заштита од загадување и подобар квалитет на живот за сите граѓани.
Канализациската мрежа не е само инфраструктурен проект, туку вложување во здравјето, квалитетот на животот и иднината на граѓаните.

Целна група: Граѓани на населените места

Рок на реализација: До 2029 година

ПРОЕКТИ

Финансиска поддршка за новороденчиња во Општина Јегуновце

Опис на проектот

Бидејќи Општина Јегуновце се соочува со континуирано намалување на бројот на население, како и со опаѓање на бројот на новороденчиња, во 2023 година имало 70 новородени деца, па затоа е потребно да се преземат конкретни мерки за поттикнување на наталитетот и поддршка на младите семејства.

Затоа, планирам воведување финансиска поддршка за секое новороденче во општината. Оваа поддршка ќе претставува директна помош за родителите во првите месеци по раѓањето на детето и ќе има цел:
Да ги намали трошоците поврзани со бебешката опрема, храна и медицинска грижа.
Да ги поттикне младите парови да основаат семејства.
Да придонесе за долгорочна стабилизација на демографската состојба во општината.

Влијание на проектот:

1. Еднократен паричен надоместок за секое новороденче.
2. Дополнителна поддршка за второ и трето дете.
3. Приоритетен пристап до услуги од јавен карактер (детска градинка, здравствени услуги итн.).
4. Обезбедување пакет за новороденчиња (пелени, облека, основна опрема).

Целна група: Млади брачни парови

Рок на реализација: 2026 година

Буџет

Средствата ќе се обезбедат од општинскиот буџет.

Општина Јегуновце на туристичката мапа

Опис на проектот

Развојот на туризмот е клучна можност за економски раст, отворање работни места и промоција на локалниот идентитет – особено за општини како што е Јегуновце, кои имаат природен потенцијал, традиција и културно наследство.
Организација на локални културни настани или спортски манифестации (фестивал на храна, спортски натпревари, велосипедски тури итн.)
Изработка на туристичка мапа на општината.
Изградба на патот од населеното место Старо Село до Планинарскиот дом „Љуботен“.

Влијание на проектот:

Изградбата на пат до планинарскиот дом „Љуботен“ е клучен чекор за развој на туризмот на Шар Планина, а особено за Општина Јегуновце. Подобрата пристапност ќе ја зголеми посетеноста, ќе отвори можности за нови туристички бизниси и ќе ја подобри безбедноста на движење.

Целна група: Љубители на природа и туристи

Рок на реализација: 2029 година

Добре дојде, прваче!

Опис на проектот

Проектот „Добре дојде, прваче!“ има цел да обезбеди сеопфатна поддршка за учениците од прво одделение во рамките на општината, со фокус на олеснување на нивната адаптација во училишната средина. Преку обезбедување основен училиштен прибор, симболични подароци (ранци, книги со сликовници), како и организирање кратки забавни и едукативни настани за добредојде, проектот ги поттикнува позитивните емоции кај децата и родителите при започнување на формалното образование. Дополнително, проектот вклучува и соработка со наставниот кадар за поттикнување инклузивна и пријателска атмосфера во првите училишни денови.

Влијание на проектот:

Проектот „Добре дојде, прваче!“ позитивно ќе влијае врз социјалната и емоционалната адаптација на учениците во прво одделение, олеснувајќи го нивниот прв контакт со училишната средина. Со обезбедување основни ресурси и пријателска атмосфера, се намалува стресот кај децата и родителите, се зголемува мотивацијата за учење и се поттикнува чувство на припадност и поддршка. Проектот исто така придонесува за унапредување на соработката меѓу општината, училиштата и семејствата, создавајќи поцврста заедничка основа за натамошен образовен и социјален развој на децата.

Дополнително, обезбедувањето училиштен прибор и други потребни материјали значи директно финансиско олеснување за родителите, особено за семејствата со пониски приходи. Со тоа, проектот помага во намалување на финансискиот притисок што го носи почетокот на учебната година и овозможува еднакви услови за сите ученици, независно од нивната економска состојба.

