Драги мои сограѓани, другарки и другари, мои гевгеличани!

Погледнете околу себе! Погледнете ја оваа енергија, оваа надеж, оваа сила што само народот ја носи во срцето! Ова не е обичен избор на градоначалник – ова е почеток на големата промена што ја чекаме со години!

Гевгелија отсекогаш била град на луѓе со храброст. Град што знае да ја отвори вратата кон иднината. И денес јас гордо ви велам: Гевгелија е портата на Македонија кон Европската Унија! Никој, ама никој нема да ја затвори таа порта! Ниту актуелната власт, ниту нивните препреки, ниту нивните лаги. Затоа што оваа порта ја отвора народот – а народот никој не може да го запре!

Ќе ви велат – нема пари. Ќе ви велат дека мора да се задолжуваме. Ќе ве плашат со празни зборови. Но јас ви велам: нема задолжување за граѓаните! Нема повеќе товар на вашиот грб! Парите за развој постојат – во европските фондови, во програмите за капитални проекти, во можностите што досега актуелната власт речиси и да не ги искористи. Наместо тоа, ја задолжуваа општината со кредити кои ќе ги враќаат нашите идни генерации. Ние ќе ги донесеме тие пари овде, парите од ЕУ-фондовите во нашиот град.

Млади луѓе, иднината е ваша! Ќе изградиме младински дигитален центар, спортски терени и културни простори каде што ќе имате шанса за креативност, образование и дружба. Ќе отвориме нови работни места за да не ја барате среќата во туѓина, туку да ја градите овде, дома.

Почитувани пензионери, вашата мудрост и труд ја изградиле оваа општина. Ќе обезбедиме превоз за секој што ќе има нужна потреба да стигне до здравствена установа доколку не е сам во можност. Подобра примарна здравствена заштита и услови за достоинствена старост.

Земјоделци и стопанственици, вашата мака е гордост на Гевгелија. Ќе инвестираме во модерни оранжерии, ладилници и пласман на производите во странство за вашата работа да донесе стабилност и напредок за секое семејство.

Работници, нема повеќе експлоатација и безизлез. Ќе поддржиме нови фабрики и индустриски зони, со фер плата и сигурност за да живеете достоинствено од својот труд.

Жени, мајки, сестри, вашата сила е движечка енергија на овој град. Ќе инвестираме во детски градинки, програми за еднакви можности и заштита од семејно насилство за ниту една жена да не биде оставена сама.

Наши сограѓани што живеете во нашата дијаспора, иако сте далеку, Гевгелија живее и преку вас. Ќе создадеме канцеларија за дијаспората и проекти што ќе ви овозможат да инвестирате и да се враќате дома со сигурност дека Гевгелија е град што се развива.

И конечно, подадена рака за сите немоќни, лица со попреченост, самохрани родители и социјално ранливи граѓани. Нема да бидете оставени сами да се борите со тешките денови. Ќе обезбедиме дневни центри за лица со инвалидитет, програми за поддршка на самохраните семејства, социјални фондови и пристапни јавни простори за сите да бидат рамноправен дел од нашата заедница.

Замислете – Гевгелија со модерни улици, со чист воздух, со паркови полни со смеа на децата. Замислете болница што им служи на луѓето, училишта што им даваат шанса на младите, работни места што ги задржуваат нашите синови и ќерки дома. Тоа не е утопија – тоа е нашата иднина. И таа иднина започнува со нас!

Јас не сум сам. Јас сум само вашиот претставник, вашиот глас. Силата е во вас! Силата е во народот! И затоа ви велам – оваа победа е извесна. Победуваме уште во првиот круг!

Гевгелија заслужува промена. Заслужува надеж. Заслужува европска иднина. И никој нема да нè запре на тој пат!

Да го кренеме гласот, да ја кренеме главата, да ја кренеме Гевгелија!

Да живее нашиот град! Да живее нашата заедничка победа!

Миле А.

СОВЕТНИЧКА ЛИСТА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

  • 1. Александар Киров
  • 2. Каранфилка Алчинова
  • 3. Цветан Нелоски
  • 4. Елизабета Сивова
  • 5. Тодор Ристов
  • 6. Мери Олумчева
  • 7. Дејан Марков
  • 8. Владо Ангеловски
  • 9. Благоја Пакетов
  • 10. Силвана Несторова
  • 11. Марина Улишева
  • 12. Ристо Ѓоргиев
  • 13. Дејан Стојков
  • 14. Дејан Арнаудов
  • 15. Микица Батанџиева
  • 16. Крсте Трајковски
  • 17. Наталија Ризов
  • 18. Виктор Паласкаров
  • 19. Даниела Ѓоргиева

ШТО НАПРАВИВМЕ НИЕ:

Во периодот од 2017 година до 2021 година, кога СДСМ беше локална власт во Општина Гевгелија, ги реализира следниве проекти:

