Моето мото е јасно – вистинските промени не се прават со празни зборови, туку со дела што допираат до секој човек. Како психолог и човек што секојдневно работи со луѓе од различни
генерации и профили, јасно знам дека заедницата е силна онолку колку што е силна грижата за сите нејзини членови. Затоа, мојата програма се темели врз меки политики и активности што ќе го подобрат секојдневието на нашите граѓани.
Ќе го мотивираме младинскиот центар за максимално вклучување во носењето на политиките и стратегиите на општината коишто ќе значат забрзан развој на општината по
мерка на младите. Програми за стипендии и практики во локални фирми, за да се поттикне нивното останување во Делчево. Поддршка за младински иницијативи во културата, спортот
и уметноста – со јасен буџет наменет за нив.
Ќе воведеме програми за економско јакнење на жените преку обуки и мали грантови за бизнис-идеи. Поголема поддршка за мајките – преку локални субвенции за згрижување
деца и подобри услови во детските градинки. Активности за спречување и подигање на свесноста за семејно насилство, со отворање советувалиште за жени и семејства.
Подобро искористување на Клубот на пензионери со редовни културни и спортски настани. Организација на бесплатни здравствени контроли и програми за активно стареење.
Субвенции за режиски трошоци за најранливите категории пензионери.
Подобрување на условите во училиштата и дигитализација на наставата .Организирање едукативни кампови и натпревари за најмладите. Психолошка поддршка во училиштата
преку мрежа на стручни соработници.
Поддршка за локални културни друштва и манифестации. Организација на Фестивал на младинска култура, кој ќе го става Делчево на културната мапа на Македонија. Заштита и
промоција на културното наследство на нашиот регион.
Инвестиции во спортските терени и хали, особено за младите спортисти. Субвенции за спортски клубови и програми за масовен спорт. Организација на традиционални спортски
турнири коишто ќе ја зајакнуваат заедницата. Транспорт и мобилност Подобрување на локалната сообраќајна инфраструктура. Безбедни пешачки патеки и велосипедски зони.
Системска борба против дивите депонии и редовно чистење на јавните површини. Поддршка за граѓани што сакаат да преминат на еколошко греење. Засадување дрвја и уредување на зелените површини, со вклучување на граѓаните во заеднички акции.
- Транспарентност и услужност
Воведување отворен буџет – граѓаните секогаш ќе знаат како се трошат нивните пари. Онлајн услуги и брза комуникација со општината преку дигитални алатки. Редовни средби
со граѓаните за да ги слушнеме нивните проблеми и идеи. Верувам дека вистинската сила на една општина е во заедништвото. Кога младите, жените, пензионерите, работниците и бизнисмените ќе почувствуваат дека имаат глас и поддршка, тогаш навистина „заедно ги менуваме работите“. Со чесност, отвореност и посветеност ќе ја водиме Општина Делчево кон подобра иднина.