Целна група: Млади родители

Рок на реализација: 2026 година

Буџет

200.000 – 300.000 денари

Финансиска и техничка поддршка за мали семејни бизниси

Опис на проектот

Проектот обезбедува финансиска и техничка поддршка за мали семејни бизниси преку грантови, обуки и стручни совети. Целта е да им се помогне на бизнисите да ја зајакнат својата одржливост, да инвестираат во развој и да создадат нови работни места, со што директно се поттикнува локалната економија.

Влијание на проектот:

Со поддршка на малите семејни бизниси се гради стабилна иднина дома, се отвораат можности за работа и се намалува потребата од иселување на младите.

Целна група: Жителите на Општина Јегуновце

Рок на реализација: 2027 година

Со љубов за нашите највозрасни

Опис на проектот

Проектот има цел да обезбеди поддршка и грижа за постари и немоќни лица преку организирање обуки за волонтери и ангажирање помошници коишто ќе им помагаат во извршување на секојдневните активности. Покрај практичната поддршка, проектот вклучува и организирање дружења, културни настани и рекреативни активности, со што се поттикнува социјалната вклученост и се придонесува за подобрување на психосоцијалната благосостојба и квалитетот на животот на пензионерите.

Влијание на проектот:

Проектот обезбедува значајна практична поддршка за немоќни и постари лица, овозможувајќи им полесно и посигурно справување со секојдневните обврски. Преку редовен контакт со обучени волонтери и помошници, се создава чувство на сигурност, грижа и почит. Дополнително, организираните дружења и активности ја зајакнуваат социјалната поврзаност на пензионерите, намалувајќи ја изолацијата и придонесувајќи за подобар квалитет на животот.

Целна група: Возрасните граѓани на Општина Јегуновце

Рок на реализација: 2027 година

МЕСНИ ПРОЕКТИ

Беловиште

  • Изградба на фекална канализациска мрежа.
  • Изградба на пат од центарот на населеното место до туристичкиот комплекс „Петачко водиче“.
  • Осветлување на спортскиот терен во Дуба.
  • Промоција и развој на планински, селски и алтернативен туризам.

Вратница

  • Изградба на пат од влезот на Вратница до манастирот „Св. Цар Константин и Елена“.
  • Осветлување на спортските терени при ООУ „Симче Настовски”.
  • Отстранување на дивите депонии од реката.
  • Редовно одржување на зелените површини од страна на комуналното претпријатие.

Жилче

  • Изградба на тротоар покрај регионален пат Р 29274 од Жилче до пругата.
  • Изградба на улици со асфалт или бехатон-плочки.
  • Отстранување на дивите депонии на излезите од населеното место.
  • Подобрување на уличното осветление и негово одржување во согласност со системот - 24.
  • Редовно одржување на зелените површини од страна на комуналното претпријатие.

Јажинце

  • Изградба на улици со асфалт или бехатон-плочки.
  • Чистење на дивите депонии на излезите од населеното место.
  • Подобрување на уличното осветлување и негово одржување во согласност со системот - 24.
  • Редовно одржување на зелените површини од страна на комуналното претпријатие.

Јанчиште

  • Довршување на фекална канализациска мрежа (довршување на канализацијата во дел од населеното место и пуштање во употреба).
  • Реконструкција на улици (асфалтирање или поставување бехатон-плочки).
  • Расчистување на дивите депонии и редовно одржување на комунална хигиена.
  • Подобрување на уличното осветление и негово одржување во согласност со системот - 24.

Јегуновце

  • Изградба на пешачка патека.
  • Изградба на улици со асфалт или бехатон-плочки.
  • Отстранување на дивите депонии на излезите од населеното место.
  • Подобрување на уличното осветление и негово одржување во согласност со системот - 24.
  • Редовно одржување на зелените површини од страна на комуналното претпријатие.

Копанце

  • Решавање на проблемот со водоснабдувањето (зголемување на постојните капацитети на вода за пиење).
  • Изградба на улици со асфалт или бехатон-плочки континуирано.
  • Отстранување на дивите депонии на излезите од населеното место.
  • Подобрување на уличното осветление и негово одржување во согласност со системот - 24.
  • Редовно одржување на зелените површини од страна на комуналното претпријатие.