  • Регионален патен правец Миравци ‒ Давидово.
  • Изградба на регионалниот патен правец Прдејци ‒ Смоквица.
  • Целосна реконструкција на патот Гевгелија ‒ Негорци во должина од 6,5 километри
  • Изградба на последната делница од локалниот пат Негорци ‒ Серменин во должина од 1 километар
  • Изградба на патот од Давидово до манастирот „Св. Илија“ во должина од 800 метри
  • Ревитализација на патниот правец Гевгелија ‒ Богородица ‒ Стојаково
  • Изградба на пат до привремена депонија во Ново Конско, како еден од условите за нејзино профункционирање.
  • Асфалтирани улици во Гевгелија: „Нако Вардарски“, и дел од „Кочо Рацин“, „26 Април“, „Јане Сандански“, „Питу Гули“, „Мицо Шаренков“, дел од улиците „7 Ноември“, и „Димитар Влахов“, „1 Мај“ на западната страна од Градскиот стадион, паркингот кај Градските гробишта и паркингот на ул. „Илинденска“.
  • Бетонирани краци од улици во Гевгелија: „Кузман Шапкарев“, „Ѓорги Сугарев“, крак од улицата покрај „Рауљот“, „Деко Ковачев“, „Серменинска“, „Белградска“, „Ѓорги Стамов“, „Ристо Јанев“, два крака од улицата „Кожуф“, „11 Октомври“, „Никола Карев“, и тротоар на „Ѓорги Стамов, спроти Општата болница-Гевгелија“, уредување на тротоарите со павер-елементи на „Деко Ковачев“ и „Сава Михајлов“.
  • Целосна реконструкција на улицата „Илија Миов“ – една од главните сообраќајници во централното градско подрачје.
  • Реконструкција и проширување на ул. „Илинденска“ - Гевгелија крај која се наоѓаат стопански капацитети: проширување на коловозот и уредувањето на тротоарот од јужната страна.
  • Изградба на сервисните улици во станбената населба „Караорман“ - „Апостол Петков“, „Павел Шатев“, „Галилео Галилеј“.
  • Уредување на тротоарите на ул. „Миле Пецанов“ во Гевгелија: реконструкција на тротоарите на оваа значајна сообраќајница што води до Градскиот пазар, поплочени со павер-елементи, инсталирање на системот „капка по капка“ и нов дрворед.
  • Уредување на тротоарите на ул. „Панче Пешев“ со павер-елементи-значително подобрена патната инфраструктура во овој дел на градот, со модерен изглед и нов дрворед, а истовремено е и зголемена безбедноста на пешаците како учесници во сообраќајот.
  • Уредување на тротоарите на улицата „Моински пат“, пешачката зона што води до излетничкото место Динќут - поплочени со павер-елементи.
  • Уредување на тротоарите на улицата што води до археолошкиот локалитет и туристичко-рекреативниот комплекс „Вардарски рид“ од индустрискиот објект „Вори“ до Угостителскиот објект мотел „Вардар“.
  • Изградба на пристапните патишта во индустриската зона „Ракита“.
  • Асфалтирани улици во населените места: Миравци: „Гоце Делчев“, „Елена Минчева“, „Климент Охридски“, „Иднина“; Давидово: „Илинденска“; Милетково: клучка; Прдејци: „Браќа Толеви“ и „Вардарска“; Негорци: „Ѓорче Петров“, „Гоце Делчев“; Мрзенци: „Гоце Делчев“; Богородица: главната улица во населеното место.
  • Санација на потпорниот ѕид во Миравци: темелна санација со изведување потпори на овој ѕид во центарот на населеното место.
  • Санација на мостот и речното корито на Сува Река, на влезот во Моин.
  • Санација на полски патишта во атарите на населените места Богородица и Прдејци.
  • Обновување на хоризонталната сообраќајна сигнализација во градот и населените места.
  • Предаден во употреба новиот водоводен систем кој обезбедува долгорочно и квалитетно водоснабдување во Гевгелија и околината.
  • Изградба на атмосферска канализација на ул. „Индустриска“ во Гевгелија.
  • Изградба на атмосферска канализација на ул. „Ѓорче Петров“ и канализација на ул. „Јане Сандански“ во Негорци.
  • Изградба на водоводна линија и препумпна станица во станбената населба „Караорман“- Гевгелија
  • Изградба на канализациска линија во станбената населба „Караорман“ -Гевгелија
  • Изградба на пречистителна станица за отпадни води со фекален колектор во населеното место Моин.
  • Мониторинг станица за мерење на квалитетот на воздухот кај ЈОУДГ „Сончогледи“ во Гевгелија.
  • Изградба на 21 училница и нова угостителска сала во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија.
  • Реконструкција на подрачното училиште при ООУ „Крсте Мисирков“-Гевгелија во Моин, обновена фасада и термоизолација, покривна конструкција, молерофарбарски работи, реконструкција на санитарни јазли, и оградување на дворната површина.
  • Партерно уредување на дворот во ООУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија
  • Реконструкција на покривната конструкција и замена на старите азбестни табли на училишниот објект „Ристо Шуклев“ - Негорци: нов кров.
  • Реконструкција на санитарните јазли во ООУ „Климент Охридски“ - Миравци и подрачното училиште во Смоквица.
  • Замена на дрвената столарија и нов балетски под во ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија.
  • Замена на мебел во градинката „Цветови“.
  • Нови гардеробери во детските градинки „Детска радост“ и „Цветови“
  • Новоотворен оддел за јасли во градинката во Миравци
  • Реновирање на тоалети во „Детска радост“ „Сончогледи“ „Цветови“
  • Климатизирање на сите простории во сите детски градинки
  • Изградба на нова градинка „Развигорче“ во Прдејци
  • Реконструкција на дневниот центар за деца со посебни потреби во Гевгелија
  • Доградба на нов дел во склоп на градинката „Сончогледи“
  • Уредување на излетничко место „Динќут“
  • Регулација на речното корито
  • Доизградба на ул. „Св. Климент Охридски“
  • Доградба на нов дел во склоп на градинката „Сончогледи“ на површина од 1000 м2
  • Замена на водоводна линија од Б. П. Шимов ‒ Гевгелија до граничен премин
  • Изградба на атмосферска канализација во јужниот дел на Гевгелија
  • Изградба на привремена депонија
  • Реконструкција на Дом на култура во Прдејци

