Драги мои сограѓани, кратовци Ми претставува огромна чест и задоволство, но во исто време и голема одговорност да ви ја претставам мојата кандидатура за градоначалник на Општина Кратово. Една од причините зошто ја прифаќам кандидатурата е затоа што сметам дека досегашната практика на привилегирани, на наши и ваши треба да прекине. Сите сме сведоци до кај нѐ доведе тој начин на водење на општината. Кратово од ден на ден е сѐ попусто. Нашите сограѓани секојдневно си заминуваат, некои од финансиски причини, некои поради неправди направени од институциите. Јас сум роден во Кратово, живеам во Кратово и планирам да продолжам да живеам во Кратово.
Вработен сум во Општина Кратово, од 2013 до 2017 бев советник во Советот на Општина Кратово. Од 2019 до 2020 бев директор на Јавното комунално претпријатие.
Во тоа време беа набавени нови камиони за собирање и транспорт на смет, беше купен и трактор со комплет опрема за зимско одржување, кој сѐ уште се користи. Во тоа време чистотата на градот беше на многу позавидно ниво од денес. Исто така, имам учествувано и организирано повеќе хуманитарни акции. Како жител на овој град и активен член на заедницата, ги познавам предизвиците и проблемите во градот со кои се соочуваме, но и огромниот потенцијал што го имамеСе кандидирам за градоначалник затоа што искрено верувам дека можам да овозможам подобри услови за живот на граѓаните. Сметам дека Кратово заслужува повеќе. Затоа ве повикувам да ми ја дадете вашата доверба, вашата поддршка и вашиот глас. Секогаш ќе бидам достапен за секој граѓанин и ќе ги решаваме проблемите заедно. Ќе се вложам максимално, затоа што искрено го сакам градот.
Со почит и благодарност,
Влатко Спировски
Драги сограѓани, Ние сме кандидати за општинскиот совет и се обраќаме директно до вас. Веруваме дека нашата општина треба да биде пристојно место за живеење на сите граѓани. Кратово е нашиот заеднички дом, во кој секој од нас треба да ја гледа својата иднина. Добро ги познаваме проблемите и маките на населението, бидејќи тоа се на секој еден од нас секојдневни проблеми и маки. Подигнување на квалитетот на живот во општина Кратово е нашата главна цел. Заедно можеме да обезбедиме почиста околина и да дадеме поддршка на малите бизниси. Не ветуваме чуда – ветуваме работа, чесност и транспарентност. Со вашата поддршка ќе го донесеме и кренеме гласот на граѓаните во советот на Општина Кратово. Затоа подаваме рака кон сите граѓани на Кратово. Придружете ни се во борбата за една поинаква и понадежна општина, за Кратово, град во кој секој еден од нас е важен!
Базната станица за гас се наоѓа во индустриската зона „Иднина“. Треба да се спроведе инсталација до институциите. Тоа ќе се изврши во првата фаза, односно во: Детската градинка „Царка Андреевска“, зградата на Центарот за социјални работи, Фондот за здравствено осигурување, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Полициската станица Кратово и ОВР Кратово, објектите на Министерство за одбрана, Центарот за управување со кризи, Здравствениот дом Кратово, ПШС Национални шуми, КЕЦ Кратово, ООУ „Кочо Рацин“, СОУ „Митко Пенџуклиски“, индустриските објекти и станбените згради на ул. „Гоце Делчев“. А во втората фаза ќе се поврзе секој дом со атмосферско греење и греење на вода, кое ќе биде попрактично и поекономично за граѓаните.
Со овој проект ќе се подобри економската состојба на граѓаните. Ќе плаќаат помалку, а ќе добиваат повеќе. Исто така, ќе се заштити животната средина и ќе се спречи сечењето на шумите.
500.000 евра
Недозволиво е Кратово, како најстар град на Балканот, во 21 век, кој е туристички град и кој имал канализациска мрежа уште пред неколку века, сега да нема канализациски систем на цела територија на градот. Во првата година од мандатот ќе изградиме нова канализациска мрежа во деловите каде што сѐ уште нема изградено и ќе ја обновиме и доуредиме постојната според најновите светски норми и стандарди. Цевките од домовите ќе бидат спроведени во една поголема цевка што ќе биде спроведена по речното корито надолу од градот, каде што ќе биде изградена посебна станица за прочистување на отпадните води. Најпрво нова канализациска мрежа ќе добијат: Табачка Маала, Аргулица, Бојаџиско, Стара школа, Цуцево и долната страна на „Јосиф Даскалов“. На овој начин ќе добиеме чисти реки и ќе ја заштитиме животната средина.
Спроведувањето на цевките од градот во една поголема цевка што ќе оди по речното корито надолу од градот ќе придонесе за значително прочистување на градот.
200.000 евра
Кратово нема никави индустриски капацитети и загадувачи, а сепак има нечиста вода за пиење. Граѓаните на Кратово се принудени да купуваат вода од маркетите или да полнат вода од околните извори, бунари и селски чешми. Со средствата собрани од приватната наплата ќе ја замениме водоводната мрежа, ќе го санираме главниот таложник (на тој начин ќе се спречи механичкото загадување на водата), ќе се изградат резервоари за вода во населените места и ќе се набават нови филтри, со што ќе се обезбеди квалитетна вода за пиење. Со изградба на хидрантска мрежа, ќе бидат заменети сегашните дотраени цевки со нови и ќе се регулираат загубите на вода и исто така ќе се регулира и притисокот на водата. На овој начин ќе имаме безбедно и чисто водоснабдување.
Подобрувањето на квалитетот на водата и водоснабдувањето во Кратово ќе има многу позитивно влијание кај жителите на Кратово и на тој начин ќе се решат проблемите со недостигот на вода во летниот период.
Ќе се прошири паркингот во централното градско подрачје, кое ќе се реализира со подигање платформа на бетонски столбови, со што ќе се овозможи паркирање на кат, со капацитет од вкупно 60 возила. Ќе се изгради и катна гаража зад Кристалограверницата, која ќе биде со капацитет од 50 возила. Ќе се воведе ограничено паркирање на дел од улицата „Гоце Делчев“. Во секое време ќе се расчистуваат нефункционалните возила низ улиците на градот.
Ќе се зголеми ослободувањето на паркинг-места во функција на развој на туризмот и ќе се задоволат потребите на граѓаните во градот.
Оформување стационар за згрижување бездомни кучиња преку јавно приватно партнерство, со компетентна компанија, преку заедничко вложување на општината. Стационарот ќе врши заловување и третирање на бездомните кучиња, а по потреба и други незгрижени животни, кои претставуваат потенцијална опасност за пренос на заразни болести и опасност од напад на мали деца и стари немоќни лица.
Со реализацијата на овој проект ќе се поправи грдата слика за градот со кучињата скитници и други незгрижени и неухранети животни.
30.000 евра
Ќе се модернизира и ќе се преуреди градскиот пазар како пазар од затворен тип, со што ќе се подобрат хигиенско-техничките услови и ќе се дополни со соодветна климатизација и вентилација. Со преуредувањето на пазарот, тој ќе се подели на два дела, така шт, еден дел ќе биде за земјоделски производи и храна, а другиот дел ќе биде пренаменет за текстил и техничка стока.
Подобрување на хигиенско-техничките услови при продавање храна, согласно со најновите хасап-системи. Исто така, ќе се подобрат амбиенталните услови во делот за продажба на стока и текстил.
400.000 евра