Орашје

  • Асфалтирање на патот од Орашје до Долно Орашје.
  • Изградба на фекална канализациска мрежа.
  • Отстранување на дивите депонии на излезите од населеното место.
  • Подобрување на уличното осветление и негово одржување во согласност со системот - 24.
  • Редовно одржување на зелените површини од страна на комуналното претпријатие.

Подбреѓе

  • Изградба на фекална канализациска мрежа по проект и поврзување во систем.
  • Реконструкција на улици (асфалтирање или поставување бехатон-плочки).
  • Расчистување на дивите депонии и редовно одржување на комуналната хигиена.
  • Подобрување на уличното осветление и негово одржување во согласност со системот - 24.

Прељубиште

  • Проект за реализација на канализациска мрежа во населеното место.
  • Изградба на улици со асфалт или бехатон-плочки континуирано.
  • Отстранување на дивите депонии на излезите од населеното место.
  • Подобрување на уличното осветление и негово одржување во согласност со системот - 24.
  • Редовно одржување на зелените површини од страна на комуналното претпријатие.

Раотинце

  • Изградба на пешачка зона покрај кејот на реката Вардар.
  • Изградба на улици со асфалт или бехатон-плочки континуирано.
  • Отстранување на дивите депонии на излезите од населеното место.
  • Подобрување на уличното осветление и негово одржување во согласност со системот - 24.
  • Редовно одржување на зелените површини од страна на комуналното претпријатие.

Ратае

  • Изградба на фекална канализациска мрежа по проект и поврзување во систем.
  • Реконструкција на улици (асфалтирање или поставување бехатон-плочки).
  • Расчистување на дивите депонии и редовно одржување на комуналната хигиена.
  • Подобрување на уличното осветление и негово одржување во согласност со системот - 24.
  • Редовно одржување на зелените површини од страна на комуналното претпријатие.

Рогачево

  • Пробивање на нов пат во должина од 1,5 км од центар на населеното место.
  • Изградба на улици со асфалт или бехатон-плочки континуирано.
  • Отстранување на дивите депонии од населеното место.
  • Подобрување на уличното осветление и негово одржување во согласност со системот - 24.
  • Редовно одржување на зелените површини од страна на комуналното претпријатие.

Сиричино

  • Изградба на тротоар во Сиричино.
  • Реконструкција на улици (асфалтирање или поставување бехатон-плочки).
  • Расчистување на дивите депонии и редовно одржување на комуналната хигиена.
  • Подобрување на уличното осветление и негово одржување во согласност со системот - 24.
  • Редовно одржување на зелените површини од страна на комуналното претпријатие.

Старо Село

  • Зафати на нови извори за вода за пиење и зголемување на капацитетот на водоводниот систем, со што граѓаните на Старо Село ќе добијат чиста, здрава и во доволни количини вода за пиење и за време на летниот период.
  • Реконструкција на улици (асфалтирање или поставување бехатон-плочки).
  • Расчистување на дивите депонии и редовно одржување на комуналната хигиена.
  • Подобрување на уличното осветление и негово одржување во согласност со системот - 24.
  • Местоположбата на Старо Село е специфична, во атарот на населеното место функционираат пет каменоломи за сепарирање песок. Како градоначалник, заедно со општинската администрација, ќе разговараме со сите стопанственици за надминување на проблемите со жителите на Старо Село, како што се бучавата, правот, загрозување на безбедноста на имотите на жителите и сл.

Туденце

  • Изградба на улици со асфалт или бехатон-плочки.
  • Отстранување на дивите депонии од населеното место.
  • Подобрување на уличното осветление и негово одржување во согласност со системот - 24.
  • Редовно одржување на зелените површини од страна на комуналното претпријатие.

Шемшово

  • Довршување на тротоарите во Шемшово.
  • Реконструкција на улици (асфалтирање или поставување бехатон-плочки).
  • Расчистување на дивите депонии и редовно одржување на комуналната хигиена.
  • Подобрување на уличното осветление и негово одржување во согласност со системот - 24.
  • Редовно одржување на зелените површини од страна на комуналното претпријатие.