А ШТО (НЕ) НАПРАВИЈА ТИЕ?!

  • Нема нова детска градинка во Блок 7 Гевгелија
  • Нема изградба на градски базен
  • Нема бесплатен оброк за ученици од 1. до 4. одделение
  • Нема катна гаража
  • Но, затоа има реконструкција на старата градска чаршија каде што имаат дуќани актуелниот градоначалник и носителот на советничката листа на ДПМНЕ
  • Нема изградба на локален пат од индустриска зона Блокотехна ‒ Прдејци
  • Нема изведба на канализациска мрежа во Смоквица, Милетково, Н. Конско
  • Нема водоснабдување во Кованец, Петрово, Габрово.
  • Нарушување на животната средина поради градежна експанзија, оштетени тротоари поради изградба на нови згради.
  • Нема доградба на нови 8 училници во ОУ „Владо Кантарџиев“ со цел одвивање на наставата во една смена.
  • Нема специјализиран кабинет за практична настава за потребите на машинската струка
  • Нема обезбедено превоз до државни здравствени клиники за лица со социјална помош, ниски примања, и пензионери со ниски пензии
  • Нема отворено старечки дом
  • Нема санирање на полските патишта
  • Нема олеснување или целосно ослободување од давачки кон општината на инвеститори што би отвориле преработувачки капацитети за земјоделски и сточарски производи
  • Нема чистење на речните корита
  • Нема изградба на одводни канали
  • Нема изградба на пешачка патека на Сува Река
  • Нема традиционален турнир во баскет Гевдион
  • Нема избор на спортист на годината
  • Нема спортска сала Богородица
  • Нема велосипедска патека Гевгелија ‒ Негорци
  • Нема одделение за туризам при општина Гевгелија
  • Нема ставање во функција на тренинг-кампови на фудбалски игралишта во Горничет, Мрзенци и Миравци
  • Нема доуредување на парк за забавно-рекреативни цели на ул. „11 Октомври“, Гевгелија
  • Нема изградба на игралиште за кошарка во Петрово
  • Нема издвоени финансиски средства за доедукација на стручен кадар во масовните спортови
  • Нема развој на ловен туризам
  • Нема промоции и привлекување инвеститори со цел реализирање на целосниот потенцијал на планината Кожуф како туристичка дестинација
  • Нема враќање на киното и кинокултурата во Гевгелија
  • Нема летна сцена во градскиот парк
  • Нема соработка со други културни институции во државата со цел преземање премиерни културни содржини од нивната содржина
  • Нема техничко опремување на културните центри во градот
  • Нема усвојување на план за заштита и спасување
  • Нема доопремување на општинско противпожарно друштво
  • Нема никаква меѓународна соработка
  • Нема инфраструктурно уредување на мини индустриска зона
  • Нема дигитализација на Општина Гевгелија
  • Нема продажба на парцели наменети за мали преработувачки незагадувачки капацитети и отворање нови работни места.
  • Нема доуредување на просторот околу станбените згради на ул. „Загрепска“ и „Ристо Чавдаров“ (парк со клупи)
  • Нема уредување на простор за игра и рекреација на децата на улица „Солунска“ и „Загрепска“ на површина од 500 м2 со бетонирање и оградување
  • Нема замена на азбестни водоводни цевки со нови во Гевгелија
  • Нема решавање на проблемот со отпадните води од канализациската мрежа во Негорци
  • Нема изградба на атмосферска канализациска мрежа на дел од улиците што немаат
  • Нема инсталирање мрежа со техничка вода за наводнување на земјоделски површини во Негорци
  • Нема набавка на контејнери за сите села
  • Нема чистење и уредување на одводните канали во Негорци, Богородица, Прдејци, Мрзенци и Ново Конско
  • Нема обезбедување локации за обновливи извори на енергија
  • Нема еколошки акциски план за чист воздух
  • Нема зголемување на зелените површини парк во секое маало
  • Нема субвенции за енергетско-ефикасни извори на енергија во домаќинствата
  • Нема реконструкција на покриви, фасади и подови во училиштата
  • Нема чистење диви депонии
  • Нема акции за пошумување
  • Нема зачувување на флората и фауната на Кожуф
  • Нема ново возило за собирање смет со друга механизација и алати за ефикасно работење н ЈКП и собирање отпад
  • Нема партерно уредување на централниот дел и улици каде што има услови со жардиниери и други реквизити во Негорци
  • Нема реконструкција на паркинг-место на ул. „Коле Неделковски“
  • Нема проширување на патот Негорци ‒ Прдејци
  • Нема реконструкција на локалниот пат Негорци ‒ Кованец
  • Нема затворање и поплочување на дел од ул. „Маршал Тито“ (делот што поминува низ центарот на Миравци) и отворање нов обиколен пат

МОЈАТА ВИЗИЈА

Зошто се кандидирате? Што е мотивот?

