Загаденоста и отпадот – осудени ли сме на тоа?
Не сме осудени. Напротив, веќе направивме чекори, а следува уште повеќе: расчистување на дивите депонии, екоиницијативи и подобра јавна хигиена со вклученост на граѓаните.
Дали може да се поврати довербата во системот?
Може, со работа, отчетност и транспарентност. Ќе бидеме целосно отворени кон граѓаните – вашите пари, ваши проекти, ваш глас. Само така ќе изградиме доверба.
Иселувањето и наталитетот – имаме ли иднина без луѓе?
Немаме иднина без луѓе. Затоа ќе инвестираме во локалната економија, поддршка за млади семејства, и ќе создадеме реална перспектива – за луѓето да останат и да се вратат.
Зошто граѓаните да гласаат за вас?
Затоа што сум една од вас, граѓанин на оваа општина, со резултати зад себе и јасна визија напред. СДСМ го носи концептот „едно општество за сите“ и со ваша доверба, ќе продолжиме да градиме општина што функционира за сите.