Особено во зимските месеци македонските градови се меѓу најзагадените во светот. Во многу места имаме проблем со диви депонии, а граѓаните имаат сериозни забелешки за јавната чистота дури и во најурбаните места. Осудени ли сме сите ние да живееме во ѓубре и отровен воздух?
Проблемите со загадувањето и дивите депонии се резултат на лошо управување и неодговорност. Потребни се конкретни мерки: редовно чистење и мониторинг за следење на таквите несакани состојби, систем за селекција на отпад и рециклирање, едукација на граѓаните и строга контрола на загадувачите. Само со заедно можеме да обезбедиме чист и здрав живот за сите.
Довербата на граѓаните во системот е на многу ниско ниво, а општата перцепција на јавноста е дека корупцијата цвета во нашата држава. Дали може да ја повратиме таа доверба? Дали подобрувањето на општинските услуги, зголемувањето на транспарентноста и отвореноста на општината кон граѓаните може да даде нова надеж?
Враќањето на довербата во системот е вистински предизвик, но не е невозможно. Подобрувањето на општинските услуги, зголемувањето на транспарентноста и отвореноста кон граѓаните се клучни чекори кон тоа. Со искрен и правичен пристап, борба против корупцијата и редовна комуникација со граѓаните, можеме да изградиме силна доверба во нашата општина.
Иселувањето е еден од најголемите проблеми, а следствено и наталитетот е во драстично опаѓање. Имаме ли иднина без луѓе? Како да ги задржиме луѓето во своите места да продолжат да живеат со перспектива за себе и за своите деца?
Иселувањето и намалениот наталитет се сериозни предизвици за иднината на општината. Без луѓе, нема развој и перспектива. За да ги задржиме луѓето, мораме да создадеме правичен систем, услови за работа, квалитетно образование и здравство, поддршка за младите да останат и да се развиваат тука и јасна перспектива за иднината во Вевчани.
Зошто граѓаните да гласаат за вас? Што е тоа по што сте различни од другите за да ви ја дадат токму вам довербата?
Затоа што доаѓам со нова енергија и вистинска желба за промени. Не сум дел од сегашниот систем што ги занемарува потребите на граѓаните. Јас слушам, работам чесно, одговорно и транспарентно и ќе се борам за подобар живот во Вевчани за сите, со реални решенија и искрена посветеност кон секој еден.