Членовите на мојата матична партија го кажаа својот збор, а мое беше да ја оправдам нивната доверба во мене затоа што верувам дека нашата општина може и мора да биде подобро место за живеење – за младите, за семејствата, за пензионерите, за секој еден наш сограѓанин. Од друга страна, мојата мотивација не е лична амбиција, туку искрена посветеност кон луѓето. Она што ме тера да прифатам и да продолжам е видливото незадоволство и очај на граѓаните од актуелната локална власт, но и чувството дека постојат уште многу работи што треба да се направат.

Верувам во еднакви можности, во правда и во напредок – тоа се темелите на социјалдемократските вредности. Токму затоа сакам да продолжам да ја водам нашата општина кон развој, кој не е само на хартија, туку реален и видлив во секое маало, улица и семејство.

Колку е важно да се има визија за општината, за нејзино подобро функционирање и за нејзин развој. Дали во тој контекст е потребно да се има и визија за општеството во целина?

Визијата е основата на секоја успешна приказна. Ако немаме јасна слика каде сакаме да бидеме за 5, 10 или 20 години, тогаш сите наши чекори ќе бидат само импровизации. За мене, визијата за општината значи поефикасни услуги за граѓаните, повеќе инвестиции во образованието, инфраструктурата и екологијата, но и грижа за секој човек, без разлика дали живее во центарот или во најоддалеченото маало или населено место.

Но визијата не смее да заврши на границите на општината. Ние сме дел од едно пошироко општество. Ако сакаме навистина да напредуваме, мора да градиме солидарно и праведно општество – социјалдемократски принцип, кој вели дека никој не смее да биде оставен на маргините. Визијата за општината е темел, но визијата за општеството е покривот под кој сите заедно живееме.

Што е тоа што сметате дека мора да се направи во следниот мандат и натаму? Нешто што ќе направи промена?

Во мандатот што следува мора да се посветиме на нешта што ќе остават траен белег – промени што ќе ја направат нашата општина место каде што луѓето не само што живеат туку и ќе сакаат да останат.

Мора да изградиме систем каде што младите ќе имаат перспектива дома, каде што семејствата ќе чувствуваат сигурност, а постарите генерации – достоинствен живот. Тоа значи подобро образование, чиста средина, подобри услови за работа, но и култура на заедништво, солидарност и почит.

Јас верувам дека вистинската промена не се мери само со број на изградени улици или згради – туку со број на насмевки, со довербата што ја градиме меѓу себе и со надежта дека утре ќе биде подобро од денес. Тоа е мојата најголема цел: да ја вратиме надежта кај луѓето и да изградиме општина во која сите заедно ќе се гордееме што сме дел од неа.

Дали е доволно да се понудат само инфраструктурни проекти?

Не, не е доволно. Инфраструктурата е важна, но таа е само алатка – никогаш не е цел сама по себе. Ако изградиме булевар, тој мора да служи за побрз и побезбеден сообраќај, ако подигнеме нова зграда, таа мора да биде во служба на граѓаните и да ги намали трошоците на Општината.

Но најважно – секоја инвестиција мора да ја почитува и да ја подобрува животната средина. Нема вредност ако изградиме пат, а воздухот остане отровен; ако направиме плоштад, а околу него се натрупаат диви депонии. Мора да изградиме систем во кој инфраструктурата ќе биде зелена, одржлива и енергетски ефикасна – затоа што здравата животна средина е највредната инвестиција за нашите деца.

Јас верувам дека вистински развој е тогаш кога секоја нова зграда, улица или парк не ја зголемува сметката за Општината, туку ја намалува. Така ќе покажеме дека знаеме да градиме одговорно – за сегашноста, но и за иднината.

Колку се важни младите за нашата општина?

Младите се срцето и иднината на Гевгелија. И секој заминат млад човек е како да згаснал еден пламен што требало да ја осветли нашата иднина. Многу мајки денес леат солзи затоа што нивните деца ја напуштија државата – затоа што овде не им беше дадена шанса, затоа што нивната работа не беше ценета, затоа што власта ги натера да бараат перспектива во туѓина.

А вистината е болна: ако продолжи ова темпо, Гевгелија ризикува да стане град на пензионери, без младост, без иднина. Но јас верувам дека тоа може да се промени. Верувам дека секој млад човек има своја шанса, тука дома, без разлика на вера, етничка или политичка припадност.

