
Колку се важни младите за нашата општина?
Младите се нашата иднина, за жал, како и во голем број општини во нашата земја, и кај нас бројот на млади се намалува, но како што веќе напоменав, наша цел е да ги задржиме тие што останаа, бидејќи иако сме мала општина, можеме да се пофалиме со многу талентирани и успешни млади луѓе што ја градат и ја гледаат својата иднина туку на родното огниште. Имаме успешни млади спортисти, млади актери, млади научници итн. Тие се наша гордост и наша иднина и затоа ќе продолжиме да ја поддржуваме нивната работа како и досега.
Како гледате на општата безбедност на граѓаните?
Демир Капија е мало место во кое сите се познаваме и во голема мера меѓусебно се почитуваме, а тоа е најважно. Досега сме немале поголеми проблеми и нарушена безбедност, па очекувам тоа да продолжи и во иднина.
Дали доброто планирање на просторот и мобилноста се клуч за забрзан развој, но и за поквалитетно живеење?
Од мој аспект, делумно е така, но не треба да биде така по секоја цена, има работи што не смееме да дозволиме да ни се случуваат, како, на пример уништување на природата и природните убавини, особено не кај нас, бидејќи ние сме општина што изобилува со природа, па затоа сметам дека ни е потребен развој во одредени области од општественото живеење, но како што реков, не по секоја цена.