Особено во зимските месеци македонските градови се меѓу најзагадените во светот. Во многу места имаме проблем со диви депонии, а граѓаните имаат сериозни забелешки за јавната чистота дури и во најурбаните места. Осудени ли сме сите ние да живееме во ѓубре и отровен воздух?
Не сме осудени сметам дека овој проблем се решава преку зголемување на ефективноста на јавните комунални претпријатија, користење на обновливи извори на енергија и зголемување на зелените површини.
Довербата на граѓаните во системот е на многу ниско ниво, а општата перцепција на јавноста е дека корупцијата цвета во нашата држава. Дали може да ја повратиме таа доверба? Дали подобрувањето на општинските услуги, зголемувањето на транспарентноста и отвореноста на општината кон граѓаните може да даде нова надеж?
Да, преку зголемување на општинските услуги и нивна достапност до граѓаните, поголема вклученост во креирање на локалните политики ќе придонесат кон враќање на довербата на граѓаните.
Иселувањето е еден од најголемите проблеми, а следствено и наталитетот е во драстично опаѓање. Имаме ли иднина без луѓе? Како да ги задржиме луѓето во своите места да продолжат да живеат со перспектива за себе и за своите деца?
Единствен начин за задржување на граѓаните, посебно на младите во државата е пред се департизација на сите институции, бидејќи партизацијата прави нефункционални институции а со тоа граѓаните не можат да си ги остварат основните права. Покрај тоа мораме да инвестираме во мерки со кои што ќе ги стимулираме младите да склучуваат бракови токму тука, да градат свои сопствени домови и да сакаат да работат во нашата држава.
Зошто граѓаните да гласаат за вас? Што е тоа по што сте различни од другите за да ви ја дадат токму вам довербата?
Мислам дека граѓаните треба да гласаат за нас, затоа што во изминатиот период од 4 години покажавме како навистина се гради и сака една општина, како се прави целосна департизација на институциите во општината и како граѓанинот беше фокус во сите наши политики. Разликата помеѓу нас и другите е тоа што ние денес зборуваме со дела позади нас и повторно со реални проекти и реална програма излегуваме пред нашите граѓани.