Мојата визија е Гевгелија да биде град што им дава можности на младите – за работа, за креативност, за спорт, за култура, за живот со достоинство. Младите не се „иднината“ само како збор што убаво звучи, тие се нашата најголема потреба денес. Без нив нема кој да ја продолжи приказната на нашиот град. Затоа мојата најголема борба е да ги задржиме тука, да им дадеме надеж, заедно да ја изградиме иднината.

Како гледате на општата безбедност на граѓаните? Кои се проблемите и како може да се решаваат?

Гевгелија пред само четири години беше град на солидарност, на мирен живот, со безбедни улици, функционални сообраќајни знаци и семафори. Луѓето излегуваа на улица без страв, а соседите се гледаа како пријатели, не како непознати.

За жал, со актуелната власт многу од тоа исчезна. Живееме во чудно време кога дури и најмалите, кога се соочуваат со проблем, почнуваат со репликата „знаеш ли чиј сум јас“. Тоа јасно покажува дека довербата и безбедноста кај граѓаните е нарушена.

За да го решиме ова, ќе преземеме конкретни мерки: зголемена присутност на полицијата на клучни локации, обнова и модернизација на сообраќајната сигнализација, систем за брза реакција при пријави на нарушување на редот, но и програми за превенција и едукација на младите за правилно однесување и граѓанска одговорност.

Ветувам дека безбедноста ќе биде апсолутен приоритет. Ќе ги вратиме редот, функционалните сообраќајни системи и механизми што обезбедуваат еднаквост и сигурност за сите – без поделби на „ваши“ и „наши“. Секој човек мора да се чувствува безбедно на својата улица, дома и во својата заедница. Тоа не е само политика, тоа е должност, одговорност и ветување што ќе го исполнам.

Дали доброто планирање на просторот и мобилноста се клуч за забрзан развој, но и за поквалитетно живеење?

Апсолутно, доброто планирање на просторот и мобилноста е основата за секој квалитетен развој. Кога улиците, парковите, јавниот превоз и инфраструктурата се функционални и добро организирани, граѓаните го чувствуваат тоа секој ден – помалку стрес, побезбедно движење, почиста животна средина и повеќе време за семејството и за заедницата.

Мојата визија е Гевгелија да биде град што се движи хармонично – каде што секој патник, пешак или велосипедист ќе има своето место, каде јавните простори ќе ги поттикнуваат луѓето да се сретнуваат, да учат, да се рекреираат и да создаваат. Плановите за развој ќе бидат долгорочни и одржливи, со секој нов проект да го подобрува животот на граѓаните, а не само да го „засени“ градот со бетон.

Сметам дека токму добро планираното движење и просторно уредување ќе донесат забрзан развој, но и вистинско квалитетно живеење – затоа што развојот без ред, организација и грижа за луѓето е само илузија.

Особено во зимските месеци македонските градови се меѓу најзагадените во светот. На многу места имаме проблем со диви депонии, а граѓаните имаат сериозни забелешки за јавната чистота дури и во најурбаните места. Осудени ли сме сите ние да живееме во ѓубре и отровен воздух?

Не, не сме осудени! Гевгелија заслужува чист воздух, здрав живот и убаво место за живеење. Загадувањето и дивите депонии се еден од највидливите знаци дека нашата грижа за околината е занемарена, но тоа не е неизбежно.

Мојата визија е да го вратиме градот на картата на здрави, уредни и функционални општини. Тоа значи системски решенија: модернизирање на јавната чистота, редовно собирање отпад, ефикасно рециклирање, гасификација и поддршка за зелени технологии, како и едукација на граѓаните за заедничка одговорност.

Секоја улица ќе биде чиста, секој парк ќе биде место каде што семејствата можат без страв да излезат на воздух, а децата да дишат безбедно. Не само што можеме, туку и мораме да го сториме тоа, затоа што нашите животи, нашите семејства и иднината на нашите деца се поважни од каква било удобност или краткорочна корист.

Гевгелија може да биде пример за чист град, град што се грижи за своите луѓе и за својата природа каква што и беше до пред да дојде актуелната власт. – А, јас ќе направам сè за тоа да стане реалност. Гевгелија чиста и град пример не само за Македонија туку и за регионот!

Довербата на граѓаните во системот е на многу ниско ниво, а општата перцепција на јавноста е дека корупцијата цвета во нашата држава. Дали може да ја вратиме повторно таа доверба?

Да, довербата може и мора да се врати, но тоа бара решителност и јасна промена на системот. Повеќе не можеме и не смееме да дозволиме да живееме во услови каде што постојат „две брзини“ – едни што ги почитуваат законите и други што мислат дека се над нив. Секој граѓанин е еднаков пред законот, без разлика на етничка, политичка или социјална припадност.

Ќе создадеме општина каде што транспарентноста не е само збор на хартија, туку практика во секој процес: отворени јавни набавки, редовни извештаи до граѓаните, дигитални платформи за следење на расходите и активности на Општината. Јавното учество ќе биде клучно – секој ќе може да влијае, да поставува прашања и да бара одговор.

Само со ваква политика на отвореност, отчетност и еднаквост пред законот можеме повторно да ја вратиме довербата на граѓаните и да дадеме надеж дека јавниот сервис навистина е во служба на луѓето, а не на интересите на поединци. Граѓаните мора да знаат дека нивниот глас и нивната доверба имаат вистинска вредност – и тоа ќе го оствариме.

Иселувањето е еден од најголемите проблеми, а следствено и наталитетот е во драстично опаѓање. Имаме ли иднина без луѓе? Како да ги задржиме луѓето во своите места да продолжат да живеат со перспектива за себе и за своите деца?

Иселувањето е најголемата болка на нашето време. Секоја празна куќа, секој затворен двор, секое семејство што се разделува е тивка трагедија за нашата заедница. Без луѓе – нема иднина. И да, ако не преземеме нешто сега, ризикуваме да останеме град со минато, но без иднина.

Затоа мојата мисија е јасна: да создадеме услови за достоинствен живот тука, дома. Тоа значи нови работни места, поддршка за младите претприемачи, инвестиции во образованието и културата, но и почиста, поуредна и посигурна средина во која секој ќе сака да остане и да создава семејство.

Верувам дека секој човек сака да живее блиску до своите најблиски, во местото каде што е израснат. Затоа ќе ги вложиме сите сили за да ја изградиме Гевгелија којашто не ги брка своите луѓе, туку ги враќа, која не ги разочарува младите, туку им дава перспектива.

Нашата борба е за живот со надеж, со иднина, со можности – за секого, без разлика кој е и од каде доаѓа. И токму така ќе покажеме дека Гевгелија има иднина – со своите луѓе, со своите семејства, со својата младост. Сепак, ќе повторам – засега ние гевгеличани сме први кон целта т.е. кон европската порта и ние ќе бидеме тие што први ќе ја отворат таа врата за сите што заминале да се вратат, а добронамерниците да бидат наши редовни гости.

Зошто граѓаните да гласаат за вас? Што е тоа по што сте различни од другите за да ви ја дадат токму вам довербата?

Мојата визија не е само моето дете да остане тука, туку сите нејзини другарчиња да имаат можност да живеат, да учат и да растат во својот роден град – со надеж, перспектива и достоинство. Јас сум човек со став и принципи, и за мене не постојат разлики меѓу луѓето – секој заслужува еднакви шанси и почит.

Чаршијата ме изградила како личност. Многу сограѓани знаат дека сум бил тука за нив кога било потребно, без разлика на околностите. Најважно за мене е дека ќе подадам рака кон секој што заслужува поддршка, особено кон оние што биле разочарани, затоа што секој човек треба да добие она што го заслужува – во позитивна смисла на зборот.

Граѓаните сами ќе судат – кој е присутен кога треба, кој помага од срце и без интерес, кој дејствува со принципи и чесност. Јас сум оној што секојдневно работи за луѓето, со надеж и посветеност, и така сакам да продолжам, затоа што вистинската доверба се гради со дела, не со зборови.

Заедно да ги менуваме состојбите!

Клучни состојби и наш пристап

Каква е состојбата?

  • Намалена безбедност: Кучиња скитници, сообраќајна некултура, загадување и здравствени ризици, инфраструктурни проблеми, кражби и инциденти.
  • Системски пропусти: Корупција и клиентелизам, недоволна институционална поддршка, урбанистички и инфраструктурни проблеми, еколошка деградација, слаба поддршка за младите.
  • Јавни услуги: Корупција во администрацијата, слаб институционален капацитет, нефункционален здравствен систем, дигитализација како решение.
  • Масовно иселување: Економски причини, недоверба во системот, слаб квалитет на јавните услуги, проблеми со животната средина и инфраструктурата.

Наш пристап

  • Функционален и безбеден јавен простор: Хуман урбанизам, културни/социјални хабови, сообраќајна безбедност, модерен јавен превоз, зголемена мобилност.
  • Чиста и здрава животна средина: Подобрена комунална хигиена, чист воздух преку контрола на загадувањето, расчистување на диви депонии.
  • Општини по мерка на граѓаните: Отворени и отчетни институции, нулта корупција, ефикасни услуги, вклучување на граѓаните во одлучување.
  • Младите во фокусот: Поддршка за здрав и одржлив развој, градење демократски свесни индивидуи, младите како иднина и надеж.

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

Гевгелија

  • НОВО ОПШТИНСКО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ, ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА УЛИЦИ И ПАТИШТА
  • ПАРК ДВЕТЕ УШИ НА СТАР ГРАДСКИ ПАЗАР
  • 3Д-КИНО
  • ИЗГРАДБА НА ЈУЖЕН БУЛЕВАР И УРЕДУВАЊЕ НА КОРИТОТО НА СУВА РЕКА
  • НОВА ИНДУСТРИСКА ЗОНА
  • ИЗГРАДБА НА КАНАЛ ЗА ФЕКАЛИИ НЕГОРЦИ
  • СЕРТИФИЦИРАН РАСАДНИК ПРИ ЈПКД КОМУНАЛЕЦ
  • РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР СИФУЛАЈКА
  • КАТНА ГАРАЖА
  • МИНИ СОЛИДАРНА НАСЕЛБА ДР. АЛЕКСАНДАР СИНГЕР
  • МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН ПИОНЕРСКИ ДОМ
  • ИЗГРАДБА НА РЕГИОНАЛЕН ПАТ КОНСКО – СЕРМЕНИН – МИРАВЦИ
  • ИЗГРАДБА НА ПРИКЛУЧОК ОД АВТОПАТ КОН БЛОКОТЕХНА
  • ИЗГРАДБА НА МЕГАПАРК НА ВЛЕЗОТ ВО ГЕВГЕЛИЈА
  • ИЗГРАДБА НА МОДЕРЕН ЦЕНТАР ЗА СЕЛЕКЦИЈА И РЕЦИКЛИРАЊЕ
  • ПОДГОТОВКА ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА НОВ ГРАНИЧЕН ПРЕМИН СУВА РЕКА – ИДОМЕНИ (ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДОКУМЕНТАЦИЈА ПОД ОПШТИНСКИ ИНГЕРЕНЦИИ)
  • КОНЦЕРТНА САЛА ПРИ МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ „ВАСО КАРАЈАНОВ“
  • ГРАДСКА СПОРТСКА АРЕНА

ПРОЕКТИ

МЕСНИ ПРОЕКТИ

УЗ Гевгелија

ЕКОЛОГИЈА

  • Електричен такси-превоз
  • Повеќе полначи за е-автомобили
  • Дрвореди на сите улици каде што има можност
  • Вендинг-машини за пластика
  • Чистење на сите депонии и ѓубришта во Општина Гевгелија
  • Затворање на градежна депонија Милци
  • Еколошка торбичка за сите жители
  • За секоја рециклажа бесплатно цвеќе и дрвце од расадникот
  • Ставање во функција на прочистителна станица

ЗЕМЈОДЕЛСТВО

  • Сертифициран расадник при ЈПКД Комуналец Гевгелија

ТУРИЗАМ

  • Урбанизација на типска населба на Конска Брана
  • Туристичко биро на влез во Гевгелија
  • Смарт-туризам во Гевгелија, поврзување на сите дејности
  • Ековел-туризам
  • Гевгелиско туристичко лето (со акцент на транзитните туристи)

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

  • НОВО ОПШТИНСКО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ, ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА УЛИЦИ И ПАТИШТА
  • ПАРК ДВЕТЕ УШИ НА СТАР ГРАДСКИ ПАЗАР
  • 3Д-КИНО
  • ИЗГРАДБА НА ЈУЖЕН БУЛЕВАР И УРЕДУВАЊЕ НА КОРИТОТО НА СУВА РЕКА
  • НОВА ИНДУСТРИСКА ЗОНА
  • СЕРТИФИЦИРАН РАСАДНИК ПРИ ЈПКД КОМУНАЛЕЦ
  • РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР СИФУЛАЈКА
  • КАТНА ГРАЖА
  • МИНИ СОЛИДАРНА НАСЕЛБА ДР.АЛЕКСАНДАР СИНГЕР
  • МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН ПИОНЕРСКИ ДОМ
  • ИЗГРАДБА НА ПРИКЛУЧОК ОД АВТОПАТ КОН БЛОКОТЕХНА
  • ИЗГРАДБА НА МЕГАПАРК НА ВЛЕЗОТ ВО ГЕВГЕЛИЈА
  • ИЗГРАДБА НА МОДЕРЕН ЦЕНТАР ЗА СЕЛЕКЦИЈА И РЕЦИКЛИРАЊЕ
  • ПОДГОТОВКА ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА НОВ ГРАНИЧЕН ПРЕМИН СУВА РЕКА ‒ ИДОМЕНИ (ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДОКУМЕНТАЦИЈА ПОД ОПШТИНСКИ ИНГЕРЕНЦИИ)
  • КОНЦЕРТНА САЛА ПРИ МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ „ВАСО КАРАЈАНОВ“
  • ГРАДСКА СПОРТСКА АРЕНА

КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ

  • Укинување на такса за гробарина и баждарење на водомери
  • Изградба на компостара
  • Акредитирана лабораторија за вода при ЈПКД Комуналец
  • Стационар за бездомни кучиња
  • Техничка вода за сите јавни површини
  • Канти и контејнери за сите населени места и туристички населби
  • Ноќно собирање смет и ноќно машинско метење улици
  • Подземни контејнери на сите колективни станбени згради
  • Канистри за собирање на дождовници
  • Изработка на зелен катастар
  • Изработка на подземен катастар
  • Мобилна дробилка за градежен шут (целиот градежен шут ќе биде преработен и искористен за полски шумски и селски патишта)
  • Мобилна асфалтерка
  • Атмосферска канализација на сите улици каде има техничка можност
  • Гасификација до сите заинтересирани странки (физички и правни лица)
  • Одржување и модернизирање на постојните паркови во Гевгелија
  • Парк за миленици

КУЛТУРА

  • Заштита на целокупното културно наследство
  • Промоција на локални културни настани
  • Поставување на спомен обележја на сите истакнати дејци
  • Гевгелиско културно лето
  • Бесплатна посета на сите културни настани за сите основци и средношколци

СПОРТ

  • Изградба на спортска сала
  • Формирање футсал клуб
  • Формирање одбојкарски клуб
  • Училишни спортски лиги во ракомет, мал фудбал и кошарка
  • Општинска фудбалска лига со реконструкција на сите спортски терени
  • Изградба на балон-сала со капацитет од 300 седишта
  • Финансиска поддршка на сите поединечни спортови
  • Организација на турнир во мал фудбал Негорци

ОБРАЗОВАНИЕ

  • Бесплатни униформи за сите училишта во Општина Гевгелија

УРБАНИЗАМ

  • Носење урбанистички планови во корелација со акцент заштита на животната средина и комфортот на граѓаните

СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА

  • Изградба на типска населба за социјално ранливи категории
  • 36 монтажни објекти од 45 м2
  • Бесплатна градинка за секое дете
  • Бесплатен оброк за секое дете

МЛАДИ

  • Намалување за 50% на комуналии за млади брачни парови до 30 години
  • Ваучери за образовни, културни и спортски настани за млади до 25 години

ЕКОНОМИЈА

  • Субвенционирање на правни лица со седиште во Гевгелија за настап на меѓународни саеми

МЗ Мрзенци

  • Чистење на сите депонии и ѓубришта во Мрзенци
  • Еколошка торбичка за сите жители
  • Средување на коритото на Мрзенска Река
  • Асфалтирање на улица „Александар Бел“
  • Реновирање на младински дом
  • Проект за атмосферска канализација (завршеток)
  • Тротоари на главната улица
  • Вело- и пешачка патека на стариот автопат кон Мрзенци

КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ

  • Канти и контејнери за собирање смет
  • Ноќно собирање смет и ноќно машинско метење улици
  • Хортикултурно и партерно уредување на Споменикот на слободата

МЗ Негорци

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

  • Изградба на канал за одведување на фекални води
  • Изградба на нов резервоар за вода согласно потребите на жителите на Негорци
  • Приклучок од автопат кон индустриска зона Блокотехна
  • Целосна комунална инфраструктура за Блокотехна
  • Рехабилитација на стариот пат дел Блокотехна кон Негорски Бањи
  • Асфалтирање и холтикултурно уредување
  • Атмосферска канализација во Негорци
  • Ревитализација на полски патишта

КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ

  • Затворање на диви депонии
  • Канти и контејнери за собирање смет
  • Ноќно собирање на смет и ноќно машинско метење на улици

МЗ Горничед

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

  • Изградба на фекална канализација
  • Изградба на детско и спортско игралиште

КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ

  • Затворање на сите диви депонии
  • Канта за рециклирање за секое домаќинство

СПОРТ

  • Рехабилитација и ставање во употреба на фудбалски терен

МЗ Моин

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

  • Замена на цевки за водоснабдителен систем
  • Изградба на мал плоштад на центарот во населено место Моин
  • Ревитализација на полски патишта

КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ

  • Затворање на сите диви депонии
  • Канти за рециклирање за секое домаќинство

МЗ Кованец

КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ

  • Затворање на сите диви депонии
  • Канти за рециклажа за секое домаќинство

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

  • Изградба на фекална канализација
  • Реновирање на младински дом

МЗ Серменин

ТУРИЗАМ

  • Развивање на етнотуризам

КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ

  • Канти за рециклажа за секоја куќа, викендичка

МЗ Смоквица

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

  • Рехабилитација на водоснабдителниот систем
  • Реновирање на младинскиот дом
  • Асфалтирање на сите улици до домаќинствата
  • Ревитализација на полски патишта

КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ

  • Канти за рециклажа за секое домаќинство
  • Поставување и замена на уличното осветлување

СПОРТ

  • Рехабилитација на тревното игралиште

МЗ Милетково

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

  • Фекална канализација

КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ

  • Затворање на сите диви депонии
  • Канти за рециклажа за сите домаќинства

МЗ Миравци

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

  • Бетонирање на урбан канал
  • Отворање противпожарна станица
  • Ревитализација на полски патишта

КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ

  • Канти за рециклажа за секое семејство
  • Затворање на сите диви депонии
  • Ноќно собирање смет и ноќно машинско метење улици

МЗ Давидово

КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ

  • Канти за рециклажа за секое семејство
  • Затворање на сите диви депонии
  • Ноќно собирање смет и ноќно машинско метење улици

СПОРТ

  • Ревитализација на фудбалски терен

МЗ Богородица

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

  • Асфалтирање на сервисната улица од влез кон стари магацини
  • Бетонирање на одводен канал
  • Реновирање и адаптирање на старото училиште „Гоце Делчев“
  • Асфалтирање од влезот на „Принцес“ до старото училиште
  • Ревитализација на полски патишта

КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ

  • Канти за рециклажа за секое семејство
  • Затворање на сите диви депонии
  • Ноќно собирање смет и ноќно машинско метење улици
  • Средување на канализациската мрежа

МЗ Прдејци

КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ

  • Канти за рециклажа за секое семејство
  • Затворање на сите диви депонии
  • Ноќно собирање смет и ноќно машинско метење улици
  • Уредување на речното корито

МЗ Петрово

  • 1.Акцент на руралниот развој и руралниот туризам

МЗ Ума

  • Зголемување на капацитетот на постојниот водоснабдителен систем

МЗ Габрово

КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ

  • Изградба на водоводна мрежа
  • Фекална канализација